Говор на Турците од Охрид

Говорот на Турците во Охридско е дијалект на турскиот јазик кој се зборува во Охрид и неговата околина. Дијалектот спаѓа во групата на југозападни турски говори во Македонија. Дијалектот е признат како културно нематеријално наследство на Република Македонија од категоријата на „особено значење“ и поткатегоријата „исклучително значење“. Според податокот на УЗКН, доброто е заведено под број 3.2.4.3.1.11. во националната класификација на културното наследство.[1]

Потекло уреди

Охридскиот турски говор, впрочем како и сите други турски говори во Р Македонија потекнуваат од јазикот на турското население кое заедно со проширувањето на Османската Империја се населува на овие краишта. Според историските податоци турското население на овие краишта се населува во втората половина на XIV век (околу 1385 год.).

Опис на доброто уреди

Во формирањето на западните, па може да се каже и на југозападните говори големо значење има местото и положбата на овој регион. Бидејќи Охрид за време на Османската империја беше прогласен за санџак (административна единица на битолскиот вилает). Овие фактори придонесоа за развојот на турскиот говор не само во Охрид, туку и пошироко, кои со своите јазични карактеристики имаат доста заеднички особености со западнорумелиските турски говори.

Охридски говор уреди

Охридскиот говор, се наоѓа на пограничјето со ресенскиот и струшкиот говор. Голем дел од јазичните особености на овој говор се карактеристични за југозападните турски говори (А, Аго, Турските говори во Македонија-Југозападна, Скопје, 1998). Овој турски говор во себе содржи повеќе фонетски и граматичко-структурни црти. Ќе наброиме неколку поединечни црти од различни јазични нивоа.

  • Од областа на вокализмот треба да се нагласи дека турскиот јазик е богат со вокали и тоа од 8 (a, e, ı, i, o, ö, u, ü) во охридскиот турски говор во одредени примери се забележува на неприсуството на некои вокали, односно своите места ги остстапуваат на слични вокали како што се ı>i, и ö>o, а поретко е случајот u>i и др.
  • Кај вокалите а и е во одредени случаи се среќава со редуција и нив ги сметаме како гласови (алафони) на истите вокали. Истите вокали најчесто се среќаваат во неакцентирани слогови: yókári yokāriya.
  • Алафонот ā како редуциран вокал може да доаѓа на иницијалниот слог āciba<acaba во медијалната позиција karānca<karınca додека во финалната позиција овој глас не се среќава.

Алафонот ē исто така се јавува како редуциран вокал. Во нашиот крај се среќава на помал број примери со овој редуциран вокал: ēlek, içēri, edēr.

Во охридскиот турски говор се среќаваат примери кои се изговараат со долги вокали како што се: -â: dâ<dağ, bâ<bağ, kâve<kahve, burâ<buraya, orâ<oraya.

-ẽ: yẽyım<yeyim, dẽcek<diyecek, parçẽ<parça;

-î: îrak<ırak, tabî<tabiî;

-õ: dõri<doğru, yõli<yolu;

-û: ûfak<ufak,

-ǖ: dǖme<düğme, ǖli<ölü;


  • Дифтонзи на: ai, aa, ua, uu, ii, ei: aile<ayle, saat, boile<boyle, dua<dova, şuur, daul<davul, souk<soğuk, geik<geyik.
  • Хијатус: bioloji<biyoloji, neyse<neise, oyle<ö+yle, bole<bu+ile, faide<fayda.

Во охридскиот турски говор само една графема има на следните консонанти кои доаѓаат и пред меките (се изговара меко) и пред тврдите а се изговараат тврдо (k, g, l): kanun, keman, gelin, gaga, leylek, dolap и др. Истата графема се јавува во зборовите која не се изговара. Меѓутоа оваа грофема во зборовите на охридскиот турски говор се изговара: çocuga<çocuğa, agaç<ağaç.

  • Удвоени консонанти: b<bb: muabet<muhabbet; d<dd: dikat<dikkat; l<ll: alah<allah; n<nn: cenet<cennet; r<rr: zer<zerre; v<vv: kuvet<kuvvet.
  • Фонетски промени на консонантите:

-k<h: kristiyan<hristiyan;

-d<t: danışırım<tanışırım;

-s<z: sanetmek<zannetmek;

-k>Ø: içmeyçin<içmek için;

-r>Ø: afedesın<afedersin;

-t>Ø: izmekâr<hizmetkâr;

-z>Ø: gelmesen<gelmezsen;

-k>g: bragarız<bırakarız;

-ş>j: bejdane<beştane;

-y>o: bole<böyle;

-k>g: kazıg<kazık;

-z>s: kıs<kız.

  • Од боласта на консонантизмот забележително е дека под влијание на македонскиот јазик во турските говори и во нашиот регион на турскиот говор се јавува африкатот ts (ц) кој не постои во турскиот јазик, а се наоѓа во заемките од македонскиот јазик, поретко и во локализмите: kotsak<örgü, katsa<fıçı, tsigara<sigara, stanitsa<durak, tsarina<gümrük и др.
  • Честа е појавата на слабеењето и артикулацијата на ларингален консонант h пред се`, во иницијалните позиции додека во медијалните и финалните позиции потполно исчезнуваат: ayat<hayat, alva<helva, ayvan<hayvan, kabaat<kabahat, male<mahalle, kave<kahve, saba<sabah, nikâ<nikah, güna<günah и др.
  • Со испаѓање на консонантот во медијалната позиција се јавува дифтонг кој не е карактеристичен на зборовите од турско потекло: souk<soğuk, geik<geyik, daul<davul, tauk<tavuk, sona<sonra и др.
  • Десоноризацојата и соноризацијата на консонантите во иницијалните, медијалните и финалните позиции: penbe<pembe, bunar<pınar, pilav<pilâv, dolab<dolap, sokag<sokak, inad<inat и др.


Посебни карактеристики уреди

Охридскиот турски говор се разликува од останатите турски говори, како и оние карактеристики што меѓусебно ги диференцираат:

Посебни карактеристики на вокалите уреди

  • Има доволен број јазични особености со кои охридскиот турски говор се диференцира од другите јазични говори како во Р Македонија така и во Румелискиот дел каде што живее турската етничка заедница. Ќе ги забележиме најкарактеристичните јазични особености кои овој регион го чини како посебен крај во кој се присутни посебни особености на вокалниот систем на охридскиот турски говор, и тоа вокали кои го отстапуваат своето место на сличните вокали:

-Вокалот ö: Овој вокал е присутен само кај едносложните зборови: dört, göl, köy, yön и др.

-Кај двосложните зборови вокалот ö своето место често пати го отстапува на ü и на o: *üküs<öküz, ülçi<ölçü, üli<ölü, oyle<öyle, boyle<böyle...

  • i<ı: irak<ırak, isırmak<ısırmak, yukari<yukarı...

-Отсуство на протетичните и епатичните вокали: Stanbol<İstambul, traş<tıraş, brak<bırak, tren<tiren и др.

-Палатализација и веларизација на вокалите: kari<karı, kapi<kapı, biçım<biçim и др.

-Лабијализација и делабијализација на вокалите: alma<elma, kardaş<kardeş, büber<biber, korki<korku, çöyçe<çocukcağız.

-Контракција на вокалите: sat<saat, maş<maaş, zanat<zanaat, orda<orada, burda<burada и др.

-Асимилација и дисасимилација на вокалите: duşman<düşman, vucut<vücut, vakıt<vakit, pare<para, portokal<portakal, candırma<candarma и др.

-Скоро во сите зборови е присутен Османско-турскиот велар (g): dogri<doğru, igne<iğne, beg<bey, yagli<yağlı и др.

  • Не се запазува законот на палатална и лабијална хармонија на зборовите од турско потекло: şaşırmiş<şaşırmış, açarmiş<açarmış, kapi<kapı, güldi<güldü, parmakle<parmakla, salıkle<sağlıkla, eyi<iyi, sabayle<sabahleyin, bitırsınlar<bitirsinler, evliyım<evliyim, sevişelım<sevişelim и др.

Акцент уреди

  • И во Охридскиот турски говор зборовите имаат мек акцент. Ако зборот завршува на вокал (отворен слог), акцентот по правило се распоредува во зависност од бројот на слоговите на зборот:

-Кај двосложните зборови акцентот обично паѓа врз првиот слог: óda, sónra, áda, búrda<burada и др.

-Кај тросложните зборови од турско потекло и странско потекло акцентот паѓа обично на вториот слог: lokánta, dövèrim, gidèrim, delínaklı и др.

-Кај тросложните и четворосложните географски називи акцентот паѓа врз претпоследниот слог: Türkíye, Románya, Slovènya, Makedónya и др.

  • Во турските зборови не постои граматички род. Машкиот и женскиот род обично се изразува со природен род. Така и во охридскиот турски говор се изразува обично за мажи erkek: erkek çocuk, erkek arslan; а за женски род со зборот dişi: dişi maçka, dişi arslan, kız çocuk и др.

Морфолошки особености уреди

Важните морфолошки особености на охридскиот турски говор воглавно се состојат од следново:

  • Зборови кои завршуваат на вокал во финалната позиција падежниот суфикс за акузатиф i не се изговара, а спорниот консонант y се задржува во финалниот дел на зборот: oday<odayı, babay<babayı, anney (anay)<anneyi (anayı) и др.
  • Позајмениот суфикс ka која се додава на турските зборови во функција за означување на женскиот род, кој како граматички род не постои: piska, budalaçka, kalmişka; наставката за деминутив на турските зборови од овој крај се гради со –че, -ча: anaçe, kuşçe, kuziçe, çöyçe, kızçe, evlatçe и др.
  • Сврзникот da не се потчинува на законот за вокална хармонија: ben da<ben de, sen da<sen de, gelin da<gelin de и др.
  • Се забележува неодреденоста во поглед на употребата на минато определено свршено време и минато неопределено свршено време. Честа појава е употребата на минато неопределено време наместо минато определено свршено време што се разликува по својата функција и значење: ben sigarayi brakmişım<ben sigarayı bıraktım и др.
  • Наместо презент, честа е употребата на формата аорист: gelırım<geliyorum, okur<okuyor, bakarsın<bakıyorsun и др.
  • Во поглед на употребата на личните наставки се применуваат големи отстапки на личните наставки за прво лице еднина на глаголската форма оптатив: görim<göreyim, yapim<yapayım, okuyim<okuyayım, alam<alayım, gidem<gideyim и др.
  • При употреба на личните наставки за прво и второ лице еднина и второ лице множина со наставката за идно време: alacim<alacağım, alacan<alacaksın, alacasınız<alacaksınız се испуштаат фонемите ğ и ks.
  • Локализам: Во охридскиот турски говор има бројни примери кои имаат локален карактер: abiçe<ağabey, ana<anne, susuri<manda, kardaş<kardeş, açan<ne zaman, sefte<ilk, alma<elma, cumaya<cuma, pote<bir yemek aracı, eski pzar<pazar, pazar<Pazartesi, antika<iyi, maçka<kedi, isla<iyi, payik<temiz, pusto<viran, tinkalama<çok konuşma, şurdo<duymayan, lafetmek<konuşmak, tokmak<abdal, taze<genç, süfür<sahur и др.
  • Архаизми: kavi<kuvvetli, plaçka<eşya, sepiştirmek<yerleştirmek, aba<abla, ukubet<çok çirkin, sabi<küçük çocuk, saybım<kocam и др.

Вредност и значење на доброто уреди

Охридскиот турски говор претставува составен и значаен дел од македонското културно наследство, односно од дијалектната база на турскиот јазик кој се говори надвор од границите на Република Турција. Вредноста на овој говор ја оценуваме пред се` од лингвистичка, и поконкретно од дијалектолошка, (на фонетско-фонолошко ниво, морфолошко, лексичко-семантичко и етимолошко ниво); притоа не ги занемаруваме ниту значењата од етнолошка, филолошка и другите културни вредности вткаени во народниот јазик.

Критериуми за валоризација на доброто уреди

Критериуми кои се однесуваат на својствата на доброто уреди

  • Автентичност – Во рамките на јазикот секој одделен дијалект претставува негов автентичен дел; токму врз ова својство се должи значењето на турските говори кои се употребуваат во РМ.
  • Реткост – Во својот примарен и оригинален облик, охридскиот турски говор е карактеристичен за точно определена територија, односно за луѓето што потекнуваат од точно определена територија врз основа на што се цени нивната реткост и единственост.
  • Разновидност – Општо речено, разновидноста на секој турски говор во, па и надвор од границите на Република Турција, како и охридскиот говор претставува природен извор на јазичен материјал на турскиот јазик, па во оваа смисла чувањето и проучувањето на дијалектната база овозможува чување, збогатување и насочување на турските говори во РМ.
  • Интегралност – Овој говор, како и другите турски говори во РМ е интегрален дел од севкупните турски говори. Со други зборови, со своите основни фонетско-фонолошки, морфолошки, морфосинтаксички и лексички особености, охридскиот турски говор е составен и интегрален дел на турските румелиски говори.
  • Старост – Турските говори во РМ, вклучително и говорот на турците од охридско, се основен белег на турската етничка заедница која живее во РМ. Турските говори што се употребуваат во РМ ги содржи елементите на османскиот турски јазик кој се употребувал за време на Османската Империја. Тие во себе чуваат многу архаични форми на јазикот одошто што можат да се забележат во стандартниот турски јазик.

Критериуми кои се однесуваат на функцијата на доброто уреди

Основна функција на секој говор е комуникациската. Комуникацијата меѓу населението и пренесувањето на информации се најважните функции на јазикот, па и на охридскиот турски говор како специфично и идентификациско обележје на тамошното население. Разбирањето меѓу луѓето придонесува определено население меѓу себе да стапува во различни видови односи, па и во врски од различни области од стопанството. Охридскиот турски говор е предмет на истражување во научната област лингвистика. Непосредно со научната функција е врзана и воспитно-образовната функција што ја има проучувањето на турските говори (дијалекти) и запознавањето на учениците и студентите со одделните карактеристики на говорите на турското население во РМ.

Критериуми кои се однесуваат на значењето на доброто уреди

  • Културно – Охридскиот турски говор е дел од културното наследство на турското население што живее на определена територија; односно во говорот е вграден речиси секој елемент од културната традиција на турското население, започнувајќи од изгледот (на пр. Народните носии и називите на деловите на народните носии), работата (земјоделието и алатките за обработка на земјата, називи во врска со садовите и нивната употреба во домашните работи), народните песни испеани во тие краишта, во кои е вплетена историјата на населението низ вековите итн. Токму во овие рамки може да се зборува за културното значење како еден од најважните критериуми при валоризација на турскиот говор во Охрид.
  • Историско – Турските дијалекти-говори се примарен дел од културното и историското наследство и основен белег за постоење на турското население надвор од границите на својата матична земја. И само преку нивно поединечно и интегрално проучување можеме во вистинско светло да ја презентираме пред јавноста културната традиција и историја на турското население кое живее во РМ.
  • Уметничко – Од уметнички апект, значењето на охридкиот турски говор се согледува во народната уметност, народните песни и приказни испеани и раскажани на впечатлив народен говор. Овој тип на уметност и во најтешките периоди на турското население во нашата земја и со векови бил израз на турската литература.
  • Научно – Научното значење на овој говор го определуваме пред се` во рамките на лингвистиката и тоа како за турската наука за јазикот, така и на балканистиката и неговото влијание на другите нетурски говори кој што се говорат во овие краишта. Од аспект на туркологијата, охридскиот турски говор е интегрален дел од румелиската дијалектна територија и во тие рамки тој е непроценлив извор на информации за општата диференцијација на турските говори не само во нашата земја, туку и пошироко.
  • Општествено – Охридскиот турски говор, како и впрочем сите турски говори во РМ имаат пред се` општествено значење. Тие се основното бележје на турскиот народ кој живее во РМ и надвор од својата матична земја.

Критериуми за категоризација на доброто уреди

  • Исклучителноста на охридскиот турски говор, како впрочем и на другите турски говори во РМ, се состои во фактот што самиот по себе овој говор не само што е раритет по своите општи јазични црти, туку според некои јазични црти е и уникат т.е. не постои друга територија на која може да се сретне ваква јазична целина. Со други зборови се работи за исклучителна реткост која е неопходно, како таква, да се подложи на посебен тип на заштита.


  • Впечатливоста на охридскиот турски говор е во тесна врска со погоре наведената негова уникатност. Со други зборови, она што е ретко или уникатно, се разбира дека е впечатливо, а тоа е карактеристика и за охридскиот турски говор кој со своите уникатно искомбинирани јазични карактеристики претставува посебно впечатлив и интересен народен говор, кој има и свое влијание и јасно се разликува од другите турски говори во РМ.


  • Влијателноста на охридскиот турски говор можеме да ја дефинираме како начин на влијание што го има секој говор, па вклучително и охридскиот турски, врз населението што го зборува и на говорите на другите народи кои живеат во тој регион (македонскиот или албанскиот говор). Се работи за едниствен знак за идентификација на регионот на којшто еден човек припаѓа и којшто во себе опфаќа цел сплет на културни, традиционални, религиски и други обележја, а секако и на придобивки што произлегле од тој регион, а се од општо значење за цивилизациските достигнувања на еден народ.


  • Поврзаноста на турскиот охридски говор со другите турски говори во РМ, кои се дел од турската дијалектна територија, т.е. поврзаноста на синхрониски план, но исто така и поврзаноста на дијахрониски план (колку овие говори се рефлекс за развојот на турскиот јазик што се говори во РМ низ вековите и различните влијанија што делувале на овој простор во минатото но и денес) е секако неоспорна и несомнена. Всушност оваа поврзаност и ја прави дијалектологијата мошне значајна наука и единствена по обемноста на полето што го истражува, а во тие рамки вакво несомнено огромно значење имаат и сите активности и ангажмани кои се грижат за заштитата и зачувувањето на нашите дијалекти.

Библиографија уреди

  • Ахмед, О., Морфосинтаксата на охридско-преспанскиот регион, Докторска дисертација одбранета на Филолошкиот факултет, Скопје, 2004
  • Kowalski, T., Osmanich-turkich Volkslieder aus Mazedon Wzkm, 33, 1936/160-31, Poland ;
  • Kakut, S,. Le dialecte Turc, de Ohrid en Macedoinen AON, Tomus XXVI Budapest 1972 ;
  • Katona, L., Le dialecte Turc de la Macedonie de l`auest TDAY-Belleten, Ankara, 1969 ;

Наводи уреди

  1. Говорот на Турците од Скопско, Управа за заштита на културното наследство.