Преданија за Крали Марко во Македонија

Преданијата за Крали Марко[1] во Македонија имаат извонредно големо значење за културата на Република Македонија. Со оглед на тоа дека Кралот Марко[2] бил историска личност за која се знае годината на раѓање, смрта и владеење во Македонија, може да се претпостави и староста на преданијата, кои потекнуваат некаде од крајот на XIV и почетокот на XV век.

Најголема концентрација на усно раскажани преданија за Кралот Марко има во Прилеп и неговата околина, со оглед на тоа дека историски гледано тука било и неговата престолнина. Од тука потекнуваат преданијата за Маркови кули, Маркова нога, но и преданијата поврзани со Зачнување на Марко од змев, Задојувањето на Марко од Самовила, Коњот и сабјата на Марко Крале и др. Но факт е дека огромен е бројот на преданијата и легендите што се мошне чести безмалку на целата денешна територија на Македонија. Сепак, што се однесува до нивното потекло можат да се забележат преданија со местен карактер во Охридско-струшкиот Регион, Струмичкиот, Кичевскиот и Кумановскиот Регион особено такви што објаснуваат одреден местен топоним.

На пример, во струмичко постојат топоними поврзани за Кралот Марко околу кои се раскажуваат преданија на пример: Марков Рид (Самуилово), Марков Ров (Стиник), Маркова Лака (Старо Коњарево), Маркова Матица (Муртино) Маркова Река (Раборци) Маркова Чешма (Нивичино) Марков Врв (Куклиш) и др.

Во Кичевско има топоним Марков Камен (Малковец) месност Маркулија (Србица)

Маркова Стапалка (Кнежино и Осој), Маркои Копита (Раштани) Маркова нива (Ижиште)

Безмалку нема поширока географска област или регион во Македонија каде нема некој топомним поврзан со името на Крали Марко и предание поврзано со таквиот топоним. Токму од тие причини преданијата за Кралот Марко се сметаат дека се најавтентични месни преданија во македонскиот фолклор.

Опис на преданијата за Крали Марко

уреди

Преданијата за Крали Марко се базирани врз два вида на информации:

1.Писмени (историски)

2. Усни (фолклорни)

                1. Според историските податоци Крали Марко бил историска личност,роден некаде околу 1334/1335 година како син на кралот Волкашин по потекло од српската династија Мрњавчевиќ и кралицата Елена. Тој имал и тројца браќа Андријаш, Иваниш и Димитриј, и две сестри Оливера и Милица. Се претпоставува дека Кралот Марко станал крал на Македонија после Маричката битка во 1371 година кога во битката против Османската империја загинува неговиот татко и кога тој е крунисан за “млад крал“ (според записот на призренската црква од 1371 година), во услови кога  царот Урош од Немањичката династија и деспотот Јован Углеша брат на Волкашин од веќе споменатата Мрњачевичка династија, немале машки наследник. Волкашин и Марко биле кралеви на Mакедонија со престолнина во Прилеп некаде во втората половина на 14 век: Волкашин ( 1365-1371) а Марко ( 1371-1395). Со прецизност се знае дека Кралот Марко починал на 17 мај 1395 во биката кај Ровине каде што се борел на страната на турскиот султан Бајазит I, а против влашкиот војвода Јован Мирчеа. Се смета според некој податоци дека неговото тело е закопано во Марковиот Манастир близу Скопје.

Тешко е да се претпостават мотивите и причините поради кои Кралот Марко толку многу ја инспирирал македонската усна поетска и наративна традиција, но причините секако треба да се бараат во некои од неговите дела, кои исто така своја основа наоѓаат во детали од неговата животна историја. Некои од причините можеби лежат токму во неговото спротивставување не само кон српските властодржци (Немањичката династија) туку и во определeн период и кон осмалиското царство иако е познато дека тој станал турски вазал веднаш по Маричката битка и учествувал на страната на османлиите во битките против другите народи на Балканот. Сепак има и податоци  ( опсадите на Битола и Прилеп 1385) кои зборуваат во прилог на една независност и автономија на Македонија  од Осмалиите но и од Србите што се огледа во разликите помеѓу Српската Пеќска патријаршија (што го подржуваше кнезот Лазар) и Охридската архиепископија ( што стоеше зад Кралот Марко и неговата држава).

Можно е во тој период македонскиот народ кој живеел во неговотo кралство да се чувствувал заштитено и сигурно, од опасностите кои доаѓале и од север и од исток.

Од друга страна народната фолклорна традиција своја инспирација особено во песните и преданијата наоѓала не само во битките кои Марко ги водел подеднакво и со непријателите од исток ( Церна арапина или Муса кесеџија) туку и во неговата лична биографија. Имено Кралот Марко бил женет за Елена, ќерката на Радослав Хлапен, со која се разделил уште пред Маричката битка. Подоцна се преженил за Теодора, што му ја зел на Гргур Бранковиќ која подоцна ја дал на дедо му Радослав и себеси си ја вратил повторно својата првовенчана жена Елена. Но набргу потоа Елена се премажила за албанскиот благородник Јован Спат.

Покрај вака навидум комплицираниот брак од кој не се знае дали имал пород и наследник, како основа за преданијата послужиле  и судбините на неговите браќа и неговата мајка, за која во историографијата исто така има контрадикторни податоци.

Сиве овие историски податоци даваат добра основа за ширење на еден одреден историски но и фолкористички мит за непобедливоста во битките на јунакот Кралот Марко.

               2. Усните преданија за Кралот Марко исто така можат не само да придонесат кон расветлување на некои историски моменти од неговиот живот туку и да ја отсликаат митската имагинација која македонскиот народ ја создавал поврзано со неговиот лик.

Во македонската фолклористика има направено одредена класификација на преданијата за Кралот Марко и  таа класификација направена е од др Кирил Пенушлиски кои ги класифицирал преданијата  за Кралот Марко од македонските народни умотворби собрани од  македонскиот собирач на народни умотворби Марко Цепенков. Според класификацијата преданијата за Кралот Марко се делат на:

  • Биографски (преданија кои се однесуваат на живото на Кралот Марко)
  • Локални (преданија кои се однесуваат на одредени локалитети поврзани со неговото име).

Додека биографските преданија за Кралот Марко поседуваат интернационални мотиви како што се чудесното раѓање, добивањето и губењето на силата, оружјтето и коњот, локалните преданија имаат национални белези и нив навистина можеме да ги сметаме за типично македонски преданија.

Систематизација на месните преданија за Крали Марко

уреди

Месните преданија можат да се систематизираат во две подгрупи:

  • Месни појави во природата, и
  • Човечки градби

Најкарактеристични месни градби поврзани со појави во природата се таканаречените топоономастичните преданија во кои спаѓаат

  •   Камења и карпи поврзани со одреден локалитет

                  - Трите камења од Марко Кралета ( Цепенков кн.7. стр.594)

                  - Марков камен во село Љуботен   (Цепенков кн.7, стр, 593)

                  - Крале Маркови камења ( Цепенков, кн, 7, стр. 591)

                  - Град Кичаа и Китино Кале ( Цепенков кн, 7, стр. 605)

                   - Станков камен ( Цепенков кн. 7, стр 595)

  • Преданија за расечени камења

                - Село Никодим (Прекуричко) ( Цепенков кн. 7, стр, 613)

- Марковото кале на Исарот во Штип ( Цепенков, кн,7, стр. 608)

  • Преданија за траги од раце и нозе на камења и карпи

                - Предание за Прилеп, Варош и околината и за бегањето на

               - Марка кралета од Варош (Цепенков кн. 7. стр. 600)

               - Дупен камен ( Цепенков кн. 7, стр. 592)

               - Предание за Охридското и Пелистерското Езеро и

               - Марковата    стерна (Цепенков кн.7. 597)

                               

  Преданија за градби поврзани со името на Кралот Марко (градови, цркви, манастири и кули)

  • Цркви

      - Црквата Св. Спас и Марко Крале во Софија (Цепенков кн.7.  стр. 596)

  • Кули

      - Маркови Кули и Кукул ( Цепенков кн.7 стр. 607)

Според вака класифицираните преданија за Кралот марко македонската фолклористика ги групира и сите други варијанти и подваријатни на оваа тема. Околу шеесетина преданија што се типични преданија за Кралот Марко и од кој заедно со веќе споменатите од Марко Цепенков, настанале големиот број на варијанти што ги среќаваме денес низ цела Македонија.

Марко Крале и самовилското млеко [3](АИФ, мл.811,76)

Детето Крали Марко (АИФ, мл.863, 79)

Марко Крале станал јунак (АИФ, мл.1998, 111, 112, 198)

За Марко Крале смрт немало (АИФ, мл. 991, 209)

Сестрите на марко Крале (АИФ, мл.1204, 208)

Модриште, Кичево и Девич (АИФ, мл.940, 101)

Марко Кралевиќе и орачот (АИФ, мл.1204,40)

Арапскиот цар го поканил марко Кралевиќи (АИФ, мл.1805,43)

Марко Крале во затвор (АИФ, мл.1498, 126,177)

Крали Марко и Филип Маџарина (АИФ, мл.1813,64)

Крали Марко и Цар Мурат (АИФ, мл.2092,, 106,189)

Крале Марко и Веле проматарче (АИФ, мл.820,99)

Крале Марко и турчиња налбатчиња (АИФ, мл.1502,140, 141 и мл. 1552, 98,121,191,192)

Градот и портата (АИФ, мл.2072,21)

Долна порта (АИФ, мл.1752, 89)

Калето на Марко Крале (АИФ, мл.1678, 60)

Крали Марко и тапаните на ветар (АИФ, мл.1972,49)

Маркови Кули во Штип (АИФ, мл.1923,33)

Марко гради кула а сестра му мост (АИФ, мл.1755,70)

Марко Крале го гради исарот во Штип (АИФ,2054, 16, 77)

Марко Крале и оружјето(АИФ, мл.1678, 61)

Жив е Марко Крале (АИФ, мл.1969, 190, мл. 2092, 131, 134, 149, 153, 158, 159, 161, 187, 203)

Маркова Црква (АИФ, мл.851)

Марков Мост (АИФ, мл.1787)              

За Краљевиќ Марка (АИФ. мл. 504)

За Црна Арапина (АИФ. мл. 497)

Марко Краљевиќ (АИФ. мл. 700)

Арапот и Крали Марко (АИФ. мл. 704)

Приказна за Кралот Марко (АИФ. мл. 704)

Приказна за Марко Крале (АИФ. мл. 849)

Како настанал Краљевиќ Марко (АИФ. мл. 743)

Крали Марко добива име мл. (АИФ. мл. 3516/1)

Крали Марко , силен (АИФ. мл. 3516/151)

За Кали Марко (АИФ. мл. 3516/236)

Кралевич Марко (АИФ. мл. 3516/2/088)

За Марко (АИФ. мл. 3516/2/120)

Марко и Муса кесеџија (АИФ. мл. 3514/1480)

За Марко и суџенице (АИФ. мл. 3514/2/073)

За Марко (АИФ. мл. 3514/2/213)

Марков прстен (АИФ. мл. 3513/1/023)

За Крали Марко (АИФ. мл. 3513/027)

За Крањевиќ Марко и силата (АИФ. мл. 3512/1/197)

За Марко и Муса кесеџија (АИФ. мл. 3512/1/287)

Женидбата на Крали Марко (АИФ. мл. 3512/2/ 256)

За Крали Марко (АИФ. мл. 3518/1/013)

Крали Марко и самовиле (АИФ. мл. 3518/2/081)

За Краљевиќ Марко (АИФ. мл. 3520/1/223)

Краљевиќ Марко укида свадбарина (АИФ. мл. 3520/1/229)

Краљевиќ марко кани владику (АИФ. мл. 3520/1/259)

Марко и самовилите (АИФ. мл. 3520/1/426)

Крали Марко (АИФ. мл. 3520/1/520)

Крали марко (АИФ. мл. 3520/1/600)

Марко и самовилите (АИФ. мл. 3520/2/072)

Марко и Муса кесеџија (АИФ. мл. 3520/2/379)

Краљевиќ марко и самовиле (АИФ. мл. 3519/1/091)

Клисурата на Крали Марко (АИФ. мл. 3519/1/573)

Крали Марко и Црна Арапина (АИФ. мл. 3519/2/096)

Усни преданија за Кралот Марко

уреди

Усните преданија за Кралот Марко можат не само да придонесат кон расветлување на некои историски моменти од неговиот живот туку и да ја отсликаат митската вообразба што македонскиот народ ја создавал поврзано со неговиот лик.

Во македонската фолклористика има направено одредена класификација на преданијата за Кралот Марко и таа класификација направена е од д-р Кирил Пенушлиски, кои ги групирал преданијата за Кралот Марко од македонските народни умотворби собрани од македонскиот собирач на народни умотворби Марко Цепенков. Според распределбата, преданијата за Кралот Марко се делат на:

  1. Животописни (преданија што се однесуваат на животот на Кралот Марко)
  2. Месни (преданија што се однесуваат на одредени локалитети поврзани со неговото име).

Додека животописните преданија за Кралот Марко поседуваат меѓународни мотиви како што се чудесното раѓање, добивањето и губењето на силата, оружјето и коњот, месните преданија имаат национални белези и нив навистина можеме да ги сметаме за типично македонски преданија.

Месните преданија можат да се систематизираат во две подгрупи:

      2.1. Месни појави во природата, и

      2.2. Човечки градби

Најкарактеристични месни градби поврзани со појави во природата се таканаречените топоономастички преданија.

Додека описот на дејствата и натприродните особини на Крале Марко (огромна натчовечка сила, волшебните дејства, чудесното раѓање и др) можат да се сметат како одлики од меѓународен карактер и нив можеме да ги најдеме и во рамките на приказните за него кај другите балкански народи, наративните елементи во кои се зборува за поврзаноста на Кралот Марко со одредени месна топографија и топонимија, се смета за изворна и од национален карактер. И токму  овој местен карактер на преданијата за Кралот Марко придонесуваат кон заокружување на една одредена првоначална мисла или филозофија на македонскиот народ што се разликува од балканските соседи.

Во продолжение ќе наведеме неколку поважни одлики на преданијата поврзани со името на Кралот Марко:

      1. Преданија за населени места:

Во македонската фолклористика постои единствено предание според кое името на една историска личност послужило за именување на некој град односно за именување на населено место. Тоа е градот Кичево, кое името го добило според преданието забележано од Марко Цепенков според ќерката на Волкашин односно сестра на Кралот Марко – Кита. (Цепенков стр. 605) Исто така, градот Прилеп името според предание запишано до Цепенков го добило името како место прилепено до калето на Кралот Марко. (Цепенков стр. 600)  

      2. Преданија за тврдини калиња и кули:

Во преданието за Маркови кули[4] (Цепенков стр. 607), Марко го собрал целото население од Прилепско за да ги градат кулите. При тоа тој не ги поштедил ни мајките со мали доенчиња. Марко ставил една баба да ги надгледува доенчињата додека нивните мајки работат, а бабата не можејќи да гледа како се мачи цел народ се проколнала себеси и заедно со децата се скаменила. Во преданието за напуштањето на калето во Прилеп (Цепенков стр. 600), Марко ставил два тапана спроти ветерот и тој бил во нив а турците цело време мислеле дека Марко уште е таму, па тој избегал претходно потковувајќи го коњот наопаку за да ги натера Турците да го барат во погрешна насока.

Постојат и други топоними што се поврзани и со членови на неговото семејство како што се Китино Кале или Цветино Кале.

  1. Преданија за цркви и манастири:

Во селото Црквино постои месност што се вика „Маркова Црква“. Црквата за која тука станува збор ја подигнал Кралот Марко пред доаѓањето на Турците во Македонија а за време на богумилското движење црквата била едно од нивните центри. Турците сакајќи да го задушат православието ја урнале црквата. Еден турчин земал една греда од урнатата црква и се скаменил. (АИФ мл. 851)

     4. Преданија за мостови:

Преданието за Марковиот мост, вели дека Марко Крале воодушевен од глетката, им предложил на своите луѓе да изградат мост преку реката Вардар. Кога еден војник го прашал зошто токму ова место го избрал за да изгради мост, тој рекол дека мостот ќе има подобра врска со бреговите на Вардар, со житородните полиња и со многубројните лозја источно и западно од реката (АИФ мл. 1787)

  1. Преданија за водни површини:

На пример, познато е преданието за Марко Крале и стерната, кога тој неа ја затнал и на тој начин го спасил прилепското поле од поплава.

  1. Преданија за камења и карпи:

Иако поголемиот број на преданија поврзани со фрлањето на карпите, нивно пресекување или пак вдлабнување на траги од телото (раце или нозе – дланки стапала) во камењата познати се како мотиви и во другите делови на светот и на Балканскиот Полуостров, сепак постојат и интересни месни мотиви околу кои има огромен бој на преданија на пример во приказната за Марков камен во с. Љуботен. Се зборува за собирот на кралевите и бановите во село Љуботен за да размислат за начинот како да ги спречат Турците на Косово, за да не им дозволат да завладеат со земјата. На овој собир присуствувал и Марко Крале и тие почнале да се натпреваруваат во фрлање камења. Марко го фрлил каменот најдалеку.

Нематеријално културно наследство

уреди

Со одлука на Владата на Македонија, преданијата за Кралот Марко како нематеријално (духовно) е значајно културно наследство и е прогласено за културно наследство како добро со особено значење: поткатегорија —  исклучително! 

Литература 

уреди
  • Марко Цепенков; Преданија,  Македонски народни умотворби во 10 тома, кн.7, Скопје 1972        
  • Блаже Ристовски: Кон проучувањето на Кралот Марко во историјата и традицијата, во Кралот Марко во Историјата и тадицијата, Прилеп 1997, стр 7-21
  • Блаже ристовски: марко крале во македонската обредна песна, Македонски фолклор и националната свест 1, Скопје 1987
  • Танас Вражиновски:Човечкиот лик на Марко Крале во Кралот Марко во Историјата и тадицијата, Прилеп 1997, стр 193-195
  • Танас Вражиновски: Македонските преданија за места, во Библиотека на списанието “Македонски фолклор“, Скопје 1979
  • Танас Вражиновски: македонски народни преданија, Институт зза фолклор, скопје 1986
  • Валентина Миронска Христова:  Македонкси преданија за места,  Институт за македонска литература, Скопје 2000
  • Кирил Пенушлиски:македонските локални преданија за Марко Крале, во Одбрани фолклористички трудови, кн.4, стр. 79-87
  • Кирил Пенушлиски:  Неопознато предание за Марко Краљевиќ и СЕкула Детенце,  во Одбрани фолклористички трудови, кн.4, стр.87-97
  • Кирил Пенушлиски:  Крале марко – легенда или стварност,  во Одбрани фолклориситчки трудови  кн.3, стр.59-166
  • Кирил Пенушлиски:  Хипотезата на Мисирков за популарноста на крале марко во народната поезија,  во Одбрани фолклористички трудови кн.3, стр. 166-178
  • Иван Котев: Обележја на фолклорни материјали за Марко Крале во Струмичко, Кралот Марко во Историјата и тадицијата, Прилеп 1997, стр251-259
  • Мито Спасовски:  Одразот на Калот Марко во народното творештво од Кичевско,  Кралот Марко во Историјата и тадицијата, Прилеп 1997, стр. 261-267
  • Љупчо С. Ристевски: Митсктие претстави за Крали Марко во Прилеп и Прилепско, Кралот Марко во Историјата и тадицијата, Прилеп 1997, стр 277
  • К. Симитчиев, Марко Крале во народната епика ( во споредба со српски и бугарски мотиви), скопје, 1981
  • Харалмапие Поленаковиќ:  Марко Крале – змејски син,  Студии од македоснкиот фолклор, Избрани дела 2, Скопје 1988

Наводи

уреди
  1. „Крал Марко“. Википедија. 2023-10-07.
  2. Крале Марко, кратко биографско видео, Посетено на 2023-11-17
  3. „Марко Крале и самовилското млеко - Народни приказни - Ringeraja.mk“. www.ringeraja.mk. Посетено на 2023-11-17.
  4. „Маркови Кули (Прилеп)“. Википедија. 2021-10-03.

Надворешни врски

уреди

https://www.youtube.com/watch?v=u1uyC0f5-po

https://www.itarpejo.org/tag/pesni-za-marko-krale/ Архивирано на 17 ноември 2023 г.

https://m.makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=197177