Крвен притисок е притисок на крвта врз ѕидовите на крвните садови[1] и е еден од основните витални знаци. Крвниот притисок е резултат на две сили: едната е создадена од срцето кое пумпа крв низ крвотокот, а другата е силата на артериите кои се спротивставуваат не крвотокот. За време на секое чукање на срцето, крвниот притисок се менува од максимален (систолен) до минимален (дијастолен). Средниот крвен притисок, заради пумпањето на срцето и отпорот во крвните садови, се намалува како што крвта којашто кружи се движи од срцето низ артериите. Тој има најголем пад во малите артерии и артериолите и продолжува да се намалува како што крвта се движи низ капиларите и назад до срцето преку вените.[2] Гравитацијата, залистоците во вените и пумпањето од контракцијата на скелетните мускули се некои од другите влијанија врз крвниот притисок во различни места во телото.

Лекар мери крвен притисок на пациент со стетоскоп и живин манометар.

Поимот крвен притисок обично се однесува на притисокот измерен на надлакотот на некое лице. Тој се мери на внатрешноста од лакотот, на надлакотната артерија која е главната артерија на раката којашто носи крв од срцето. Крвниот притисок на едно лице е обично изразен преку систолниот и дијастолниот притисок, на пример 120/80 милиметри живен столб.

Регулирање на крвниот притисок

уреди
Класификација на крвниот притисок кај возрасни[3][4]
Категорија систолен,
mm Hg
дијастолен,
mm Hg
Хипотензија
< 90
< 60
Посакуван
90–119
60–79
Прехипертензија
120–139
80–89
Фаза 1 на хипертензија
140–159
90–99
Фаза 2 на хипертензија
160–179
100–109
Хипертензивна криза
≥ 180
≥ 110

Крвниот притисок зависи од количеството на крвта што се внесува во крвните садови и од количеството на крвта што истекува од нив, како и од контракциите на мазните мускулни влакна што се наоѓаат во средниот дел на нивниот ѕид. Крвниот притисок зависи и од состојбата на крвните садови на периферијата. Имено, ако во нив има вазоконстракција што ќе услови доаѓање на поголемо количество на крв во срцето, мускулните клетки во миокардот, ќе се растегнат. Врз крвниот притисок во крвните садови дејствуваат и повеќе производи на метаболизмот.

Свое дејство врз крвниот притисок има и вонклеточната течност. При внесување поголема количество вода и други течности, како и натриум хлорид, се зголемува водата во крвта, а со што се зголемува количеството на крвта што протечува низ срцето, а со тоа се зголемува и крвниот притисок.[5]

Хормоните, исто така, имаат свое дејство врз крвниот притисок. Тие се испуштаат во различни ткива и органи во различни услови на организмот. Така, ацетил холинот има возодилататорно дејство, а хистаминот што се ослободува при каснување од некои инсекти или изгореници, има вазоконстикторно дејство врз артероидите, а големо вазодилаторно дејство врз капиларите.[6]

Адреналинот дејствува стимулативно на работата на срцето, а со тоа и на крвниот притисок.

Нервно регулирање на крвниот притисок

уреди

Крвните садови, а особено артериите и артериолите, се инервирани од посебни вегетативни нервни влакна, наречени вазомоторни. Тие можат да бидат вазоконстриктори и вазодилататори.

Мерење на крвен притисок

уреди

Важен податок за оценката на здравствената состојба на човекот е вредноста на крвниот притисок. Инструментот што најчесто се користи за мерење на крвниот притисок е наречен сфингломанометар, а мери две вредности:

Крвниот притисок се прикажува како сооднос на систолниот притисок и дијастолниот притисок, на пример 120/80mm Hg.

Абнормален крвен притисок

уреди
  • Помалиот крвен притисок од нормалниот е наречен хипотензија.

Меѓутоа, бидејќи постојат поединечни разлики на нивото на нормалниот притисок, мал притисок човек има кога притисокот е помал во однос на притисокот што е мерен многупати во нормална состојба, и тоа обично не е вредност што значи мал притисок и кај друг човек. Луѓето со систолен притисок под неговото нормално ниво може да чувствуваат немоќ, бидејќи нема доволен проток на крв во мозокот.

  • Хипертензија, или високиот крвен притисок, заслужува големо внимание. Често е последица на поголемо возбудување или напрегање[7] и може да предизвика срцев удар.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Blood Pressure“. American Heart Association, Inc. 2010. Посетено на 2010-05-06. (англиски)
  2. Klabunde, Richard (2005). Cardiovascular Physiology Concepts. Lippincott Williams & Wilkins. стр. 93–4. ISBN 978-0781750301. (англиски)
  3. „Understanding blood pressure readings“. American Heart Association. 11 January 2011. Посетено на 30 March 2011.
  4. „Low blood pressure (hypotension) — Causes“. MayoClinic.com. Mayo Foundation for Medical Education and Research. 2009-05-23. Посетено на 2010-10-19. На |first= му недостасува |last= (help)
  5. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр.111
  6. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр.111/112
  7. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр.113