4th of July (албум на Mooger Fooger)

4th of July“ (македонски: 4. јули) — музички албум на македонската рок-група „Mooger Fooger“. Албумот е издаден во форма на компакт-диск, како прво издание на „Corpus Delicti Records“. Насловот на албумот е изведен од истоимената улица во скопската населба Чаир каде што (во една барака) била основана групата.

СодржинаУреди

Албумот содржи 16 песни, и тоа:[1]

  1. 4th of July
  2. Welcome To My World
  3. Dead On The Sidewalk
  4. Драги мои стотројкаши!
  5. The Warrior
  6. Deserted Gardens
  7. Будење на пролетта
  8. I Had A Dream of a Dead Tree
  9. The Deafening Whisper
  10. 1001 Tomorrows
  11. Wounds
  12. Чекајќи го рајот
  13. Walking Around
  14. The Last Day of The Earth
  15. Frozen Obscurity
  16. And What Next?!

ИзведувачиУреди

На албумот настапуваат следниве музичари:[2]

Продуцент на албумот е Сеад Хаџиќ - Сецко, Ненад Трифуновски е инженер на звукот, Евгениј Каревски ја направил пост-продукцијата, дизајнот е дело на Bea.Arna, Горан Трајкоски ја миксирал седмата песна, додека Сашко Костов ја миксирал 16. песна. Автор на текстовите е Џабир Дерала, освен текстовите на следниве песни: „Будење на пролетта“ (Горан Трајкоски), „1001 Tomorrows“ и „Чекајќи го рајот“ (Ристо Солунчев), „Wounds“ (Соња Димитриевска) и „Walking Around“ и „And What Nexts?!“ (Сашко Костов).[3]

НаводиУреди

  1. Mooger Fooger, 4th of July, Corpus Delicti Records, CD 001.
  2. Mooger Fooger, 4th of July, Corpus Delicti Records, CD 001.
  3. Mooger Fooger, 4th of July, Corpus Delicti Records, CD 001.