Питер Гејбриел

Британски музичар, композитор и текстописец (роден 1950 година)
(Пренасочено од Питер Гебриел)

Питер Брајан Гејбриел (англиски: Peter Brian Gabriel; роден на 13 февруари 1950) ― англиски пејач, текстописец, музички продуцент и активист. Својата популарност ја стекнал како првоначалниот предводник на рок-групата Genesis.[1] Откако во 1975 година ја напуштил Genesis, Питер започнал успешна соло-кариера. Неговиот петти студиски албум, So (1986), е неговото најпродавано издание; албумот има троен платинест сертификат во Обединетото Кралство и е петкратно платинест во САД. Најуспешната песна од тој албум, „Sledgehammer“, во 1987 година освоила рекордни девет MTV награди на MTV Видео музичките награди, а според извештајот од 2011 година, песната била најсвирен музички спот на MTV на сите времиња.[2]

Питер Гејбриел
Gabriel in performance
Питер Гејбриел во Денвер, октомври 2023
Животописни податоци
Родено имеПитер Брајан Гејбриел
Роден(а)13 февруари 1950(1950-02-13)(74 г.)
Чобам, Сари, Англија
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
  • музички продуцент
  • активист
Инструменти
  • Вокал
  • клавијатури
  • флејта
Период на активност1965–денес
Издавачи
Мреж. местоpetergabriel.com Уредете го ова на Википодатоците

Гејбриел во текот на неговата кариера дал голем придонес во развојот на светската музика. Тој е коосновач на WOMAD фестивалот во 1982 година.[3] Со неговата издавачка куќа Real World Records бил насочен кон продуцирање и промовирање на светска музика. Тој е пионер во методите за дигитална дистрибуција на музика, коосновач на OD2 (еден од првите сервиси за симнување музика од интернет).[4] Гејбриел бил активен борец за човекови и граѓански права. Во 1980 година го издал синглот против апартхејдот „Biko“.[3] Учествувал на многу концерти за заштита на човековите права, како и на светската турнеја „Човекови права сега!“ (Human Rights Now) организирана од Амнести интернешенал во 1988 година, а во 1992 година бил коосновач на организацијата за човекови права WITNESS.[3] Гејбриел, заедно со Ричард Бренсон, бил вклучен во развојот на организацијата The Elders која била основана од Нелсон Мандела во 2007 година.[5]

Гејбриел има освоено три Брит награди,[6] шест Греми награди, [7] тринаесет MTV Video музички награди, првата воопшто Пионер награда на BT Digital Music Awards,[8] Награда за животно дело од списанието Q,[9] награда Ајвор Новело за животно дело,[10] и Polar Music Prize.[11] На 57-тo годишнo доделување награди од BMI бил прогласен за икона за BMI за неговото „влијание врз генерациите на музички продуценти“.[12] Како признание за неговиот долгогодишен активизам за човекови права, од лауреатите на Нобеловата награда за мир во 2006 година тој ја добил наградата „Човек на мирот“,[13] а магазинот „Тајм“ го прогласил за еден од 100-те највлијателни луѓе во светот во 2008 година.[14] AllMusic го опишал Гејбриел како „еден од најамбициозните, најиновативни музичари во рокот, како и еден од најполитички ориентирани музичари во рокот“.[15] Во 2010 година, како член на Genesis, бил примен во Куќата на славата на рокенролот,[16] а во 2014 година и како солист.[17] Во март 2015 година, бил награден со почесен докторат од Универзитетот на Јужна Австралија како признание за неговите достигнувања во музиката.

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Peter Gabriel (1977; познат како Peter Gabriel 1 and Car)
  • Peter Gabriel (1978; познат како Peter Gabriel 2 and Scratch)
  • Peter Gabriel (1980; познат како Peter Gabriel 3 and Melt)
  • Peter Gabriel (1982; познат како Peter Gabriel 4 and Security)
  • So (1986)
  • Us (1992)
  • Up (2002)
  • Scratch My Back (2010)
  • New Blood (2011)
  • I/O (2023)

Саундтрак албуми

  • Birdy (1985)
  • Passion (1989)
  • OVO (2000)
  • Long Walk Home (2002)

Наводи

уреди
  1. Празен навод (help)
  2. Празен навод (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 „Peter Gabriel on 30 years of WOMAD – and mixing music with politics“. The Guardian. 26 July 2012. Архивирано од изворникот на 19 April 2017. Посетено на 25 February 2014.
  4. „Peter Gabriel on the digital revolution“. Edition.cnn.com. 22 July 2004. Архивирано од изворникот на 3 March 2014. Посетено на 25 February 2014.
  5. „Nelson Mandela launches Elders to save world“. Telegraph Online. London. 19 July 2007. Архивирано од изворникот на 9 January 2014. Посетено на 19 March 2014.
  6. „The BRITs 1987“. Brits.co.uk. Архивирано од изворникот на 17 March 2014. Посетено на 27 September 2014.
  7. „Past Winners: Peter Gabriel“. The GRAMMYs. Архивирано од изворникот на 20 July 2015. Посетено на 27 September 2014.
  8. „Lily Allen wins web music award“. BBC News. 4 October 2006. Архивирано од изворникот на 2 November 2006. Посетено на 23 June 2013.
  9. „Oldies are golden at the Q awards“. The Guardian. 31 October 2006. Архивирано од изворникот на 26 September 2014. Посетено на 29 June 2014.
  10. „Winehouse triumphs at Ivor awards“. BBC News. 24 May 2007. Архивирано од изворникот на 5 October 2007. Посетено на 6 March 2015.
  11. „Gabriel shares Polar Music Prize“. BBC News. 12 May 2009. Архивирано од изворникот на 17 May 2009. Посетено на 25 February 2014.
  12. „Peter Gabriel Receives Top Honor at BMI London Awards“. Bmi.com. 17 October 2007. Архивирано од изворникот на 6 March 2010. Посетено на 13 October 2010.
  13. „Peter Gabriel Receives 'Man Of Peace' Award“. Gigwise.com. 18 November 2006. Архивирано од изворникот на 2 April 2015. Посетено на 6 March 2015.
  14. „The 2008 TIME 100: Peter Gabriel“. TIME.com. 12 May 2008. Архивирано од изворникот на 22 August 2013. Посетено на 27 September 2014.
  15. Erlewine, Stephen Thomas. „Peter Gabriel Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 6 August 2015. Посетено на 27 March 2014.
  16. „Abba receive Hall of Fame honour“. BBC News. 16 March 2010. Архивирано од изворникот на 20 November 2020. Посетено на 25 February 2014.
  17. „Nirvana inducted to Rock and Roll Hall of Fame“. BBC News. 11 April 2014. Архивирано од изворникот на 11 April 2014. Посетено на 11 April 2014.

Надворешни врски

уреди