Бафинова Земја

остров во Канада

Бафинова Земја или Бафинов Остров е еден од арктичките острови од Арктичкиот Архипелаг во северна Канада и припаѓа на сојузната територија Нунавут. Со површина од 507,451 км2, тој е најголемиот канадски остров и петти по големина во светот, но поради ладната клима има население од 13.039[1] жители, воглавно Инуити. Островот е крстен по името на британскиот истражувач Вилијам Бафин,[2] а некогаш Нордијците го викале Хелуланд.[3]

Бафинов Остров
Познат и како ᕿᑭᖅᑖᓗᒃ (Qikiqtaaluk)
Географија
Координати69°N 72°W / 69° СГШ; 72° ЗГД / 69; -72 (Baffin Island)
Површина507.451 км2
Подреденост по површина5.
Највисоко место2.147 м
Држава
Најголема населбаИкалуит (pop. 6,699)
Демографија
Население10,745 (2006)
Густина0,02 /km2 (5 /sq mi)

Најголемото населено место на островот е главниот град на Нунавут - Иквалуит, кој е сместен на неговиот јужен брег, кај Фробишеровиот Залив. Според пописот од 2001 година, ова гратче имало 5,236 жители. Други поголеми населени места се Пангниртунг со 1,243 жители, Понд Инлет со 1,220 жители, Клајд Ривер, Арктик Беј итн.

Јужно од островот се наоѓа Хадсоновиот Премин и копното Квебек.[4] На исток е Бафиновиот залив[5] и Девисовиот Премин[6] позади кои е сместен Гренланд,[7] а на запад и север е Фоксовиот Залив, заливот Бутија и Ланкастеровиот Залив, кои ја делат Бафинова Земја од останатиот дел од архипелагот.

На Бафинова Земја е честа појавата на поларен ден (во лето) или поларна ноќ (во зима). Од животните, најзастапени се арктичките ѕверови и белите китови.

Географија

уреди

Бафиновите Планини се протегаат долж североисточниот брег на островот и се дел од Арктичките Кордиљери. Највисок врв е Один, со надморска височина од 2 143 м., или 2 147 метри според други извори.[8] Двете најголеми езера на островот се наоѓаат во средината на јужниот дел од островот: Нетилинг (5 542 km2) и езерото Амаџуак (3 115 km2 ).[9] [10]

Наводи

уреди
  1. „Population and dwelling counts: Canada, provinces and territories, and census subdivisions (municipalities), Nunavut“. Statistics Canada. February 9, 2022. Посетено на February 19, 2022.
  2. Quinn, Joyce A.; Woodward, Susan L. (January 13, 2015). Earth's Landscape: An Encyclopedia of the World's Geographic Features. ABC-CLIO. стр. 82. ISBN 978-1-61069-446-9.
  3. George, Jane. „Hare fur yarn, wooden tally sticks may mean visitors arrived 1,000 years ago“. Nunatsiaq News. Архивирано од изворникот на August 1, 2018.
  4. „The Atlas of Canada - Search“. archive.is. January 1, 2013. Архивирано од изворникот на January 1, 2013.
  5. „Baffin Bay“. April 2, 2004. Архивирано од изворникот на October 6, 2012.
  6. „The Atlas of Canada - Search“. archive.is. January 1, 2013. Архивирано од изворникот на January 1, 2013.
  7. „The Atlas of Canada - Search“. archive.is. January 1, 2013. Архивирано од изворникот на January 1, 2013.
  8. „Mount Odin at the Atlas of Canada“. Архивирано од изворникот на June 25, 2012. Посетено на October 6, 2007.
  9. „Nunavut – Lake Areas and Elevation (lakes larger than 400 square kilometres)“. Архивирано од изворникот на 2012-04-15. Посетено на 2024-01-31.
  10. „The Atlas of Canada - Search“. archive.is. January 1, 2013. Архивирано од изворникот на January 1, 2013.