Опски Залив
Опски Залив (руски: Обская губа) — залив во Северноледениот Океан. Се наоѓа во северна Русија на устието на реката Об.[2] Претставува најдолго устие на светот.[3]
Опски Залив Обская губа | |
---|---|
Местоположба на Опскиот Залив | |
Подрачје | Краен Север |
Координати | 68°50′N 73°30′E / 68.833° СГШ; 73.500° ИГД |
Речни извори | Об |
Океански/морски извори | Карско Море |
Сливни земји | Русија |
Прос. длабочина | 10-12 м |
Службен назив: Острови во Опското Устие, Карско Море | |
Прогласено: | 13 септември 1994 |
Број | 676[1] |
Географија
уредиУстието на Опскиот Залив се наоѓа во Карското Море помеѓу Гиданскиот и Јамалскиот Полуостров.[2] Долго е околу 1.000 км и широко од 50 до 80 км. Се протега во правец север-југ.[2] Заливот е релативно плиток, со просечна длабочина од 10 до 12 м, поради што е непогоден за тешки пловила. Тазовското Устие е источен страничен ракав образуван од реката Таз.
Во устието на Об има неколку острови како островот Халеј. Сите тие се блиску до брегот и имаат нозок релјеф. Прогласени се за заштитени моклишта според Рамсарската конвенција.[1] Понасевер сè до Карското Море заливот нема острови, со исклучок на неколку крајбрежни како Халевнго и Њавиго.
Фосилни горива
уредиНа ова подрачје има мошне големи лежишта на природен гас и нафта. На запад е Јамалскиот проект за искористување на ресурсите од Јамалскиот Полуостров. На југоисток е Јамбуршкото гасно поле, трето гасно поле по големина во светот, сместено меѓу јужниот дел на заливот и Тазовското Устие на исток. Нафтата и гасот од изворите се пренесуваат преку цевковод и по железница.
На западниот брег на заливот во Сабета е изградено пристаниште за пренос на гас.[5] Почнало да стопанисува во декември 2017 г., товарејќи го првиот носач на течен природен гас (ТПГ).[6]
Претпријатието „Газпром“ има терминал за товарање нафта во блиските води, предвидено да работи и кога мразот е дебел преку 2 метра.[7][8]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Islands in Ob Estuary, Kara Sea“. Ramsar Sites Information Service. Посетено на 25 април 2018.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 "Gulf of Ob." Архивирано на 20 март 2012. Earthsnapshot.com. посет. јуни 2011 г.
- ↑ „Longest estuary“. Архивирано од изворникот на 2019-02-07. Посетено на 2023-11-20.
- ↑ Solovyev A. B..Platonov G. N.. Glazov M. D.. hpak V. O.. V. V. Rozhnov V. V.. 2012. "Distribution of beluga whales (Delphinapterus leucas) in the Russian Arctic seas according to the results of expedition aboard RV Mikhail Somov, September–November 2010. December 2012, Biology Bulletin, Volume 39, Issue 7, pp.654–658, doi:10.1134/S1062359012070102, SpringerLink
- ↑ „Port of Sabetta“. Ship Technology. Посетено на 12 јануари 2015.
- ↑ Foy, Henry (8 декември 2017). „Russia ships first gas from $27bn Arctic project“. Financial Times. Посетено на 10 јуни 2018.
- ↑ „Yamal“. Gazprom. Архивирано од изворникот на 2021-12-23. Посетено на 8 ноември 2021.
- ↑ Staalesen, Atle (16 декември 2020). „Ships flock in icy Ob Bay as new grand seaport rises“. The Barents Observer. Посетено на 8 ноември 2021.
Надворешни врски
уреди„Опски Залив“ на Ризницата ? |
- Острови во устието на Об (англиски)
- Заштитени моклишта на Опскиот Залив (англиски)
- Многу темелена расправа за Опскиот Залив (англиски)