Натриум хидроксид

хемиско соединение

Натриум хидроксидот (NaOH) претставува цврста, јонски градена супстанција, а неговите водни раствори се однесуваат како силни бази.

Натриум хидроксид
Sample of sodium hydroxide monohydrate in a watchglass
Unit cell spacefill model of sodium hydroxide
Систематско име Натриум хидроксид
Назнаки
1310-73-2 Ок
14014-06-3 (2H)
12179-02-1 (monohydrate)
ChemSpider 14114 Ок
9193979 (2H) Н
9346004 (17O) Н
10732929 (monohydrate) Н
392291 (dihydrate) Н
EC-број 215-185-5
3Д-модел (Jmol) Слика
MeSH Sodium+hydroxide
PubChem 14798
23676750 (2H)
23675120 (17O)
RTECS-бр. WB4900000
UNII 55X04QC32 Ок
ОН-бр. 1823
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Изглед бела цврста,
хигроскопна
Густина 2.13 g/cm3
Точка на топење
Точка на вриење
1110 g/L (20 °C)
Растворливост во етанол 139 g/L
Растворливост во метанол 238 g/L
Растворливост во глицерол растворлив
Киселост (pKa) ~13
Показател на прекршување (nD) 1.412
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Градба, својства и примена

уреди

Натриум хидроксидот е цврста бела супстанција која е изградена од Na+ и OH- јони. Под дејство на јаглерод диоксид, површината на зрнцата од натриум хидроксидот се покрива со слој од натриум хидрогенкарбонат. При допир, натриум хидроксидот тешко ја оштетува кожата предизвикувајќи рани кои бавно зарастуваат. Во воден раствор, тој е целосно дисоциран. Оваа супстанција се користи во производството на сапуни и детергенти, како и во индустријата за хартија, текстил и нафта.[1]

Натриум хидроксидот е бела непроѕирна тврда супстанција во вид на парчиња, лупушки, прачки или зрна. Неговата моларна маса изнесува 40 g/mol. Натриум хидроксидот се топи на температура од 323 °C (596 К), а додека пак врие на температура од 1390 °C (1663 К).

Добивање

уреди

Во индустријата се добива со електролиза на концентриран раствор на натриум хлорид. Притоа, кон анодата се приближуваат хлоридните јони кои на електродата ѝ предаваат електрони при што тие се разелектризираат и образуваат молекули од хлор. Од друга страна, кон катодата се приближуваат Na+ јоните, но електрони примаат молекулите од водата давајќи хидроксидни јони и молекули од водород. Меѓутоа, ако катодата е направена од жива, електрони од неа ќе примат натриумовите јони, а образованиот натриум веднаш се раствора во живата, давајќи амалгам кој потоа се воведува во вода при што се добива раствор од натриум хидроксид и гасовит водород, додека живата се ослободува и се враќа во процесот. Според тоа, во текот на овој процес се добиваат и гасовит водород и гасовит хлор, така што може да се смета дека натриум хидроксидот е еден вид спореден производ на процесот.[2]

 

Покрај овој начин, кој е најупотребуван, натриум хидроксидот се добива индустриски, со т.н. постапка „каустификација на сода“. Во трговијата е познат и како „каустична сода“ или „камена сода“. Натриум хидроксид може да се добие со електролиза на водни раствори од натриум хлорид (со т.н. метод на дијафрагма), а овој начин е еколошки позгоден во споредба со процесот со живина ќелија, но вака добиениот натриум хидроксид не е сосема чист. По правило, најчист натриум хидроксид се добива во живините ќелии. Натриум хидроксидот е еден од десете најважни производи на хемиската индустрија.[3]

За да се испитаат некои хемиски својства на натриум хидроксидот, најчесто се изведува следниот опит:

  • Се зема со лажица едно парче натриум хидроксид и се става на лист хартија. Набргу тој се разводнува. Се додава малку натриум хидроксид во вода. Натриум хидроксидот ќе се раствори. Ако ја допреме епруветата, таа е жешка. Во порцеланска шолја ставаме малку концентриран раствор на натриум хидроксид, а потоа ставаме во него парче од некоја ткаенина. Набргу ткаенината ќе се разори.

Опитот покажува дека натриум хидроксидот на воздух се разводнува, бидејќи од него впива влага. Значи, тој е хигроскопна супстанција каква што е сулфурната киселина. Натриум хидроксидот добро се раствора во вода, при што се ослободува значително количество на топлина. Натриум хидроксидот ги разорува растителните и животинските ткива. Тој ја разорува и човечката кожа и ако падне на неа предизвикува изгореници. Поради разорното дејство на натриум хидроксидот тој е познат и под името „жива сода“. Исто така, тој реагира и со киселините при што се добива сол и вода:

 

Натриум хидроксидот наоѓа голема примена во индустријата. Се употребува за производство на сапун што претставува традиционален хемиски процес со натриум хидроксидот. Арабјаните почнале да произведуваат сапун со натриум хидроксид уште во седмиот век. Истиот процес за производство на сапун се користи и ден денес. Наоѓа примена и во индустријата за добивање на бои, целулоза, вештачка свила, каучук и др. Натриум хидроксидот наоѓа примена и за пречистување на нафта, масти и масла, како и во индустријата за добивање на алуминиум.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. 126-127.
  2. Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. 127-128.
  3. Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. 128.