Улица (германски: Die Straße) — германски филм од 1923 година, во режија на Карл Груне, кој е коававтор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Еуген Клепфер, Луси Хефлих, Антон Едхофер, Ауд Егеде-Нисен, Макс Шрек, Леонард Хаскел и Саша.[1]

Синопсис уреди

Еден граѓанин (го игра Клепфер) се досадува во својот дом, гледајќи сенки на таванот. Потоа, погледнува низ прозорецот на улицата и наместо стварноста има илузии. Тоа го наведува да излезе на улицата каде среќава проститутката Дирне (ја игра Егеде-Нисен), која му се жали дека ги изгубила парите. Тој ја следи проститутката и тие влегуваат во ноќен клуб каде им се приклучуваат нејзините соработници, како и еден гостин (го игра Хаскел) во барот. Истовремено, еден слеп старец (го игра Шрек) го губи внучето (го игра Саша) на улица, но детето го зема полицаец и го носи во полициската станица, а подоцна, полицијата го враќа дома, додека еден минувач му помага на слепецот да се врати. Граѓанинот е љубоморен на проститутката, која флертува со гостинот, па почнува тепачка со него. Тогаш, нејзините соработници го канат гостинот на партија карти, а набргу им се придружуваат проститутката и граѓанинот. Тој ги губи сите пари и го вложува и прстенот, но потоа го служи среќата и заработува многу пари и го напушта барот. Проститутката заминува со гостинот од барот во својата куќа, но истовремено го повикува и граѓанинот, внесувајќи го во соседната соба. Тогаш доаѓаат нејзините соработници при што макрото (го игра Едхофер) го убива гостинот од барот, а потоа проститутката и нејзините двајца соработници бегаат. Меѓутоа, од пукотницата се будат малото дете и слепецот, а детето истрчува надвор и ја повикува полицијата која го затекнува граѓанинот на местото на убиството и го апси. Истовремено, проститутката оди во полициската станица и го пријавуав убиството, обвинувајќи го граѓанинот така што него го затвораат. Во станицата пристигнува и макрото, кој тврди дека цел ден не бил дома, но неговото дете го предава. Во меѓувреме, граѓанинот сака да се обеси во ќелијата, но токму тогаш го ослободуваат, а ги притвораат тројцата виновници. Утредента, граѓанинот се враќа дома кај својата верна сопруга.

Наводи уреди