Кандалакшански Залив
Кандалакшанскиот Залив (рус. Кандалакшский залив, фин. Kantalahti, карел. Kandalakši = „залив на реката Канда“[1]) е голем залив во Република Карелија и Мурманската област о северозападна Русија. Го образува северозападниот агол на Белото Море, и претставува еден од четирите поголеми заливи во морето. Другите три се Онешкиот Залив (југозападно), Двинскиот Залив (јужно) и Мезенскиот Залив (south east).
На север од заливот се наоѓа Колскиот Полуостров. На северниот врв на заливот е сместен градот Кандалакша и новото нафтено пристаниште Витино (10 км јужно).
Делови од крајбрежјето на заливот му припаѓаат на Кандалакшанскиот природен резерват („Кандалакшский заповедник“), каде влегуваат многу острови.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Етимологија на името Кандалакша (руски)
Надворешни врски
уреди- Кандалакшански резерват (руски) (англиски)
Оваа статија место во Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |