Поларниот ден или полноќното сонце е природна појава кој се случува во летните месеци на географски ширини северно и јужно близу до Арктикот, како и јужно и северно близу до Антарктикот каде сонцето останува видливо и на полноќ по месно време. Во зависност од времето сонцето може да се гледа цели 24 часа без прекин, најчесто северно од Арктикот и јужно од Антарктикот. Бројот на потенцијални поларни денови во годината се зголемува како што се приближуваме до половите.

Полноќно сонце во Нордкап, Норвешка.
Фјордот Алта во Алта, Норвешка на полноќно сонце
Полноќно сонце во Кируна, Шведска

Нема постојани живеалишта јужно од Антарктикот, што значи бројот на земји и територии чии населенија имаат можност да го доживеат овој феномен е ограничен на оние низ кои минува Арктикот, како на пример: Канада (Јукон, Северозападни Територии, Нунавут), Гренланд, Финска, областа Лапонија, Норвешка, Русија, Шведска, САД, Алјаска и краците на Исланд. Четвртина од територијата на Финска се наоѓа северно од Арктикот, а на најсеверната точка сонцето не заоѓа 73 дена во текот на летото. На Шпицбершките Острови, Норвешка, најсеверната населена област во Европа, нема зајдисонце приближно од 19 април до 23 август. Најекстремни места се половите каде сонцето може да биде видливо и до половина година.

Спротивниот феномен, поларната ноќ, се случува во зима кога сонцето останува под хоризонтот во текот на целиот ден.

Затоа што Земјината оска е наведната кон еклипсата за приближно 23 степени 27 минути, сонцето не заоѓа на големи географски ширини во летно време (локално лето). Времетраењето на полноќното сонце се зголемува од еден ден за време на летната рамноденица на поларникот до приближно (поради прекршување на светлината) шест месеци на половите. Во екстремните географски ширини вообичаено го нарекуваат поларен ден. Времетраењето кога сонцето е над хоризонтот се разликува од неколку дена на Арктикот и Антарктикот до 186 дена на географските полови.

На самите полови сонцето изгрева и заоѓа само по еднаш годишно. За шесте месеци кога сонцето е над хоризонтот на половите, тоа во текот на денот постојано се движи околу хоризонтот, достигнувајќи го најголемиот круг на небото при летната рамноденица.

Поради прекршувањето на светлината, полноќното сонце може да се види на географски ширини малку под поларникот, но не за повеќе од еден степен (во зависност од локалните услови). На пример, можно е да се доживее поларен ден на Исланд, иако поголемиот дел од него е малку јужно од Арктикот. Дури и во северните краеви на Шкотска во овој период (и места со слична географска ширина) може да дојде до постојан самрак или светлина на небото.

Часовни појаси и летно сметање на времето

уреди

За целите на овој напис поимот „полноќно сонце” се однесува на феноменот на 24-часовна сончева светлина северно од Арктикот или јужно од Антарктикот. Но, има некои други случаи кога се споменува „полноќно сонце”, иако тие всушност се поради промената на часовни појаси и летното сметање на времето. На пример во Фербенкс, Алјаска, кој се наоѓа јужно од Арктикот, сонцето заоѓа во 12:47 за време на летната рамноденица. Ова е поради тоа што Фербенкс е еден час пред неговата вистинска часовен појас (поради промените со цел целата земја да биде во една часовен појас) и поради тоа што државата Алјаска користи летно сметање на времето. Ова значи дека до сончева кулминација доаѓа околу 14:00 часот наместо како што е во повеќето места во 12:00 часот. Обратно, пак, до астрономска полноќ доаѓа во 02:00 часот. Во Бетел, Алjаска, кој се наоѓа јужно од Енкориџ, сонцето, за време на летната рамноденица, од истите причини, заоѓа во 12:24 часот. Овие примери не се вистински феномени на поларен ден/полноќно сонце затоа што сонцето е под хоризонтот секој ден од годината во времето на локалната астрономска полноќ.

Бели ноќи

уреди

Наместо ова, на местата со над 60 степени географска ширина кои се јужно од Арктикот или северно од Антарктикот доаѓа до полноќен самрак. Сонцето е на хоризонтот до 6 степени под хоризонтот, па дневни активности како читање се сѐ уште возможни без употреба на вештачка светлина доколку не е облачно.

Белите ноќи станаа познат симбол на Санкт Петербург, Русија. Тие траат од 11 јуни до 2 јули и последните 10 дена од јуни се проследени со културни манифестации.

Кога може да го видите полноќното сонце

уреди
 
Мапа која ги прикажува датумите на полноќно сонце на различни географски ширини (лево) и вкупниот број на ноќи.

Според Visit Norway полноќното сонце е видливо на Арктикот од 12 јуни до 1 јули. Колку се оди посеверно толку овој период е подолг.

Во Нордкап, Норвешка, познат како најсеверна точка во континентална Европа овој период трае од 14 мај до 29 јули. Северно, на Шпицбершките Острови овој период трае од 20 април од 22 август..[1]

Влијание врз луѓето

уреди

На многумина им е тешко да заспијат навечер кога сонцето грее. Најчесто најголеми проблеми имаат посетителите и новодојденците. На мештаните исто така им е проблем, но во помала мера. Немање на ноќ долго време може да предизвика хипоманија, која се одликува со постојана и честа промена на расположението и нервоза.

Ова може да предизвика симптоми на хиперкинетичко нарушување (Attention deficit hyperactivity disorder/ADHD), менувајќи го опсегот на внимание кај луѓето, кои мора да брзаат при кратката сончева светлина во ноќта и зголемувајќи ја избувливоста и хиперактивноста при постојана светлина.

Исто така, полноќното сонце претставува посебен предизвик за религиозните луѓе како Евреите, чии обичаи се засновани на 24-часовниот деноноќен циклус.

Во филмовите и сериите

уреди
  • Во филмот Несоница (Insomnia) и неговата американска преработка од 2002 г., главниот лик додека истражува убиство северно од Арктикот (Норвешка во оригиналот и Алјаска во преработката) има проблеми со несоница делумно поради полноќното сонце.
  • Во епизодата Полноќното сонце (The Midnight Sun) од серијата Зона на самракот (The Twilight Zone) Земјата е на пат да се судри со сонцето предизвикувајќи го ефектот на полноќно сонце.
  • Епизодата насловена Полноќно сонце од серијата Живот на север ги истражува последиците од феноменот кај жителите од едно мало село во Алјаска.

Наводи

уреди

1. Lutgens F.K., Tarbuck E.J. (2007) The Atmosphere, Tenth Edition, page 39, PEARSON, Prentice Hall, NJ.

  1. Trygve B. Haugan, ed. Det Nordlige Norge Fra Trondheim Til Midnattssolens Land (Trondheim: Reisetrafikkforeningen for Trondheim og Trøndelag. 1940)

Надворешни врски

уреди