Дејвисов Проток
Дејвисов Проток (англиски: Davis Strait, дански: Davisstrædet француски: Détroit de Davis) — северен крак на Лабрадорското Море, сместен меѓу среднозападен Гренланд и Бафиновата Земја (Нунавут, Канада). Протокот го носи името на англискиот истражувач Џон Дејвис (1550–1605), кој прв се нашол во ова подрачје барајќи „Северозападен Премин“.
ГранициУреди
Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Дејвисовиот Проток се следниве:[1]
На север: јужниот крај на Бафиновиот Залив [напоредникот 70° СГШ помеѓу Гренланд и Бафинова Земја].
На исток: југозападното крајбрежје на Гренланд.
На југ: напоредникот 60° СГШ помеѓу Гренланд и Лабрадор.
На запад: источниот крај на северозападните премини јужно од 70° СГШ [источното крајбрежје на Бафинова Земја до нејзиниот југоисточен крај Ист Блаф] и Хандсоновиот Проток [линија од Ист Блаф, (61°53′N 65°57′W / 61.883° СГШ; 65.950° ЗГД), до ‘ртот Меридијан, западниот крај на Долните Севиџови Острови, долж крајбрежјето, па до југозападниот крај, а оттаму линија низ западниот крај на островот Резолушн, преку југозападниот брег, па до ‘ртот Хатон (јужниот крај), па оттука линија до ‘ртот Чидли, Лабрадор (60°24′N 64°26′W / 60.400° СГШ; 64.433° ЗГД)].
ГеологијаУреди
Прптокот има сложени геолошки особености грабени (басени) и сртови, веројатно созададени со ударното раседување за време на палеогенот (пред 45-62 милиони години). Ова раседување предизвикало придвижување на плочите во Лабрадорското Море и Бафиновиот Залив. Затоа, ова е најширокиот проток на светот.
ДлабочинаУреди
Длабочината на протокот се движи од 1000-2000 м, и со тоа е значително поплиток од Лабрадорското Море на југ и Бафновиот Залив на север.
НаводиУреди
- ↑ „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 6 февруари 2010. (англиски)
Надворешни врскиУреди
- Сателитски снимки на Дејвисовиот Проток (јуни 2005) - MODIS (англиски)