Улица
Улица[1][2] или сокак[3][4] — јавна површина, најчесто поплочена, со придружна изградена околина. Таа претставува јавна земјишна парцела во урбаните области која ги поврзува зградите и каде луѓето можат слободно да се движат, да се собираат и да комуницираат. Улицата може да биде обична земјена патека, но најчесто е поплочена со тврда подлога, како: бетон, асфалт или плочки. Таа е оспособена за движење на пешаците и на сообраќајните средства (автомобили, трамваи, автобуси, итн.).
Поим
уредиПрвобитно, зборот „улица“ означувал поплочен пат (латински: via strata), но и ден-денес, во колоквијалната употреба претставува синоним за „пат“. Сепак, жителите на градовите и урбаните планери прават разлика меѓу овие два поима: главната функција на патот е транспортот, додека улицата ја олеснува јавната интеракција.[5] Навистина, градските улици служат и за транспорт, но патиштата, како што се магистралните патишта и автопатиштата, вообичаено не служат за движење на пешаците и за интеракција меѓу луѓето.[6][7]
Улицата како тема во уметноста и во популарната култура
уредиУлицата како тема во книжевноста
уреди- „Да јас не сум по 'вој сокак поминал“ - македонска народна песна.[8]
- „Мојата улица“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[9]
- „Партизанската улица“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[10]
- „Смешен настан на улицата“ — песна на македонскиот поет Србо Ивановски.[11]
- „Улица“ - (новела) на македонскиот писател Славко Јаневски од 1950 година.[12]
- „Улица без излез“ — песна на Славко Јаневски.[13]
- „На улица“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[14]
- „Од улица во улица“ (руски: Из улицы в улицу) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1913 година.[15]
- „На улица“ (руски: Уличное) - песна на Владимир Мајаковски од 1913 година.[16]
- „На улица“ — расказ за деца на македонската писателка Оливера Николова.[17]
- „Улиците што ги има: Народен фронт“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[18]
- „Кога ќе помислам на Славко Јаневски“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[19]
- „Мисли што ме обземаат на прометните улици“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[20]
- „Крокодилска улица“ - расказ на полскиот писател Бруно Шулц.[21]
Улицата како тема во филмот
уреди- „Улица“ (германски: Die Straße) - германски филм од 1923 година, во режија на Карл Груне.[22]
- „Шетајќи по улиците на Москва“ (руски: Я шагаю по Москве) - советски филм од 1964 година, во режија на Георги Данелија.[23]
- „Булевар на самракот“ (англиски: Sunset Boulevard) - американски филм од 1950 година, во режија на Били Вајлдер.
- „Шекспирова 9/1“ - краток филм на режисерот Владимир Митревски.[24]
Улицата како тема во музиката
уреди- Улици (англиски: The Streets) — англиски рапер.[25]
- „Сочевата страна на улицата“ (хрватски: Sunčana strana ulice) — песна од истоимениот музички албум на хрватската рок-група Азра.[26]
- „Улиците на Лондон“ (англиски: Streets Of London) — песна на англиската панк-рок група Anti-Nowhere League од 1982 година.[27]
- „7 улици“ (англиски: 7 Streets) — песна на англиската рок-група Atomic Rooster од 1970 година.[28]
- „Улица на јагодите“ (англиски: Strawberry Street) — песна на американскиот рок-музичар Џеф Бакли.[29]
- „На улицата“ (англиски: In The Street) — песна на американската поп-рок група Биг стар од 1972 година.[30]
- „Пени лејн“ (англиски: Penny Lane) — песна на британската рок-група Битлси (The Beatles) од 1967 година.[31]
- „Аби Роуд“ (англиски: Abbey Road) — музички албум на британската поп-рок група Битлси од 1969 година.[32]
- „Булевар на скршените сонови“ (англиски: Boulevard Of Broken Dreams) — песна на американскиот џез-рок музичар Џејмс Вајт (James White) од 1983 година.[33]
- „Авенија на чемпресите“ (англиски: Cypress Avenue) — песна на северноирскиот поп-рок музичар Ван Морисон (Van Morrison) од 1968 година.[34]
- „Улиците на Арклоу“ (англиски: Streets of Arklow) — песна на Ван Морисон од 1974 година.[35]
- „Авенијата Кентаки“ (англиски: Kentucky Avenue) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1978 година.[36]
- „Улицата на милоста“ (англиски: Mercy Street) - песна на британскиот рок-музичар Питер Гебриел (Peter Gabriel) од 1986 година.[37]
- „Законот на улиците“ (англиски: Code Of The Streets) — песна на американската хип-хоп група Gang Starr од 1994 година.[38]
- „Уличен живот“ (англиски: Street Life) — песна на американската хип-хоп група Geto Boys од 1993 година.[39]
- „Авенија на убиствата“ (англиски: Murder Avenue) — песна на американската хип-хоп група Geto Boys од 1993 година.[39]
- „Улиците на твојот град“ (англиски: Streets Of Your Town) — песна на австралиската поп-група The Go-Betweens од 1988 година.[40]
- „На споредните улици“ (англиски: Down The Backstreets) — песна на американскиот рапер Гуру (Guru) од 1993 година.[41]
- „Темни улици“ — песна на македонскиот рапер Да Џака Накот од 2012 година.[42]
- „Скандал во улицата Јазу“ (англиски: Yazoo Street Scandal) — песна на Боб Дилан и Бенд (The Band) од 1975 година.[43]
- „Улица на љубовта“ (англиски: Love Street) — песна на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1968 година.[44]
- „Биди сам на улицата“ (српски: Буди сам на улици) — песна на српската рок-група ЕКВ (ЕКВ) од 1986 година.[45]
- „Каде што улиците немаат име“ (англиски: Where the Streets Have No Name) — песна на ирската рок-група У2 (U2) од 1987 година.[46]
- „Приказни од улицата“ (англиски: Stories Of The Streets) — песна на канадскиот музичар Леонард Коен.[47]
- „Улична тепачка“ (англиски: Street Fight) — песна на американски рок-музичар Алис Купер од 1972 година.[48]
- „Уличен живот“ (англиски: Street Life) — песна од истоимениот албум на американската група Крусејдерс (Crusaders) од 1979 година.[49]
- „На улицата Мишн“ (англиски: Down On Mission Street) — песна на британската рок-група Lloyd Cole And The Commotions од 1984 година.[50]
- „Улицата Шарлот“ (англиски: Charlotte Street) — песна на Lloyd Cole And The Commotions од 1984 година.[50]
- „Немила случка на Јужната улица“ (англиски: Incident on South Street ) — песна на американската џез-група Лаунџ лизардс (The Lounge Lizards) од 1981 година.[51]
- „Уличката Сисотобел“ (англиски: Sisotowbell Lane) — песна на канадската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1968 година.[52]
- „4. јули“ (англиски: 4th of July) — песна од истоимениот албум на македонската рок-група Mooger Fooger.[53]
- „Растресена улица“ (англиски: Shakin' Street) — песна на американската рок-група MC5 од 1970 година.[54]
- „Сребрени улици“ — песна на македонската поп-пејачка Маја Оџаклиевска.[55]
- „Уличен одач“ (српски: Улични ходач) — песна на српската рок-група Партибрејкерс од 1985 година.[56]
- „Улични бранови“ (англиски: Street Waves) — песна на американската рок-група Pere Ubu од 1978 година.[57]
- „Мрачните улици на Лондон“ (англиски: Dark Streets Of London) — песна на ирско-англиската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.[58]
- „Бегство на главната улица“ (англиски: Exile on Main St.) — музички албум на британската рок-група Ролинг Стоунс од 1972 година.[59]
- „Уличен живот“ (англиски: Street Life) — песна на британската рок-група Рокси Мјузик (Roxy Music) од 1973 година.[60]
- „Улична непријатност“ (англиски: Street Hassle) — песна на шкотската рок-група Симпл мајндс (Simple Minds) од 1984 година.[61]
- „Булевар на детонациите“ (англиски: Detonation Boulevard) — песна на британската рок-група Систерс оф мерси (The Sisters Of Mercy) од 1990 година.[62]
- „Ода на уличната мешаница“ (англиски: Ode To Street Hassle) — песна на британската рок-група Спејсмен 3 (Spacemen 3).[63]
- „Диви на улиците“ (англиски: Wild In The Streets) — песна на американската панк-рок група Circle Jerks од 1982 година.[64]
- „Бензиска уличка“ (англиски: Gasoline Alley) — песна од истоимениот музички албум на британскиот рок-музичар Род Стјуарт (Rod Stewart) од 1970 година.[65]
- „На улицата“ (англиски: Down On The Street) — песна на американската рок-група Стуџис (The Stooges) од 1970 година.[66]
- „Улица 22“ — песна на македонската рок-група Funk Shui.[67]
- „Улица на зелените цвеќиња“ (англиски: Green Flower Street) — песна на американскиот рок-музичар Доналд Фејген (Donald Fagen) од 1982 година.[68]
- „Дете на улицата“ (хрватски: Dijete ulice) — песна на хрватската рок-група Филм од 1981 година.[69]
- „Темната страна на улицата“ (англиски: Dark End Of The Street) — песна на американската кантри-група The Flying Burrito Bros од 1969 година.[70]
- „На улица“ (англиски: Out In The Street) — песна на британската рок-група Ху (The Who) од 1965 година.[71]
- „На улицата, денес“ (англиски: In The Street, Today) — песна на британската рок-група The Jam од 1977 година.[72]
- „Звуци од улицата“ (англиски: Sounds From The Street) — песна на The Jam од 1977 година.[73]
Галерија
уреди-
Булеварот „Јане Сандански“ во населбата Аеродром, Скопје
-
Булеварот „Васко Карангелески“ во населбата Аеродром, Скопје
-
Улица во стариот дел на Марбург, Германија
-
Улица во стариот дел на Марбург, Германија
-
Улица во Вецлар, Германија
-
Улица во Касел, Германија
-
Улица во Касел, Германија
-
Скалестата улица (Treppenstrasse) во Касел, Германија
-
Црвената улица (Rote Strasse) во Гетинген, Германија
-
Улица во стариот дел на Гетинген, Германија
-
Улица во стариот дел на Бон, Германија
-
Улица во стариот дел на Бон, Германија
Наводи
уреди- ↑ „улица“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „улица“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сокак“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сокак“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ dictionary.reference.com.
- ↑ „www.usingenglish.com“. Архивирано од изворникот на 2014-02-04. Посетено на 2019-01-22.
- ↑ „www.usingenglish.com“. Архивирано од изворникот на 2014-02-04. Посетено на 2019-01-22.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 12-13.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 36.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 41.
- ↑ Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 56.
- ↑ Славко Јаневски, Улица. Скопје: Државно книгоиздателство на НР Македонија, 1950.
- ↑ Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 51-52.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 31.
- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 22-23.
- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 31.
- ↑ „Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 25-27.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 14-15.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 437-438.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 373-374.
- ↑ Bruno Šulc, Cimetaste prodavnice. Beograd: Paidea, 2015, стр. 71-79.
- ↑ IMDB, The Street (1923) (пристапено на 29.7.2020)
- ↑ IMBd, Walking the Streets of Moscow (1964) Awards (пристапено на 8.2.2019)
- ↑ Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 69.
- ↑ The Streets (пристапено на 10.1.2024)
- ↑ Sunčana strana ulice, Komuna, CD 1002.
- ↑ Discogs, Anti-Nowhere League – We Are...The League (пристапено на 3.12.2021)
- ↑ DISCOGS, Atomic Rooster – Death Walks Behind You (пристапено на 27.11.2021)
- ↑ Discogs, Jeff Buckley – Grace (пристапено на 21.4.2020)
- ↑ Discogs, Big Star – #1 Record (пристапено на 5.2.2022)
- ↑ DISCOGS, The Beatles – Magical Mystery Tour (пристапено на 9.7.2020)
- ↑ DISCOGS, The Beatles – The Beatles (пристапено на 27.6.2019)
- ↑ DISCOGS, James White (2) – James White's Flaming Demonics (пристапено на 7.9.2021)
- ↑ Van Morrison, Astral Weeks, Warner Bros. Records, 1768-2.
- ↑ YouTube, Van Morrison - Streets of Arklow (пристапено на 28.1.2019)
- ↑ DISCOGS, Tom Waits – Blue Valentine (пристапено на 21 септември 2021)
- ↑ DISCOGS, CPeter Gabriel – So (пристапено на 28.10.2022)
- ↑ Discogs, Gang Starr – Hard To Earn (пристапено на 28.11.2022)
- ↑ 39,0 39,1 Discogs, Geto Boys – Till Death Do Us Part (пристапено на 30.10.2022)
- ↑ Discogs, The Go-Betweens – 16 Lovers Lane (пристапено на 15.3.2021)
- ↑ Discogs, Guru – Jazzmatazz Volume: 1 (пристапено на 30.10.2022)
- ↑ Da Dzaka Nakot, Bozjiot prototip. Suriken Records, 027, 2012.
- ↑ Discogs, Bob Dylan & The Band – The Basement Tapes (пристапено на 30.9.2020)
- ↑ Discogs, The Doors – Waiting For The Sun (пристапено на 20.5.2020)
- ↑ YouTube, Ekatarina Velika - Budi sam na ulici (HD) (пристапено на 22.1.2019)
- ↑ U2, The Joshua Tree, Cai 9218, Jugoton.
- ↑ YouTube, Leonard Cohen - Stories Of The Streets (Subtitulado) (пристапено на 28.1.2020)
- ↑ Discogs, Alice Cooper – School's Out (пристапено на 16.4.2022)
- ↑ Discogs, Crusaders* – Street Life (пристапено на 22.1.2019)
- ↑ 50,0 50,1 Lloyd Cole And The Commotions* – Rattlesnakes (пристапено на 1.3.2023)
- ↑ YouTube, The Lounge Lizards - The Lounge Lizards (1981) full album (пристапено на 5.4.2023)
- ↑ Joni Mitchell – Song To A Seagull (пристапено на 24.4.2023)
- ↑ Mooger Fooger, 4th of July, Corpus Delicti Records, CD 001.
- ↑ MC5 – Back In The USA (пристапено на 6.4.2023)
- ↑ YouTube, Маја Оџаклиевска - Сребрени улици (пристапено на 14.10.2019)
- ↑ Partibrejkers – Partibrejkers (пристапено на 17.9.2021)
- ↑ Discogs, Pere Ubu – The Modern Dance (пристапено на 25.2.2021)
- ↑ The Pogues – Red Roses For Me (пристапено на 2.3.2024)
- ↑ Discogs, Rolling Stones* – Exile On Main St. (пристапено на 9.3.2021)
- ↑ Discogs, Roxy Music – Street Life (пристапено на 22.1.2019)
- ↑ Simple Minds – Sparkle In The Rain (пристапено на 8.3.2024)
- ↑ DISCOGS, The Sisters Of Mercy – Vision Thing (пристапено на 23.9.2019)
- ↑ Spacemen 3 – The Perfect Prescription (пристапено на 22.4.2024)
- ↑ DISCOGS, Circle Jerks – Wild In The Streets (пристапено на 8.5.2022)
- ↑ Rod Stewart – Gasoline Alley (пристапено на 16.4.2023)
- ↑ DISCOGS, The Stooges – Fun House (пристапено на 9.7.2019)
- ↑ Funk Shui, Aether, IM0018, ИнтерМедиа, 2012.
- ↑ Discogs, Donald Fagen – The Nightfly (пристапено на 21.3.2021)
- ↑ Discogs, Film – Novo! Novo! Novo! Još Jučer Samo Na Filmu A Sada I U Vašoj Glavi (пристапено на 21.5.2021)
- ↑ DISCOGS, The Flying Burrito Bros – The Gilded Palace Of Sin (пристапено на 21.2.2020)
- ↑ DISCOGS, The Who – My Generation(пристапено на 1.10.2021)
- ↑ The Jam – This Is The Modern World (пристапено на 3.1.2023)
- ↑ The Jam – In The City (пристапено на 3.1.2023)