Северозападни Територии
Северозападни територии (англиски: Northwest Territories / француски: les Territoires du Nord-Ouest) е територија во Канада. Се наоѓа во северна Канада, источно од Јукон, западно и јужно од Нунавут и северно од Британска Колумбија, Алберта и Саскачеван.
Површина: 482.443 км2 (напомена: во прилозите за Канада под површината се подразбира површина на копното на секоја покраина или територија).
Жители: 31.227.
Главен град: Јелоунајф (англиски:Yellowknife ) од 1967. година.
Најзначајна географска знаменитост се Големо Мечкино Езеро и Големо Ропско Езеро, огромната река Мекензи, и клисурата на реката Нахани.