Поливинил хлорид

Vinyl chloride Polymerization V1.svg

Поливинил хлорид (ПВЦ или PVC) — синтетичка смола, органски полимер направен со обработка на мономерите од винил хлоридот со преоксид. Тој може да биде помешан со повеќе гумени полимери или кополимеризиран со другите винили за да се добие производ според сопствените потреби. ПВЦ смолата помешана со пластификатори, стабилизатори и пигменти се користи за производство на еластични прозводи (на пр., мантили, играчки, пластични контејнери). Непластифицираната смола се употребува за груби прозводи (на пр., цевки за вода, навлаки за оловни цевки, фонографски плочи). Загриженоста од истекувањето на винил хлоридот во храната резултира со ограничувања за неговата употреба за садови за храна, неговото распаѓање во хидроген хлорид кога гори, исто така, предизвикува проблеми. Денес тој се произведува во поголеми количини во однос на другите пластични материјали, освен од полиетиленот.[1]

НаводиУреди

  1. Британика енциклопедиски речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 7, стр. 147