Говорот на Турците од Кумановско
Говорот на Турците од Кумановско е дијалект на турскиот јазик кој се зборува во Куманово и неговата околина. Дијалектот спаѓа во групата на северните турски говори во Македонија. Дијалектот е признат како културно нематеријално наследство на Република Македонија од категоријата на „особено значење“ и поткатегоријата „исклучително значење“. Според податокот на УЗКН, доброто е заведено под број 3.2.4.3.1.2. во националната класификација на културното наследство.[1]
Потекло
уредиКумановскиот турски говор, впрочем како и сите други турски говори во Р Македонија потекнуваат од јазикот на турското население кое заедно со проширувањето на Османската Империја се населува на овие краишта.
Опис на доброто
уредиГоворот на турците од кумановскиот регион спаѓа во северните турски говори во Република Македонија. Во формирањето на северните, па може да се каже и на другите говори големо значење има местото и положбата на овој регион. Овие фактори придонесоа за развојот на турскиот говор не само во кумановскиот регион, туку и пошироко, кои со своите јазични карактеристики имаат доста заеднички особености со западнорумелиските турски говори.
Општината Куманово е доста широк регион каде живеат покрај македонскиот народ, голем број припадници на албаската етничка заедница, а во помал број припадници на турската етничка заедница кои се претежно во градот Куманово. Почнувајќи од 1953 година припадниците на турската националност кои беа во поголем број поради разни причини (политички, социјални, верси и др) започнаа да се селат како во матичната така и во некои европски земји. Но за жал оваа селидба се уште трае, така да и тој мал број говорители уште повеќе се намалува. Поради немање образование на мајчин јазик и воопшто никаква културна активност нивното меѓусебно комуницирање е сведен на минимум. Кумановскиот турски говор во себе содржи повеќе фонетски и граматичко-структурни црти. Ќе наброиме неколку поединечни црти од различни јазични нивоа.
-Во кумановскиот турски говор се среќаваат скоро сите исти букви-фонеми кој се опфатени во турската азбука на современиот турски јазик. Обично се јавуваат вокалите: a, e, ı, i, u, ü, o, ö; консонантите: b, c, ç, d, g, ğ, h, j, k, k’, l, l’, m, n, r, s, ş, t, v, y, z, и ts.
- Од областа на вокализмот треба да се нагласи дека во кумановскиот турски говор покрај активните вокали присутен е и мекиот алафон (ã) кој завзема место меѓу зборовите од арапско потекло: dikat<dikkatli, arf<harfler...
- Во артикулацијата се забележуваат и уште долгите вокали â, û, î кои имаат посебна карактеристика како во северозападните така и во југоисточните градови каде што живее турско население.
-Во кумановскиот турски говор вокалите кои често го отстапуваат своето место на сличните вокали најкарактеристичен е тврдиот рамен вокал “ı”: ı>i: kızi<kızı, kitabi<kitabı, yazi<yazı, sari<sarı, ayi<ayı, doli<dolu и др.
ö>o: dort<dört....
ö>ü: ürdek<ördek, ügren<öğren....
-Од боласта на консонантизмот како покарактеристичните особености на кумановскиот турски говор се издвојуваат:
-Во некои зборови а/е варијантни понекогаш наместо меки доаѓаат тврди и наместо тврди доаѓаат меки вокали:
la>le: onunle<onunla, suyle<suyla
ğ>g: agaç<ağaç, bag<bağ
-Испаѓање на консонанти:
h>Ø: ava<hava, izmetçi<hizmetçi, meşur<meşhur, saba<sabah
y>Ø: ilan<yılan
-Во зборовите од туѓо потекло во средината на зборот може да дојде два исти консонанти еден до друг. Во кумановскиот турски говор се забележува испаѓање на следните консонанти:
kk>k: dikat<dikkat
vv>v: evel<evvel, kuvet<kuvvet
nn>n: ane<anne, zinet<zinnet, sünet<sünnet
ll>l: mualim<muallim
ff>f: afet<affet
Посебни карактеристики
уредиКумановскиот турски говор се разликува од останатите турски говори, како и оние карактеристики што меѓусебно се диференцираат:
Посебни карактеристики на вокалите
уреди-На следниот збор доаѓа долгиот вокал ā, меѓутоа се изговара како кратко а: mavi<māvi
i>e: eyi<iyi, bare<bari
e>i: gice<gece, it<et, yi<ye
ı>i: açik<açık, biçki<bıçkı, çiban<çıban, çik<çık, çirak<çırak
o>u: buzuk<bozuk, turun<torun
u>o: bogday<buğday, ograş<uğraş
ö>ü: bübreg<böbrek, bücek<böcek, çümlek<çömlek
a>o: popas<papaz
ı>u: bakçuvan<bahçıvan, fursat<fırsat
Асимилација
уредиa-e>aa: karanca<karınca
i-a>i-e: kires<kiraz
ü-e>ü-ü: ütüden-üteden<öteden
h>f: sarfoş<sarhoş
h>v: arzuval<arzuhal
k>h: haçan<kaçan
r>l: bülgi<bürgü
gç>kç: bakçe<bahçe(bagçe)
kç>çç: aççe<akçe
tç>çç: içmeçci<hizmetçi
-Озвучување на консонантите p, ç, t, k на b, c, d, g:
k>g: cocug(u)<çocuk
p>b: dolab(ı) <dolap
ç>c: agac-ı<ağacı
t>d: bed<bet
s>z: abdez<abdes
Посебни карактеристики на вокалите
уредиПојава на хијата
уредиaya>aa: buraa<buraya
eye>ee: deecek<deyecek
üyü>üü: büüecek<büyüyecek
Појава на дифтонзи
уредиey>e: serek<seyrek
ey>i: tize<teyze
iy>i: gidir<giydir
öy>ü: büle büle<böyle böyle, üle üle <öyle öyle, süle<söyle
Особености на суфиксите за припадност
уредиАко зборот завршува на вокал суфиксите за припадност ќе бидат:
-m, -n, -i, -miz, -niz, lari
baba-m, baba-n
-sı>si: babasi<babası
-si>ı: teyzesı<teyzesi
-mız>miz: babamiz<babamız
-nız>niz: babaniz<babanız
-lari>ları: babalari<babaları
- Ако зборот завршува на консонант:
-im>ım: evım<evim, elım<elim
-in>ın: elınız<eliniz
Падежни наставки
урединоминативна форма
уредиКај зборовите кои завршуваат на вокал:
генитив: -nın>nin:baba-nin<baba-nın, oda-nin<odanın
датив: (y)a>(y)e: baba-ya, dedeye
акузатив:(y)ı>(y)i: oda-yi<oda-yı
локатив: da>da: ovada, tarlada
de>de: evde, kalede
аблатив: dan>dan: odadan, babadan
den>den: anneden, nineden
Кај зборовите кои завршуваат на консонант
уредигенитив: in>ın: el-ın<elin
датив: е>е: eve
a>a: okula
акузатив: ı>i: saçi<saçı
локатив: da>da: dağda, sandıkta, ağaçta, sokakta
de>de: evde, senede, çiçekte
аблатив: den>den: evden, iğneden, sevgiden
dan>dan: sokaktan, taştan, yoldan
Конјугација на глаголите
уреди- Сегашно трајно време –r (ır, ir, ur, ür, er):
ö>ü: gür-ür-üm<görürüm, düner-sın<dönersin, gür-ür<görür, gürürüs<görürüz, gürür-sınız<görürsünüz, gürürler<görürler
- Сегашно време (презент): Ова време се гради со наставката –yor, која во кумановскиот турски говор се скратува на “y”: yaza-yım<yazıyorum, yaza-ysin<yazıyorsun, yazay<yazıyor, yaza-yis<yazıyoruz, yaza-ysiniz<yazıyorsunuz, yaza-ylar<yazıyorlar
- Императив: otur, yazsın, gitsın, okuyun, gezsınler
- Идно време: наставката за идно време e –acak/-ecek:
aci>acak: baka-cim<bakacağım, yaza-cin<yazacaksın, okuyaca<okuyacak eci>ecek: vere-cim<vereceğim, soyle-ye-cin<söyleyeceksin, söyle-ye-cis<söyleyeceğiz, seve-cesiniz<seveceksiniz, seveceler<sevecekler
- Минато определено свршено време (перфекат): -di, -dı:
ı>i: bil-dım<bildim, bildın<bildin, bildı<bildi, bildık<bildik, bildınız<bildiniz, bildiler
- Минато неопределено свршено време (наратив):
miş>mış: kalmiş<kalmış, yazmiş<yazmış mış>miş:gitmış<gitmiş
- Инфинитив и партисип (глаголска именка и придавка)
–an/-en, -yan/-yen: gel-en, ağla-yan, büü-yen<büyüyen
-acak/ecek: şaşacak, ülecek<ölecek
-ma/-me: kalma, yazma
-mak/-mek: ekmek yemek, ağlamak
- Кондиционал: gelsam<gelsem, istesan<istesen, istesa<istese, satarsek<satarsak
- Заменки: benım<benim, senın<senin, bizım<bizim, sizın<sizin, bensıs<bensis
- Показни зборови: buni<bunu, şuni<şunu, oni<onu, bunlari<bunları, şunlari<şunları, onlari<onları
- Прилози: dişari<dışarı, ütüden<öteden, yokari<yukarı, üteye<öteye
- Предлози: sabunle<sabunla, taşle<taşla, babasiyle<babasıyla
- Извици: aferim<aferin
Вредност и значење на доброто
уредиКумановскиот турски говор претставува составен и значаен дел од македонското културно наследство, односно од дијалектната база на турскиот јазик кој се говори надвор од границите на Република Турција. Вредноста на овој говор ја оценуваме пред се` од лингвистичка, и поконкретно од дијалектолошка, (на фонетско-фонолошко ниво, морфолошко, лексичко-семантичко и етимолошко ниво); притоа не ги занемаруваме ниту значењата од етнолошка, филолошка и другите културни вредности вткаени во народниот јазик.
Критериуми врз кои е извршена валоризација на доброто
уредиКритериуми кои се однесуваат на својствата на доброто
уреди•Автентичност – Во рамките на јазикот секој одделен дијалект претставува негов автентичен дел; токму врз ова својство се должи значењето на турските говори кои се употребуваат во РМ.
•Реткост – Во својот примарен и оригинален облик, кумановскиот турски говор е карактеристичен за точно определена територија, односно за луѓето што потекнуваат од точно определена територија врз основа на што се цени нивната реткост и единственост.
•Разновидност – Општо речено, разновидноста на секој турски говор во, па и надвор од границите на Република Турција, како и кумановскиот говор претставува природен извор на јазичен материјал на турскиот јазик, па во оваа смисла чувањето и проучувањето на дијалектната база овозможува чување, збогатување и насочување на турските говори во РМ.
•Интегралност – Овој говор, како и другите турски говори во РМ е интегрален дел од севкупните турски говори. Со други зборови, со своите основни фонетско-фонолошки, морфолошки, морфосинтаксички и лексички особености, кумановскиот турски говор е составен и интегрален дел на турските румелиски говори.
•Старост – Турските говори во РМ, вклучително и говорот на турците од кумановскиот регион, се основен белег на турската етничка заедница која живее во РМ. Турските говори што се употребуваат во РМ ги содржи елементите на османскиот турски јазик кој се употребувал за време на Османската Империја. Тие во себе чуваат многу архаични форми на јазикот одошто што можат да се забележат во стандартниот турски јазик.
Критериуми кои се однесуваат на функцијата на доброто
уредиОсновна функција на секој говор е комуникациската. Комуникацијата меѓу населението и пренесувањето на информации се најважните функции на јазикот, па и на кумановскиот турски говор како специфично и идентификациско обележје на тамошното население. Разбирањето меѓу луѓето придонесува определено население меѓу себе да стапува во различни видови односи, па и во врски од различни области од стопанството. Кумановскиот турски говор е предмет на истражување во научната област лингвистика. Непосредно со научната функција е врзана ивоспитно-образовната функција што ја има проучувањето на турските говори (дијалекти) и запознавањето на учениците и студентите со одделните карактеристики на говорите на турското население во РМ.
воспитно-образовната функција што ја има проучувањето на турските говори (дијалекти) и запознавањето на учениците и студентите со одделните карактеристики на говорите на турското население во РМ.
Критериуми кои се однесуваат на значењето на доброто
уреди•Културно – Кумановскиот турски говор е дел од културното наследство на турското население што живее на определена територија; односно во говорот е вграден речиси секој елемент од културната традиција на турското население, започнувајќи од изгледот (на пр. Народните носии и називите на деловите на народните носии), работата (земјоделието и алатките за обработка на земјата, називи во врска со садовите и нивната употреба во домашните работи), народните песни испеани во тие краишта, во кои е вплетена историјата на населението низ вековите итн. Токму во овие рамки може да се зборува за културното значење како еден од најважните критериуми при валоризација на турскиот говор во кумановскиот регион.
•Историско – Турските дијалекти-говори се примарен дел од културното и историското наследство и основен белег за постоење на турското население надвор од границите на својата матична земја. И само преку нивно поединечно и интегрално проучување можеме во вистинско светло да ја презентираме пред јавноста културната традиција и историја на турското население кое живее во РМ.
•Уметничко – Од уметнички аспект, значењето на кумановскиот турски говор се согледува во народната уметност, народните песни и приказни испеани и раскажани на впечатлив народен говор. Овој тип на уметност и во најтешките периоди на турското население во нашата земја и со векови бил израз на турската литература.
•Научно – Научното значење на овој говор го определуваме пред се` во рамките на лингвистиката и тоа како за турската наука за јазикот, така и на балканистиката и неговото влијание на другите нетурски говори кој што се говорат во овие краишта. Од аспект на туркологијата, кумановскиот турски говор е интегрален дел од румелиската дијалектна територија и во тие рамки тој е непроценлив извор на информации за општата диференцијација на турските говори не само во нашата земја, туку и пошироко.
•Општествено – Кумановскиот турски говор, како и впрочем сите турски говори во РМ имаат пред се` општествено значење. Тие се основното бележје на турскиот народ кој живее во РМ и надвор од својата матична земја.
•Културно – Кумановскиот турски говор е дел од културното наследство на турското население што живее на определена територија; односно во говорот е вграден речиси секој елемент од културната традиција на турското население, започнувајќи од изгледот (на пр. Народните носии и називите на деловите на народните носии), работата (земјоделието и алатките за обработка на земјата, називи во врска со садовите и нивната употреба во домашните работи), народните песни испеани во тие краишта, во кои е вплетена историјата на населението низ вековите итн. Токму во овие рамки може да се зборува за културното значење како еден од најважните критериуми при валоризација на турскиот говор во кумановскиот регион.
•Историско – Турските дијалекти-говори се примарен дел од културното и историското наследство и основен белег за постоење на турското население надвор од границите на својата матична земја. И само преку нивно поединечно и интегрално проучување можеме во вистинско светло да ја презентираме пред јавноста културната традиција и историја на турското население кое живее во РМ.
•Уметничко – Од уметнички аспект, значењето на кумановскиот турски говор се согледува во народната уметност, народните песни и приказни испеани и раскажани на впечатлив народен говор. Овој тип на уметност и во најтешките периоди на турското население во нашата земја и со векови бил израз на турската литература.
•Научно – Научното значење на овој говор го определуваме пред се` во рамките на лингвистиката и тоа како за турската наука за јазикот, така и на балканистиката и неговото влијание на другите нетурски говори кој што се говорат во овие краишта. Од аспект на туркологијата, кумановскиот турски говор е интегрален дел од румелиската дијалектна територија и во тие рамки тој е непроценлив извор на информации за општата диференцијација на турските говори не само во нашата земја, туку и пошироко.
•Општествено – Кумановскиот турски говор, како и впрочем сите турски говори во РМ имаат пред се` општествено значење. Тие се основното бележје на турскиот народ кој живее во РМ и надвор од својата матична земја.
Критериуми за категоризација на доброто
уреди- Исклучителноста на кумановскиот турски говор, како впрочем и на другите турски говори во РМ, се состои во фактот што самиот по себе овој говор не само што е раритет по своите општи јазични црти, туку според некои јазични црти е и уникат т.е. не постои друга територија на која може да се сретне ваква јазична целина. Со други зборови се работи за исклучителна реткост која е неопходно, како таква, да се подложи на посебен тип на заштита.
- Впечатливоста на кумановскиот турски говор е во тесна врска со погоре наведената негова уникатност. Со други зборови, она што е ретко или уникатно, се разбира дека е впечатливо, а тоа е карактеристика и за кумановскиот турски говор кој со своите уникатно искомбинирани јазични карактеристики претставува посебно впечатлив и интересен народен говор, кој има и свое влијание и јасно се разликува од другите турски говори во РМ.
- Влијателноста на кумановскиот турски говор можеме да ја дефинираме како начин на влијание што го има секој говор, па вклучително и кумановскиот турски, врз населението што го зборува и на говорите на другите народи кои живеат во тој регион (македонскиот или албанскиот говор). Се работи за едниствен знак за идентификација на регионот на којшто еден човек припаѓа и којшто во себе опфаќа цел сплет на културни, традиционални, религиски и други обележја, а секако и на придобивки што произлегле од тој регион, а се од општо значење за цивилизациските достигнувања на еден народ.
- Поврзаноста на кумановскиот турски говор со другите турски говори во РМ, кои се дел од турската дијалектна територија, т.е. поврзаноста на синхрониски план, но исто така и поврзаноста на дијахрониски план (колку овие говори се рефлекс за развојот на турскиот јазик што се говори во РМ низ вековите и различните влијанија што делувале на овој простор во минатото но и денес) е секако неоспорна и несомнена. Всушност оваа поврзаност и ја прави дијалектологијата мошне значајна наука и единствена по обемноста на полето што го истражува, а во тие рамки вакво несомнено огромно значење имаат и сите активности и ангажмани кои се грижат за заштитата и зачувувањето на нашите дијалекти.
Библиографија
уреди- Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков, Одделение за дијалектологија на македонскиот јазик, Елаборат за валоризација на говорот на Турците од Кумановско, Скопје, 2009 год.;
- Eckman, J., Kumanova (Makedonya) Türk Ağzı, Nèmet Armağanı, TTKB Ankara, 1962, s 112;
- J. Nemet, Zur Einteilung der türkischen Mundarten Bulgariens, Bulgarische Akademie der Wissenschaften, Sofia, 1956;
- J. Nemet, Traces of the Turkish Languages in Albania, Acta, Orientalia Academiae Scientarium Hungaricae, tomus XIII Budapest, 1961, 9-29;
- Kowalski, T., Osmanich-turkich Volkslieder aus Mazedon Wzkm, 33, 1936/160-31, Poland;
- Katona, L., Le dialecte Turc de la Macedonie de l`auest TDAY-Belleten, Ankara, 1969;
Наводи
уреди- ↑ Говорот на Турците во Македонија, Управа за заштита на културното наследство.