Летник кај Албанците

Летник (dita e verës) е пагански празник со неколку десетици обредни обичаи, но и песни со маѓиски карактеристики кои се практикуваат кај Албанците во Р Македонија за време на празникот Дита е вер’с.

Опис на обредите

уреди
    • За време на изведувањето на паганскиот празник Дита е вер’с' кај Албанците во Р. Македонија се изведуваат посебни обреди и обичаи пропратени со песни или со изговарање на маѓични формули со зборови.

Некои од нив се мошне архаични и специфични или типични само за одредени краишта населени со Албанци во Р Македонија а некои од нив се слични во однос на сите краишта каде што живеат во Македонија. Овие обичаи денес не се практикуваат или се практикуваат во редуцирана форма. Паганскиот празник Дита е вер’с' кај Албанците во Р Македонија е присутен речиси во сите краишта каде што живеат припадници на албанското население во Р Македонија. Сите обреди и обичаи поврзани со овој пагански празник според некои семантички оски како најосновни се следниве семантички јадра:

  • Обреди со вегетација

Во епицентарот на вниманието на обредите со вегетација еден ден пред самиот Дита е вер’с',речиси во сите региони каде живеат Албанците во Р Македонија вообичаено е китење на куќата со различни видови на гранки и растенија. Особено треба да се истакне китењето на прагот,вратите на куќите, шталите со гранчиња дрен, стар и нов даб и кукурек. Преку изведувањето на обредите се пренесува магичната моќ на дрвјата и кај членовите на семејството и стоката односно нивните живеалишта.

  • Обредите со оган

Во некои региони се изведуваат за време на Дита е вер’с'а во други региони за време на Ѓурѓовден. Обредите со оган се занимливи во Скопски Дервен,каде кон крајот на денот (квечерина)се палат големи огнови ,речиси во секоја куќа или маало. При овој повод над огнот се скока три пати, при што се изговара вербалната магиска формула како „Лошотиите ги оставив,добротиите ги земав“. Палењето на огнот според принципот на имитативната магија значи и „палење на лошите духови,но истовремено и давање на сила,односно енергија на Сонцето, со цел тоа да влијае врз земјоделские култури.

  • Обреди со јајца

Јајцето зазема важно место во рамките на празникот Дита е вер’с' кај албанците во Скопски Дервен но и во други краишта , со едно или повеќе јајца се снабдува секој член на семејството ,додека во ноќта на Дита е вер’с' се врши и нивно вапцање. Се верува дека јајцето од една страна е извор на постанокот, силата на животот,а од друга страна, особено вапцаното јајце се смета како заштитник од болести, нереќи , непогоди итн.

  • Обреди со камења

Овие обреди особено се занимливи во во Скопски Дервен и некои села на Тетовско. Една недела пред Дита е вер’с,сите деца од селата на овој крај, поделени според маали, излегуваат во нивните одредени места за одбележување на овој празник и ги собираат камењата со облик на јајце за да ги стават на гранките на дренот. Бројот на сонбрани камења треба да биде ист со бројот на членови на семејството. Еден ден пред Дита е вер’с се носат дома и таа ноќ секој член на семејството е должен да спие со еден камен ставен во близина на перницата. Каменот според народната традиција има моќ да ја врзе душата за себе, односно на посреден начин се пренесува душата на дрвото дрен кај човекот ,односно му внесува здрав дух

  • Обреди со вода

Во овој обред најмладите од семејството утрото на Дита е вер’с се будат рано и го собираат целото зеленило и ритуалните камења и ѓи фрлаат во некоја течна вода и потоа полнат чиста вода ,мешана со песок, со која ги попрскуваат куќата и стоката. Во овој случај водата се појавува со очистителна моќ и се претставува како елемент на обновување на животот. Симболиката на водата претставува смрт и повторно раѓање.

  • Обреди со конец и мартинка

Овој обред се изведува ноќта спроти празникот Дита е вер’с во Струшкиот регион, мајќите приготвуваат мартинки од црвен и бел конец. Во конците ставаат стари метални монети при плетењето. Оваа мартинка со монета ,децата ја ставаат околу вратот, додека другите членови на семјството ја ставаат околу раката. На децата им се кажува да ги извадат штом ќе здогледаат птица преселница и да ги стават на гранки од трендафил или на некое дрво.

Во Скопски Дервен и во некои села во Тетовско вечерта спроти Дита е вер’с,исто така продолжува изведувањето на обреди кои се поврзани со зашивање на скилимиреш-јазол кој се зашива со црвен конец во долниот дел од горната облека.Ова се изведува со изговарање на магиската формула: Ја зашивам устата на змијат а,смокот ја зашивам устата на волкот,ја зашивам устата на душманот. Ова магиско дејство се смета дека има моќ на заштита од дејствата на хтонските сили.

  • Други обреди

За Дита е вер’с се изведуваат и многу други обреди и магиски дејствија. Така во некои села во Тетовско е пожелно во секое семејство за прв пат да дојде наутро да им го честита празникот некое лице од машки пол. Ако семејството забележело дека тоа е женско лице вратата не му ја отворале.

Во некои планински села од Тетовско домаќинките носеле снег во нивната куќа. Од него се ставало во секој агол на собата и се изговарале следните маѓиски зборови: Бегајте вие црните,бидејќи доаѓаат белите,. Белата боја подразбира напредок, здравје, додека црната е симбол на смрттта, непосакубаното и сл. Во рамките на овој празник се изведуваат и многу други обичаи.

Нематеријално културно наследство

уреди

Владата на Република Македонија со одлука Бр. 45-4177/1 16 јули 2019 година го прогласува нематеријалното културно добро „Дита е вер’с кај Албанците во Република Северна Македонија“ за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење.

Наводи

уреди