Северен Поларник

поларник на северната полутопка
(Пренасочено од Северен Поларен Круг)

Северен Поларник (Северен Поларен Круг или Арктички Круг) — еден од петте главни напоредници на картата на светот. Ова е замислениот обрач што минува на географската ширина од 66° 33′ 44″ (или 66.5622°) северно од екваторот.[1]

Северниот Поларник (црвено) на карта на светот.
Карта на Арктикот со Северниот Поларник (сино).

Подрачјето северно од Северниот Поларник се нарекува Арктик, а подрачјето веднаш на југ е северниот умерен појас. Еквивалентниот напоредник на јужната полутопка се нарекува Јужен Поларник (Антарктички Круг).

Северниот Поларник го бележи јужниот крај на поларниот ден (ден до 24-часовна дневна светлина) и поларната ноќ (ден со 24-часовен мрак). Северно од кругот, сонцето на два наврати годишно ја задржува истата положба во текот на 24 часа: еднаш над и еднаш под хоризонтот. На самиот поларник ова се случува точно по еднаш годишно, за време на јунскиот и декемврискиот сонцестој. Поради атмосферското прекршување на светлината и поради тоа што сонцето е тело, а не точка, дел од полноќното сонце се гледа навечер за време на северната летна долгодневица сè до околу 50 (90 км) јужно од поларникот; истото важи и за северната зимска краткодневица, каде дел од сонцето може да се види сè до околу 50′ северно од кругот. Ова важи за морското ниво, а во повисоките предели границите се повисоки.

Положбата на Северниот Поларник не е постојана, туку непосредно зависи од Земјиниот осен наклон, кој се менува во дијапазон од 2° во текот на период од 40.000 години,[2] особено поради приливните сили што ги предизвикува орбитата на Месечината. Овој поларник моментално се движи на север со стапка од 15 м годишно.

Географија

уреди

Северно од Северниот Поларник е слабо населен поради мошне студената арктичка клима. Трите најголеми места над кругот се во Русија: Мурманск (нас. 325.100), Нориљск (135.000) и Воркута (85.000). Тромсе (Норвешка) има околу 68.000 жители. За разлика од нив, најголемото место над кругот во Северна Америка е Сисимиут (Гренланд) со околу 5.000 жители, а најголемото место на Канада и САД е Баро (Алјаска) со 4.000 жители. Градот Рованиеми (Финска), кој се наоѓа малку јужно од кругот има 58.000 жители и е најголемото населено место во непоследна близина на кругот.

Кругот минува низ Северноледениот Океан, Скандинавскиот Полуостров, северна Азија, Северна Америка и Гренланд. Земјиштето на кругот е поделено на осум земји: Норвешка, Шведска, Финска, Русија, САД (Алјаска), Канада, Данска (Гренланд) и Исланд (каде минува низ малиот недалечен остров Гримсеј).

Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, Северниот Поларник минува низ:

Координати Земја, територија, море Белешки
66°34′N 000°00′E / 66.567° СГШ; 0.000° ИГД / 66.567; 0.000 (01 Нулти меридијан)  Северноледен Океан Норвешко Море
66°34′N 012°48′E / 66.567° СГШ; 12.800° ИГД / 66.567; 12.800 (02 округ Нурлан, Норвешка)   Норвешка округот Нурлан
66°34′N 015°31′E / 66.567° СГШ; 15.517° ИГД / 66.567; 15.517 (03 округ Норботен, Шведска)   Шведска округот Норботен
66°34′N 023°51′E / 66.567° СГШ; 23.850° ИГД / 66.567; 23.850 (04 покраина Лапонија, Финска)   Финска регионот Лапонија
66°34′N 029°28′E / 66.567° СГШ; 29.467° ИГД / 66.567; 29.467 (05 Карелија и Мурманск, Русија)   Русија Република Карелија
Мурманска област
повторно Република Карелија
повторно Мурманска област
66°34′N 033°25′E / 66.567° СГШ; 33.417° ИГД / 66.567; 33.417 (06 Кандалакшански Залив, Бело Море) Бело Море Кандалакшански Залив
66°34′N 034°28′E / 66.567° СГШ; 34.467° ИГД / 66.567; 34.467 (07 Мурманска област, Русија)   Русија Мурманска област – во должина од ~ 7 км
66°34′N 034°38′E / 66.567° СГШ; 34.633° ИГД / 66.567; 34.633 (08 Кандалакшански Залив, Бело Море) Бело Море Кандалакшански Залив
66°34′N 035°00′E / 66.567° СГШ; 35.000° ИГД / 66.567; 35.000 (09 Мурманска област, Колски Полуостров, Русија)   Русија Мурманска област (Колски Полуостров)
66°34′N 040°42′E / 66.567° СГШ; 40.700° ИГД / 66.567; 40.700 (10 Бело Море) Бело Море
66°34′N 044°23′E / 66.567° СГШ; 44.383° ИГД / 66.567; 44.383 (11 Ненецки автономен округ, Република Коми и Јамало-ненецки автономен округ, Русија)   Русија Ненецки автономен округ
Република Коми
Јамало-ненецки автономен округ
66°34′N 071°05′E / 66.567° СГШ; 71.083° ИГД / 66.567; 71.083 (12 Опски Залив) Опски Залив
66°34′N 072°27′E / 66.567° СГШ; 72.450° ИГД / 66.567; 72.450 (13 Јамало-ненецки автономен округ, Краснојарски крај, Република Јакутија и Чукотски автономен округ, Русија)   Русија Јамало-ненецки автономен округ
Краснојарски крај
Република Јакутија
Чукотски автономен округ
66°34′N 171°01′W / 66.567° СГШ; 171.017° ЗГД / 66.567; -171.017 (14 Чукотско Море, Северноледен Океан) Северноледен Океан Чукотско Море
66°34′N 164°38′W / 66.567° СГШ; 164.633° ЗГД / 66.567; -164.633 (15 полуостров Сјуард, Алјаска, САД)   САД Алјаска (полуостровот Сјуард)
66°34′N 163°44′W / 66.567° СГШ; 163.733° ЗГД / 66.567; -163.733 (18 мореуз Коцебу, Северноледен Океан) Северноледен Океан Коцебу
66°34′N 161°56′W / 66.567° СГШ; 161.933° ЗГД / 66.567; -161.933 (17 езеро Селавик, Алјаска, САД)   САД Алјаска – минува низ езерото Селавик
66°34′N 141°00′W / 66.567° СГШ; 141.000° ЗГД / 66.567; -141.000 (18 Јукон, Северозападни Територии и Нунавут, Канада)   Канада Јукон
Северозападни Територии – минува низ Големото Мечкино Езеро
Нунавут
66°34′N 082°59′W / 66.567° СГШ; 82.983° ЗГД / 66.567; -82.983 (19 басен Фокс, Хадсонов Залив) Хадсонов Залив басенот Фокс
66°34′N 073°25′W / 66.567° СГШ; 73.417° ЗГД / 66.567; -73.417 (20 езеро Нетилинг, Бафинова Земја, Нунавут, Канада)   Канада Нунавут (Бафинова Земја – минува низ езерото Нетилинг)
66°34′N 061°24′W / 66.567° СГШ; 61.400° ЗГД / 66.567; -61.400 (21 Дејвисов Проток, Атлантски Океан) Атлантски Океан Дејвисов Проток
66°34′N 053°16′W / 66.567° СГШ; 53.267° ЗГД / 66.567; -53.267 (22 Гренланд)   Гренланд
66°34′N 034°09′W / 66.567° СГШ; 34.150° ЗГД / 66.567; -34.150 (23 Дански Проток, Гренландско Море, Атлантски Океан) Атлантски Океан Дански Проток
Гренландско Море
66°34′N 018°01′W / 66.567° СГШ; 18.017° ЗГД / 66.567; -18.017 (24 Гримсеј, Исланд)   Исланд островот Гримсеј
66°34′N 017°59′W / 66.567° СГШ; 17.983° ЗГД / 66.567; -17.983 (25 Гренландско и Норвешко Море, Атлантски Океан) Атлантски Океан Гренландско Море
Норвешко Море

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Повратник во движење[мртва врска] (шпански)
  2. „Arctic Circle“. Архивирано од изворникот на 2008-10-11. Посетено на 2012-02-09.

Надворешни врски

уреди