Северен Поларник
Северен Поларник (Северен Поларен Круг или Арктички Круг) — еден од петте главни напоредници на картата на светот. Ова е замислениот обрач што минува на географската ширина од 66° 33′ 44″ (или 66.5622°) северно од екваторот.[1]
Подрачјето северно од Северниот Поларник се нарекува Арктик, а подрачјето веднаш на југ е северниот умерен појас. Еквивалентниот напоредник на јужната полутопка се нарекува Јужен Поларник (Антарктички Круг).
Северниот Поларник го бележи јужниот крај на поларниот ден (ден до 24-часовна дневна светлина) и поларната ноќ (ден со 24-часовен мрак). Северно од кругот, сонцето на два наврати годишно ја задржува истата положба во текот на 24 часа: еднаш над и еднаш под хоризонтот. На самиот поларник ова се случува точно по еднаш годишно, за време на јунскиот и декемврискиот сонцестој. Поради атмосферското прекршување на светлината и поради тоа што сонцето е тело, а не точка, дел од полноќното сонце се гледа навечер за време на северната летна долгодневица сè до околу 50′ (90 км) јужно од поларникот; истото важи и за северната зимска краткодневица, каде дел од сонцето може да се види сè до околу 50′ северно од кругот. Ова важи за морското ниво, а во повисоките предели границите се повисоки.
Положбата на Северниот Поларник не е постојана, туку непосредно зависи од Земјиниот осен наклон, кој се менува во дијапазон од 2° во текот на период од 40.000 години,[2] особено поради приливните сили што ги предизвикува орбитата на Месечината. Овој поларник моментално се движи на север со стапка од 15 м годишно.
Географија
уредиСеверно од Северниот Поларник е слабо населен поради мошне студената арктичка клима. Трите најголеми места над кругот се во Русија: Мурманск (нас. 325.100), Нориљск (135.000) и Воркута (85.000). Тромсе (Норвешка) има околу 68.000 жители. За разлика од нив, најголемото место над кругот во Северна Америка е Сисимиут (Гренланд) со околу 5.000 жители, а најголемото место на Канада и САД е Баро (Алјаска) со 4.000 жители. Градот Рованиеми (Финска), кој се наоѓа малку јужно од кругот има 58.000 жители и е најголемото населено место во непоследна близина на кругот.
Кругот минува низ Северноледениот Океан, Скандинавскиот Полуостров, северна Азија, Северна Америка и Гренланд. Земјиштето на кругот е поделено на осум земји: Норвешка, Шведска, Финска, Русија, САД (Алјаска), Канада, Данска (Гренланд) и Исланд (каде минува низ малиот недалечен остров Гримсеј).
Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, Северниот Поларник минува низ:
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Повратник во движење[мртва врска] (шпански)
- ↑ „Arctic Circle“. Архивирано од изворникот на 2008-10-11. Посетено на 2012-02-09.
Надворешни врски
уреди„Северен Поларник“ на Ризницата ? |
- пресметки на временски епохи (англиски)
- Корисни константи (англиски)
- ArcticFocus — факти и вести за Арктикот (англиски)