Лапонија или Лаппанд (фински и севернолапонски: Lappi, шведски Lappland) е најголемиот и најсеверниот регион во Финска. Општините во него се здружени во регионален совет. Се граничи со Северна Остроботнија на југ, Ботнискиот Залив, окрузите Норботен (Шведска), Финмарк и Тромс (Норвешка) како и со Мурманската област во Русија.

Лапонија
Lapin maakunta
Lapplands landskap
Регион
Грб на Лапонија
Местоположба на Лапонија
Координати: 67°N 026°E / 67° СГШ; 26° ИГД / 67; 26
ЗемјаФинска
Админ. центарРованиеми
Површина
 • Вкупна98.984 км2 (38,218 ми2)
Население (2009)
 • Вкупно184.000
 • Густина1,9/км2 (4,8/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
ISO 3166LL
Мреж. местоlapinliitto.fi
Диви предели во Енонтекио

Историски покраини

уреди

Лапонија е одделена од Оулу во 1936. По Втората светска војна, областите Пецамо (Печеншки реон) и Сала му припаднале на Советскиот Сојуз. Според монархистичкиот устав во првата половина на 1918 г, Лапонија требала да стане големо кнежевство, како дел од наследството на предложениот крал на Финска, но ова не се остварило.

Лапонија била една од покраините во Финска, сè до нивното распуштање на 1 јануари 2010.[1]

Население

уреди

Во Лапонија живее околу 3,6% од населението на Финска. Регионот е во голема мера најретко населено подрачје во земјата. Најголеми градови се Рованиеми (админ. центар), Кеми и Торнио. Во 2009 населението броело 183.748 жители, од кои 179.070 како мајчин го говореле фински, 1.473 лапонски, 338 шведски и 2.867 говореле друг јазик.[2] Од лапонските јазици, во регионот се застапени севернолапонскиот, инарсколапонскиот и сколтскиот лапонски јазик.

Управа

уреди

Покраинската служба е овластена од неколку државни министерства. Има за цел да ги застапува државните и регионални цели и замисли на централната администрација.

Регионален совет

уреди

Општините во Лапонија се организирани во еден регион, каде раководството се одвива во заеднички регионален совет наречен Лаплански регионален совет (Lapin liitto или Lapplands förbund).

Лапонска роднокрајна област

уреди

Лапонците (Сами) се најбројни во најсеверните општини во Лапонија, па затоа тие општини ја образуваат Лапонската роднокрајна област (севлап. Sámiid ruovttuguovllu). Овој начин на организација на Лапонците е напореден на регионалното устројство на земјата.

Општини

уреди
 
Карта на општините во Лапонија

Белешки

уреди
  1. „Со новиот регионален управен модел во [[2010]] се укинуваат покраините“. Helsingin Sanomat International Edition. Sanoma. 31 декември 2009. Посетено на 1 јануари 2010. URL–wikilink conflict (help) (англиски)
  2. Статистички бази Архивирано на 10 јануари 2021 г. - Статистички центар на Финска (фински)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди