Дански Проток или Гренландски Проток (дан. Danmarksstrædet, исл. Grænlandssund) — океански проток помеѓу Гренланд (на северозапад) и Исланд (на југоисток). Југоисточно од протокот се наоѓа норвешкиот остров Јан Мајен. Пеотокот го поврзува Гренландското Море (продолжение на Северноледениот Океан) со Ирмингеровото Море (дел од Атлантскиот Океан). Долг е 480, а широк 289 км во најтесниот дел помеѓу ‘ртот Стромнес на полуостровот Хорнстрандир (северозападен Исланд) и ‘ртот Тупиније на Блосвиловото Крајбрежје во Источен Гренланд). Меѓутоа според Меѓународната хидрографска организација (МХО), официјалната граница помеѓу Северноледениот и Северниот Атлантски Океан се протега од Стромнес до ‘ртот нансен, кој се наоѓа 132 км југозападно од ‘ртот Тунипије. Растојанието од Стромнес до ‘ртот Нансен изнесува 336 км.

Данскиот Проток (лево) и околните мориња.

Во најдлабокиот дел на теснецот, гренландско-исландската стрмнина се спушта по дното на морето, каде длабочината изнесува 191 метри. Студената источногренландска струја и со себе носи санти во Северниот Алтантски Океан. Ова подрачје има големо значење за стопанскиот риболов.

Во Втората светска војна се одиграла Битката во Данскиот Проток на 24 мај 1941 г. Германскиот брод „Бизмарк“ го потопил британскиот крстосувач „Худ“, кој експлодирал и ги одзел животите на целата 1418-члена посада со исклучок на тројца. Истиот судир му нанел и тешки оштетувања на британскиот брод „Принцот од Велс“. „Бизмарк“ успеал да навлезе во Атлантикот, но поради претрпените штети не можел да си ја исполни задачата - да ги уништи британските конвои.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

67°N 24°W / 67° СГШ; 24° ЗГД / 67; -24