Сол (зачин)
Сол[1][2] — минерал составен првенствено од натриум хлорид (), хемиско соединение кое припаѓа на поголемата класа на соли. Солта во својот природен облик, како кристален минерал, е позната како камена сол или халит. Солта е присутна во огромни количини во морската вода, каде што е главна минерална компонента. Отворениот океан има околу 35 грама сол на литар вода, соленост од 3,5‰.
Во принцип, солта е од суштинско значење за животот, а соленоста е еден од основните човечки вкусови. Солта е еден од најстарите и најзастапени зачини за храна, а солењето е важен начин конзервирање.
Некои од најстарите докази за преработка на сол датираат од пред околу 8.000 години, кога луѓето што живееле во денешна Романија вареле изворска вода за да извлечат сол. Солта во Кина датира приближно од истото раздобје. Солта ја ценеле и старите Евреи, Грци, Римјани, Византијци, Хетити, Египќани и Индијци. Солта станала важна трговска ставка и била превезувана со брод преку Средоземното Море, по специјално изградени солени патишта, а преку Сахара со каравани со камили. Недостигот и глобалната потреба за сол ги натерало народите да војуваат поради неа и да ја искористат за зголемување даночните приходи. Солта се користи во верски церемонии, а има и други културни и традиционални значења.
Солта се добива од рудници за сол и со испарување на морска вода (морска сол) или изворска вода богата со минерали во плитки базени. Нејзини главни индустриски производи се каустична сода и хлор. Солта се користи во многу индустриски процеси, како што се производството на поливинил хлорид, пластика, граѓа и многу други производи. Од светското годишно производство од околу двесте милиони тони сол, само околу 6% се користат за човечка исхрана. Други употреби вклучуваат процеси на уредување на водата, одмрзнување на автопатишта и земјоделска употреба. Солта за јадење се продава како морска сол и готварска сол, која обично содржи средство против стврднување, а исто така може да се јодира за да се спречи недостаток на јод. Освен што се користи во готвењето и на трпезата, солта е присутна и во многу преработени намирници.
Натриумот е неопходна хранлива материја за човековото здравје преку својата улога како електролит и осмотски раствор.[3][4][5] Прекумерната употреба на сол може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести, како хипертензија кај деца и возрасни. Ваквите здравствени ефекти на солта проучувани се од поодамна. Затоа, многу светски здравствени здруженија и експерти од развиените земји препорачуваат да се намали потрошувачката на популарна солена храна.[5][6] Светската здравствена организација препорачува возрасните да консумираат помалку од 2.000 натриум, што е еднакво на 5 грама сол дневно.[7][8]
Историја
уредиНиз историјата, достапноста на сол била клучна за цивилизацијата. Засега, се верува дека првиот град во Европа бил Солницата, во Бугарија, кој бил рудник за сол, обезбедувајќи ја областа позната како Балкан со сол 5400. години пр.н.е. Дури и името Солницата значи „солана“.
Последните сто години луѓето користеле конзервирање и вештачко ладење за зачувување на храната, а илјадници години пред тоа солта била најпознатиот конзерванс за храна, особено за месото.[9] Многу стара солана била откриена на археолошкото наоѓалиште Полана Слатинеј покрај изворите на сол во Лунка, во округот Њамц, Романија. Доказите покажуваат дека неолитските луѓе од преттриполиската култура ја вареле изворската вода богата со сол преку процес на брикетирање за да ја извлечат солта уште во 6050 година пр.н.е.[10] Солта добиена на овој начин можеби имала директна корелација со брзиот раст на населението на ова општество набргу по неговото почетно производство.[11] Собирањето сол од површината на езерото Сјечи во близина на Јунченг во Шанси, Кина датира од 6000 пр.н.е., што го прави една од најстарите проверливи солани.[12]
Употребата на сол го елиминирала проблемот со достапноста на храната во зависност од годишното време и овозможила храната да се превезува на подолги растојанија. Бидејќи во тоа време солта била едвај достапна, таа станала исклучително вредна стока. До почетокот на 20 век, солта била причина за многу војни и освојувања.
Трговијата со сол често била предмет на оданочување и се претпоставува дека тоа започнало уште во 2000 година пр.н.е. во Кина. Римјаните многу ја ценеле солта и дел од платите на војниците биле исплаќани во сол. Зборот што на латински значи сол е коренот на зборот плата во многу европски јазици (англиски: salary).
Солта била особено скапа во средниот век на запад од пустината Сахара. Во Царството Мали во текот на 12 век, солта била толку ценета што во пустината јужно од ова царство вредела колку злато со иста тежина.[13][14][15]
Хемија
уредиСолта е главно натриум хлорид, јонско соединение со формулата, кое содржи еднакви количини на натриум и хлор.[16] Морската сол и свежо ископаната сол (од кои повеќето е сол од праисториските мориња) исто така содржат мали количини на елементи во трагови (кои во тие мали количини генерално се добри за здравјето на растенијата и животните).[17] Рудната сол обично се пречистува при производството на кујнска сол. Се раствора во вода, се прочистува со таложење на други минерали од растворот и повторно испарува. За време на истиот процес на рафинирање (пречистување), често се врши јодирање. Кристалите на сол се делумно проѕирни и со кубен облик. Обично изгледаат бели, иако нечистотиите може да им дадат сина или виолетова боја. Моларната маса на солта е 58,443, нејзината точка на топење е 801 °C (1.474 °F) и неговата точка на вриење е 1.465 °C (2669 °F). Густината на солта е 2,17 грама на кубен сантиметар и лесно се раствора во вода.[18] Кога се раствора во вода, се дели на + и − јони, а растворливоста е 359 грама на литар.[19] Од ладните раствори, солта се кристализира како дихидрат. Растворите на натриум хлорид имаат многу различни својства од чистата вода; точката на мрзнење е −21,12 °C (−6,02 °F) за 23,31 wt% сол, а точката на вриење на заситен раствор на сол е околу 108,7 °C (227,7 °F).[20]
Поделба на солта
уредиСолта се дели на природна, рафинирана и јодирана. Секој посебен вид сол има единствена содржина на минерали што му дава единствен вкус.
Природна сол
уредиКамена сол (понекогаш и минерална сол) е сол добиена од рудниците за сол. Овие „рудници“ се подземни локации на наталожена сол и се наоѓаат во подрачја каде порано имало море или исклучително солено езеро. Камената сол има сива боја.
Морската сол се добива од морската вода. Солта се извлекува од морската вода во солани така што на пролет се пушта морската вода во специјално дизајнирани базени во пролет. Во текот на пролетта и летото, таа вода испарува, а морската сол останува на дното. На есен, таа сол се собира во процес наречен берба на сол.
Морската сол се смета за највкусен и најздрав вид сол. Многу е здрав бидејќи е богат со минерали и јод, кои му се неопходни на човечкото тело.[21]
Се смета за највкусна од сите соли ( француски: Fleur de sel). Оваа сол е прилично скапа бидејќи се создава со рачно отстранување само на површинскиот слој од морската сол што се населил во солената тава, пред да се бере солта. Ова е профитабилно само во тави за сол со највисок квалитет на сол, па затоа неговата употреба се смета за екстремен луксуз. Вкусот на оваа сол е уникатен за секој регион каде што е направена. Французите први почнаа да произведуваат ваква сол, а и денес нивната ја држи репутацијата на најдобрата сол во светот.
Рафинирана сол
уредиРафинираната сол е најчесто употребуваната сол денес и содржи најмногу натриум хлорид. Најчесто се добива со одвојување на натриум хлорид од камена сол која не е доволно чиста за да може да се користи како храна. Во текот на овој процес се отстранува целата несакана содржина, така што рафинираната сол е една од најчистите, но има и најмалку минерали кои исто така се отстрануваат во текот на процесот. Нејзината боја е претежно бела.
Иако обично ја нарекуваме „готварска сол“ или „кујнска сол“, оваа сол се користи почесто и е поважна за индустријата. Се користи во производството и преработката на хартија, како додаток на бои кои се користат за боење ткаенина и платно и во производството на сапуни и детергенти.
Јодирана сол
уредиЈодирана сол е сол, обично рафинирана, на која ѝ е додаден јод. Некои ја сметаат за најздрава сол бидејќи содржи повеќе јод од кој било друг вид сол.
Здравје
уредиНатриумот и хлорот, основните состојки на солта, се неопходни за сите живи организми. Може да се најдат во растенијата, рибата и месото, но солта, поради високата концентрација на натриум хлорид, е најдобар извор на натриум и хлор.
Солта игра важна улога во регулирањето на количината на вода во телото. Прекумерното внесување сол во организмот е нездраво и може да доведе до зголемен крвен притисок.
Некои цивилизации како Јаномамо, домородци од Бразил и Венецуела, не користат сол во нивната исхрана.[22]
Галерија
уреди-
Деца во берба на сол во Африка
-
Базени со морска вода во солана
-
Куп сол во солана
-
Сателитски снимки (1989 и 2001) - солана покрај Мртвото Море
-
Во кутија за продажба
-
Берба на сол во Сенегал
-
Мелница за сол
-
Солење на зелка
-
Базен во солана на затворено
Наводи
уреди- ↑ „сол“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сол“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Scientific Report of the 2015 Dietary Guidelines Advisory Committee (PDF). US Department of Agricultureid=publication-place=. 2015. стр. 7. Архивирано од изворникот (PDF) на 18 април 2016. Посетено на 29 јуни 2018.
- ↑ Strom, Brian L., уред. (2013). „Sodium intake in populations: assessment of evidence“. Institute of Medicine of the National Academies. Архивирано од изворникот на 19 октомври 2013. Посетено на 17 октомври 2013.
- ↑ 5,0 5,1 „Most Americans should consume less sodium“. Salt. Centers for Disease Control and Prevention. Архивирано од изворникот на 19 октомври 2013. Посетено на 17 октомври 2013.
- ↑ „EFSA provides advice on adverse effects of sodium“. European Food Safety Authority. 22 јуни 2005. Посетено на 9 јуни 2016.
- ↑ „WHO issues new guidance on dietary salt and potassium“. WHO. 31 January 2013. Архивирано од изворникот на 20 July 2016.
- ↑ Delahaye, F. (2012). „Europe PMC“. Presse Médicale. 41 (6 Pt 1): 644–649. doi:10.1016/j.lpm.2012.02.035. PMID 22465720. Архивирано од изворникот на 7 June 2021. Посетено на 2021-06-07.
- ↑ Barber 1999.
- ↑ Weller & Dumitroaia 2005.
- ↑ Weller, Brigand & Nuninger 2008.
- ↑ Kurlansky 2002.
- ↑ Take a journey to Timbuktu}- (26. март, 2019)
- ↑ Niane, D.T.: „Recherches sur l’Empire du Mali au Moyen âge”. Presence Africaine. Paris, 1975
- ↑ Mr. Dowling's African Trade Page, Приступљено 25. април 2013.
- ↑ Sirdeshmukh, Dinker B.; Sirdeshmukh, Lalitha & Subhadra, K. G. (2001). Alkali halides: a handbook of physical properties. Springer. стр. 65, 68. ISBN 978-3-540-42180-1.
- ↑ „The Function of Soil Minerals and Trace Elements in Soil, Plant, Animal, and Human Nutrition and Health“.
- ↑ Burgess, J. (1978). Metal Ions in Solution. New York: Ellis Horwood. ISBN 978-0-85312-027-8.
- ↑ Wood, Frank Osborne; Ralston, Robert H. „Salt (NaCl)“. Encyclopædia Britannica. Архивирано од изворникот на 2 мај 2015. Посетено на 16 октомври 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ Elvers, B. et al. (ed.) (1991) Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry, 5th ed. Vol. A24, Wiley. 978-3-527-20124-2. стр. 319.
- ↑ Питер Фишер и, „Јод во јодирана и морска сол”, 1980
- ↑ Јонамо индијанци у истаживању Интерсолт, (од 13. јануара 2007)
Литература
уреди- Burgess, J. (1978). Metal Ions in Solution. New York: Ellis Horwood. ISBN 978-0-85312-027-8.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Sirdeshmukh, Dinker B.; Sirdeshmukh, Lalitha & Subhadra, K. G. (2001). Alkali halides: a handbook of physical properties. Springer. стр. 65, 68. ISBN 978-3-540-42180-1.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Scientific Report of the 2015 Dietary Guidelines Advisory Committee (PDF). US Department of Agricultureid=publication-place=. 2015. стр. 7. Архивирано од изворникот (PDF) на 18 април 2016. Посетено на 29 јуни 2018.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Barber, Elizabeth Wayland (1999). The Mummies of Ürümchi. New York: W.W. Norton & Co. ISBN 0-393-32019-7. OCLC 48426519.
- Carusi, Cristina (2008). Il sale nel mondo greco, VI a.C.-III d.C.: luoghi di produzione, circolazione commerciale, regimi di sfruttamento nel contesto del Mediterraneo antico [Salt in the Greek World, from the Sixth Century BC to the Third Century AD: Places of Production, Circulation, and Commercial Exploitation Schemes in the Ancient Mediterranean] (шпански). Edipuglia. ISBN 9788872285428.
- Dalton, Dennis (1996). „Introduction to Civil Disobedience“. Mahatma Gandhi: Selected Political Writings. Hackett Publishing Company. стр. 71–73. ISBN 0-87220-330-1. Архивирано од изворникот 10 August 2016. Посетено на 27 June 2015.
- Kurlansky, Mark (2002). Salt: A World History. New York: Walker & Co. ISBN 0-8027-1373-4. OCLC 48573453.
- Livingston, James V. (2005). Agriculture and soil pollution: new research. Nova Publishers. ISBN 1-59454-310-0. Архивирано од изворникот 6 September 2015. Посетено на 27 June 2015.
- McGee, Harold (2004). On Food and Cooking (2. изд.). Scribner. ISBN 9781416556374. Архивирано од изворникот 25 December 2020. Посетено на 27 June 2015.
- Multhauf, Robert (1996). Neptune's Gift. The Johns Hopkins University Press. ISBN 978-0801854699.
- Shahidi, Fereidoon; Shi, John; Ho, Chi-Tang (2005). Asian functional foods. Boca Raton: CRC Press. ISBN 0-8247-5855-2.
- Weller, Oliver (Dec 2005). „The earliest salt production in the world: an early Neolithic exploitation in Poiana Slatinei-Lunca, Romania“. Antiquity. 79.
- Alper Gölbaş (1970-01-01). „Anadolu Kültür Oluşumunda Tuzun Rolü- The Role of Salt in the Formation of the Anatolian Culture | Alper Gölbaş“. Batman Üniversitesi Yaşam Bilimleri Dergisi, Batman University Journal of Life Sciences. Academia.edu. Посетено на 2014-05-29.
- Bloch, David. „Economics of NaCl: Salt made the world go round“. Mr Block Archive. Посетено на 2006-12-19.
- Bloch, David. „Salt and the evolution of money“. Mr Block Archive. Посетено на 2006-12-19.
- „The history of salt production at Droitwich Spa“. BBC. 2010-01-21. Посетено на 2011-03-28.
- Gainsford, Peter (11 January 2017). „Salt and salary: were Roman soldiers paid in salt?“. Kiwi Hellenist: Modern Myths about the Ancient World. Посетено на 11 January 2017.
- McDowell, Lee (18 July 2017). Mineral Nutrition History: The Early Years. Sarasota, FL: Fist Edition Design. стр. 46. ISBN 9781506904580.
- Sherlock, Stephen J. (2021). „Early Neolithic salt production at Street House, Loftus, north-east England“. Antiquity (англиски). 95 (381): 648–669. doi:10.15184/aqy.2021.25. ISSN 0003-598X.
- Sherlock, Stephen J. (2021-03-31). „Early Neolithic salt production at Street House, Loftus, north-east England“. Antiquity (англиски). 95 (381): 648–669. doi:10.15184/aqy.2021.25. ISSN 0003-598X.
- Marshall, Michael. „Ancient Britons extracted salt from seawater more than 5500 years ago“. New Scientist (англиски). Посетено на 2021-03-31.
- Bradley, Richard (1992). „Roman Salt Production in Chichester Harbour: Rescue Excavations at Chidham, West Sussex“. Britannia. 23: 27–44. doi:10.2307/526103. ISSN 0068-113X. JSTOR 526103.
- Nevell, Michael (2005). Brine in Britannia - Recent Archaeological Work on the Roman Salt Industry in Cheshire. Council for British Archaeology North West The Lion Salt Works Trust, The University of Manchester Archaeology Unit. ISBN 0-9527813-4-4.
- Woolgar, C.M. (2016). The Culture of Food in England, 1200-1500. Yale University Press. ISBN 9780300181913.
Надворешни врски
уреди- Сол (зачин) на Ризницата ?
- Јестива историја: Со, РТС Образовно-научни програм — Званични канал
- Maugh II, Thomas H. (1 November 2012). „Bulgarians find oldest European town, a salt production center“. The Los Angeles Times. Посетено на 1 November 2012.