Џоломарите од село Бегниште, Кавадаречко

Џоломарите од село Бегниште, Кавадаречко[1] во пишаните вклучително и во етнографските извори не постои сигурен податок од кога датира оваа културно наследство во Република Македонија. Од сознанијата од народните преданија може да заклучиме дека тоа постои повеќе од 400 години, кога населението бегајќи од турците-османлии од с. Озот се доселува во село Бегниште, поради што и селото го добива името. Ова културно наследство е древен обичај во кавадаречкото село Бегниште, кој се издвојува по тоа што ја задржал својата вековна форма и таков се пренесува од генерација на генерација.

Опис на обичајот Џоломарите од село Бегниште уреди

Селото Бегниште се наоѓа на дванаесетина километри од Кавадарци, во етничкиот предел Тиквешија односно во потпределот Витачево.

Обичајот се одржува на 14 јануари за време на верскиот празник Василица, познат и како Стара Нова година, кој е составен дел на таканаречените некрстени денови и се изведуваат обичајни дејствија, чија основна карактеристика е маскирањето и игрите со маски. Самото празнување започнува на 13 јануари спроти празникот, кога на сред село се пали голем василичарски оган. Околу огнот се собираат горномаалци и долномаалци притоа честејќи се со вино и ракија, но притоа будно следејќи ја играта на помладите џоломари. Околу огнот се пееле „мрсни песни“. Помладите џоломари[2] треба убаво да го научат играњето за да можат и тие да го пренесуваат понатаму на следните генерации.

Притоа главни во ритуалното бркање на замислените демони се петнаесетина млади мажи од селото. Возрасната маскирана дружина подготовките ги започнува околу 4 часот наутро. Најнапред тие ги облекувале волнените чарапи а потоа ја наметнувале гуната со ќулавка на главата (од кои некои се стари и неколку генерации) која најчесто е изработена од лен или коноп специјално за оваа прилика а под гуната на грбот ставале перница.

Повеќето од мажите пред да тргнат конн средселото ги црнат своите лица со јагленчиња а потоа ставаат долги волнени бради и мустаци кои достигнувааат должина и до половината. Двајца од групата на џоломерите се преправаат во невести и тие всушност ја симболизираат новата година. Преку нив се изразуваат и желбите за плодност, бериќет, успех, напредок во новата година. Невестите на главата ставаат бели платнени маски кои имаат отвори за очите и устата и ставаат бела шамија. Симбол за старата година е карактерот баба, кој го игра млад маж, со црна шамија и црн превез на лицето. Бабата е облечена во црна облека. На себе ставаат и ремени со ѕвонци и клопотарци, кои достигнуваат тежина и до петнаесетина килограми. Нивна задача е да создадат што поголема врева за, како што се верува, да го избркаат лошото и негативните појави од старата година. Во рацете сите носат големи дрвени стапови.

Од секоја куќа на сред село ги собира предводникот кој го води и џоломарското оро и воопшто прв ја започнува своевидната драмската изведба.

На поминување низ селото тие играат држејќи се за раменици и скокаат во круг притоа забрзувајќи го ритамот на играта на орото. Се слуша доминатниот звук на клопотарците и силни извици на џоломарите. Потоа настанува хаотична слободна игра во која џоломарите ги факаат случајните минувачи ги црнат по лицето со јагленчиња и со помош на стаповите ги подудираат и не ги пуштаат се додека не го одглумат „сексуалниот чин“ со една од невестите или бабата, за годината да биде плодна.

Околу 9 часот, дел од џоломарите и една од невестите или бабата одат на визита по куќите и таму со врева ги бркаат лошите духови од куќата играјќи го орото и потчукнувајќи со стаповите по земјата што претставува своевиден фалусен чин на оплодување како за луѓето така и за земјата-хранителка. Притоа добиваат дарови од домаќинот, баница, костени и јаболка, а невестата задолжително му целива рака на домаќинот или домаќинката на куќата. Даровите ги ставаат во дисаѓите на накитеното магаре со зеленило, суви пиперки, а понекогаш и кукли за да се раѓаат деца.

Додека оваа група ги брка лошите духови останатите ги бркаат на сред село се до 16 часот попладне кога и привршува василичарското славење и играње со маски.

Нематеријално културно наследство уреди

Џоломарите од село Бегниште, Кавадаречко во Република Македонија со одлука се прогласени за културно наследство од големо значење.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди