Тес Вестер е холандска ракометарка, голман на Оденсе и на холандската репрезентација.[1]

Тес Вестер
Tess Wester (2018).jpg
Лични податоци
Роден(а) 19 мај 1993 (1993-05-19) (28 г.)
Херхуговард, Холандија
Националност Холандија Холандија
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција голман
Клупски податоци
Тековен клуб Оденсе Оденсе
Број 33
Младински клубови
Хуго Грлс
ВЗВ
Хандбал Академи
Сениорски клубови
2008-2010
2010-2011
2011-2015
2015-2018
2018-
ВОК Амстердам ВОК Амстердам
Е&О Емен Е&О Емен
Олденбург Олденбург
Битигхајм Битигхајм
Оденсе Оденсе
Репрезентација
2012– Холандија Холандија 97 (8)

КариераУреди

Клупска кариераУреди

Вестер ја започнала својата кариера во 1999 година, на возраст од 6 години. Во нејзината младинска кариера таа исто така играла и за ВЗВ и Хандбал Академи.

Во сезоната 2008-2009 потпишала договор со екипата на ВОК Амстердам, со која во текот на истата сезона настапувала во Лигата на шампионите со само 15 години. Таа исто така освоила две титули во холандското првенство со клубот од Амстердам пред да го напушти во 2010 година. Вестер играла една сезона во дресот на Е&О Емен (2010-2011), пред да го има својот прв ангажман во странство.

Во 2011 година, таа се преселила во Германија каде потпишала за Олденбург,[2] чиј гол го бранела до 2015 година и клуб со кој го освоила Купот на Германија во 2012 година. Потоа, Вестер потпишала за една од најсилните германски екипи Битигхајм.[3] Со Битигхајм ја освоила Бундеслигата во сезоната 2016-2017 и играла повторно во Лигата на шампионите по подолга пауза.

Во 2018 потпишала за данскиот Оденсе.[4] Во својата прва сезона во клубот, Вестер му помогнала на Оденсе да го освои третото место во данското првенство, да стигне до финалето во Купот на Данска (загубиле од Никобинг) како и до четвртфиналето на Лигата на шампионите каде биле елиминирани од бранителот на титулата и подоцнежен шампион Ѓер.

Репрезентативна кариераУреди

Вестер дебитирала за холандската репрезентација во пријателски натпревар против Романија на 2 октомври 2012 година.[5] Првиот голем турнир на кој таа била повикана да брани за репрезентацијата било Европското првенство во 2014 година, на кое холанѓанките завршиле на седмото место.

Следната година, таа била дел од холандската репрезентација која настапила на Светското првенство 2015 во Данска, и стигнала до финалето на турнирот, каде биле поразени од Норвешка со 23-31.[6] Таа била избрана во Ол-стар тимот на првенството како најдобар голман и имала најголем број на одбранети удари (120) како и највисок процент на одбранети удари (43%).[7]

Во 2016 година Вестер и нејзините соиграчки од репрезентацијата обезбедиле прво историско учество за Холандија на Олимписките игри. На олимпискиот турнир, Холандија го освоила четвртото место после поразите во полуфиналето од Франција со 23–24, и во натпреварот за бронзата од Норвешка со 26–36.[8][9][10]

Во 2017 и 2018 година, Вестер освоила уште два бронзени медали со репрезентацијата од Светското првенство 2017 и Европското првенство 2018.

ТитулиУреди

КлупскиУреди

  ВОК АмстердамУреди

2008-2009, 2009-2010

  ОлденбургУреди

2012

  БитигхајмУреди

2016-2017

РепрезентативниУреди

ПоединечниУреди

НаводиУреди

  1. „Tess Wester“. European Handball Federation. Посетено на 17 December 2014.
  2. Tess Wester: Willkommen im Abenteuerland Bundesliga nwzonline.de
  3. „Bietigheim signs Dutch international goalkeeper from Oldenburg“. Handball-World News. 5 јуни 2015. Посетено на 12 декември 2019.
  4. „Wester kiest voor nieuwe stap naar 'ambitieus' Odense“ (холандски). nos.nl. 6 April 2018.
  5. http://www.handbal.nl/oneteamonedream/teamleden/tess-wester/
  6. „Grimsbø Shines as Norway Claim the Title“. ihf.info. 20 December 2015.
  7. 7,0 7,1 Ол-стар тим на Светското првенство 2015, IHF. Пристапено на 22 декември 2015.
  8. https://www.reuters.com/article/us-olympics-rio-handball-w-bronze-idUSKCN10V0KW
  9. „WESTER Tess Profile“ (англиски). Архивирано од изворникот на 6 August 2016.
  10. „Handbalkeepster Jankovic mee naar Rio“ [Handball goalkeeper Jankovic off to Rio] (холандски). RTL Nieuws. 1 July 2016. Архивирано од изворникот на 17 September 2016. Посетено на 1 August 2016.

Надворешни врскиУреди