Поларна ноќ
Поларна ноќ — природна појава кога ноќта трае преку 24 часа, а до ова доаѓа само внатре во поларниците. Спротивната појава кога сонцето останува над хоризонтот долго време се вика поларен ден или полноќно сонце.
Често недоразбирање е дека на најкраткиот ден во годината (зимска рамноденица) во секој момент кога доаѓа до појава на полноќно сонце во поларникот е целосна темнина. Ова е точно за местата кои се близу до половите, но не важи за регионите кои се наоѓаат во внатрешноста на поларниците каде доаѓа до појавата на полноќно сонце. Поради самракот во овие региони се појавува поларен самрак наместо поларна ноќ. Всушност, поларните региони типично имаат повеќе самраци во текот на целата година отколку регионите околу екваторот.
Во регионите во поларниците времетраењето кога сонцето е под хоризонтот може да биде од 20 часа на Арктикот и на Антарктикот до 179 дена на географските полови. Но, не цело ова време се смета за поларна ноќ, затоа што може да има поприлично сончева светлина поради појавата на прекршување на зраците. Исто така може да се забележи дека времето кога сонцето на половите е над хоризонтот се смета за 186 дена. Несиметричноста во бројките е затоа што времето кога сонцето е делумно над хоризонтот се смета како „дневно време“.
Видови на поларна ноќ
уредиКако што има различни видови на самрак, така има и различни видови на поларна ноќ. Ова е затоа што поларната ноќ се дефинира како период за време на кој нема самрак. Овие дефиниции за географската ширина важат кога небото е релативно чисто, што значи дека би било потемно при густи облаци.
Поларен самрак
уредиДо поларен самрак доаѓа во областите во внатрешноста на поларниците кога сонцето цел ден е на или под хоризонтот за време на зимската рамноденица, иако, може сепак да има доволно светлина за нормални активности на отворено за време на обичниот самрак поради распространувањето на светлината во горните слоеви на атмосферата и поради прекршувањето на сончевите зраци. До ова доаѓа кога нема вистинска дневна светлина и има само денски/ноќен самрак при сончева кулминација. Можно е уличните светла да останат вклучени и гледано низ прозорецот на добро осветлена соба може да се види отсјајот од светлата дури и на пладне, затоа што нивото на надворешна осветленост е помало од она во многу осветлени затворени простории. Сепак, возможно е правење на активности на отворено без користење на вештачка светлина.
Оние кои страдаат од сезонско нарушување на расположението се обидуваат да си помогнат со користење на вештачки светла, затоа што психолошките потреби од сончева светлина налагаат прилично високи нивоа на амбиентална светлина (до 10.000 лукса) кои ги нема во ниту една фаза од самракот, па во тој поглед, самраците кои се случуваат насред ден каде било внатре во поларниците се сметаат за поларни „ноќи“.
Најтемна поларна ноќ
уредиНајтемна поларна ноќ е оној период кога има само мал видлив блесок на светлина на пладне. Ова се случува кога нема ноќен/денски самрак (денскиот самрак започнува кога сонцето е 6° под хоризонтот, а завршува со изгрејсонце, додека ноќниот самрак започнува со зајдисонце, а завршува кога сонцето е 6° под хориознтот), туку има само морнарски самрак (вака се нарекува затоа што овој вид на самрак завршува кога морнарите веќе не можат да се раководат според висината на сонцето на хоризонтот) при сончева кулминација. Ноќен/денски самрак се јавува кога сонцето е меѓу нула и шест степени под хоризонтот. Најтемната поларна ноќ е ограничена на географски ширини над 72° 33', што пак се точно 6 степени во поларникот. Ниту едно место во копнена Европа не ги исполнува овие услови. На Шпицбершките Острови најтемната поларна ноќ трае од 11 ноември до 30 јануари. Во автономната руска област Диксон (Dikson) најтемната поларна ноќ трае приближно еден месец. Доколку има густи облаци станува уште потемно и места како брегот на Финмарк во Норвешка (околу 70°) имаат доста темен „ден“.
Морнарска поларна ноќ
уредиМорнарската поларна ноќ е периодот кога на пладне нема сончева светлина, но небото не е целосно темно. Се јавува кога нема морнарски самрак, туку има само астрономски самрак (сонцето е меѓу 12° и 18° под хоризонтот) при сончева кулминација. Морнарски самрак се јавува кога сонцето е меѓу 6° и 12° под хоризонтот, но сепак има дел од хоризонтот со многу повеќе светлина од останатите делови, а причина е појавата на прекршување на сончевите зраци. Морнарската поларна ноќ е ограничена на географски ширини над 78° 33', што е точно 12 степени во внатрешноста на поларникот, односно единаесет и пол степени од полот. Во Алерт, Нунавут кој е најсеверното населено место во Канада и во светот, морнарска поларна ноќ има од крајот на ноември до средината на јануари.
Астрономска поларна ноќ
уредиАстрономската поларна ноќ е периодот на постојана ноќ кога не доаѓа до астрономски самрак. Астрономски самрак се јавува кога сонцето е меѓу дванаесет и осумнаесет степени под хоризонтот. Поради ова, астрономската поларна ноќ е ограничена на географски ширини над 84° 33', што е точно 18 степени во рамките на поларникот, односно 5 и пол степени од полот. Во текот на астрономската поларна ноќ шестите ѕвезди по сјајност, кои се најслабо видливите ѕвезди за голото око, можат да се видат во текот на целиот ден.
Нема постојани населени места никаде во рамките на оваа географска ширина. Овој дел од Северноледениот Океан најчесто е целосно под ледена покривка. Само некои научни станици на Антарктикот, вклучително со станицата Амундсен-Скот, можат да го искусат ова.
Влијание врз луѓето
уредиПоларната ноќ кај некои луѓе може да предизвика клиничка депресија. Луѓе кои страдаат од сезонско нарушување на расположението се особено чувствителни на овие услови.
Во филмовите
уредиСамата замисла на ноќ која трае еден месец е тема на филмовите со вампири: Вампирот на Север (Frostbiten) и 30-дневна ноќ (30 Days of Night). Во овие филмови, постојаната ноќ им овозможува на вампирите да прават што сакаат. Во Вампирот на Север поларната ноќ е добро претставена, додека во 30-дневна ноќ е прилично нереална.
Литература
уреди- Greene, David (2003). Light and Dark (eBook. изд.). Institute of Physics Publishing. ISBN 0-7503-0874-5.
- Mason, W. A. (May 1933). „Twilight“. United States Naval Institute Proceedings. том 59 no. 363. ISSN 0041-798X.
- Ottewell, Guy (14 June 2019). „The undark nights of summer“. EarthSky. Посетено на 21 April 2024.
- Kher, Aparna; Bikos, Konstantin (n.d.). „Twilight, Dawn, and Dusk“. Time and Date (англиски). Посетено на 21 April 2024.
- Shubinski, Raymond (9 November 2023). „Discover the three kinds of twilight“. Astronomy Magazine. Посетено на 20 April 2024.
- Hansen, V.; Lund, E.; Smith-Sivertsen, T. (March 1998). „Self-reported mental distress under the shifting daylight in the high north“. Psychological Medicine. 28 (2): 447–452. doi:10.1017/S0033291797006326. PMID 9572101. S2CID 10556073.
Надворешни врски
уреди- The polar night and polar darkness
- Many years' of webcam pictures from Tromsø, Norway. These clearly show the progression into and away from winter at a latitude within the Arctic Circle.