Едуарда Идалина Аморим Талеска (родена на 23 септември 1986 г., во Блуменау)[1] е бразилска ракометарка која игра на позицијата лев бек за Ѓер Ауди ЕТО и за бразилската репрезентација.[2]

Едуарда Аморим
Лични податоци
Име и презиме Едуарда Идалина Аморим Талеска
Роден(а) 23 септември 1986(1986-09-23)(38 г.)
Блуменау, Бразил
Националност Бразил Бразил
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција лев бек
Клупски податоци
Тековен клуб Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
Број 18
Сениорски клубови
2002-2004
2004-2006
2006-2009
2009-
Методиста/Сао Бернардо Методиста
УСКС/Сао Каетано
Кометал Ѓорче Петров Кометал ЃП
Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
Репрезентација
2006– Бразил Бразил 167 (549)

Таа била избрана за Најдобра ракометарка на светот за 2014 година[3][4] од страна на ИХФ.[5]

Животопис

уреди

Едуарда Аморим е роден на 23 септември 1986 во Блуменау, Санта Катарина, Бразил, како ќерка на Антонио и Оливија Аморим. Таа е помала сестра на Ана Аморим, која исто така била ракометарка.

Од 2013 година Едуарда е во брак со Македонецот Деан Талески.

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Охрабрена од нејзината постара сестра, Аморим започнала да игра ракомет на 11-годишна возраст во Колехио Рио Бранко.[4] Во 2002 година таа се преселила во Методиста/Сао Бернардо, по покана на Силвио Родригес, која ја забележал за време на младинските натпревари во Ресифе.[4] Во првата сезона со новиот тим таа го освоила второто место во бразилското првенство.[4][6]

Две години подоцна, како играч на УСКС/Сао Каетано, Аморим го освоила државното првенство на Саун Пауло и забележала огромен број на натпревари, бидејќи играла паралелно за младинската, јуниорската и сениорската екипа.[6]

Во февруари 2006 таа се преселила во Европа, придружувајќи и се на нејзината сестра во македонскиот шампион Кометал Ѓорче Петров. Во три и пол сезони со Кометал, Аморим освоила три шампионски титули во македонското првенство и три купа, а дебитирала и во натпреварите од Лигата на шампионите. Сепак, откако клубот се соочил со тешки финансиски проблеми тие пуштиле некои од нивните клучни играчи да си одат, меѓу кои била и Аморим, за да ги намалат трошоците.[7]

На 23 февруари 2009, Аморим потпишала за унгарскиот Ѓер Ауди ЕТО.[8] Во 2013 година, со овој клуб ја освоила својата прва титула во кариерата во Лигата на шампионите.[9]

Во 2014 година, по освојувањето на уште една титула во Лигата на шампионите и на Светското првенство 2013, таа била избрана од ИХФ за Најдобра ракометарка на светот.[4] Таа станала само втората бразилка, по Александра до Насименто во 2012, која ја освоила оваа награда. Во последните години во Ѓер таа се истакнала посебно по својата одлична игра во одбраната со што била клуч на успесите на унгарската екипа во Лигата на шампионите. За нејзините добри игри во одбраната сведочи и признанието за најдобар одбранбен играч во Лигата на шампионите кое таа го добила трипати досега (во сезоните 2015-2016, 2016–2017 и 2018–2019).

Вкупно до денес Аморим со Ѓер има освоени 9 титули во унагрското првенство (2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019), 9 титули во Купот на Унгарија (2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018, 2018-2019) и 5 во Лигата на шампионите (2012-2013, 2013-2014, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019).

Репрезентативна кариера

уреди

Аморим била дел од бразилската репрезентација на Панамерикански игри 2007 година, кои се одржале на домашна почва и на кој Бразил го освоил златниот медал. Таа исто така учествувала на Летните олимписки игри 2008 во Кина, каде бразилскиот тим завршил на деветтото место, и на Летните олимписки игри 2012, каде Бразил завршил на шестото место. Во 2013 година, таа со бразилската репрезентација го освоила Светското првенство и била избрана за МВП на турнирот.[10] Во 2016 година, таа учествувала и на Летните олимписки игри на домашен терен во Рио де Жанеиро, каде бразилките го освоиле петтото место.

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Кометал Ѓорче Петров

уреди
2005-2006, 2006-2007, 2007-2008, 2008-2009
2005-2006, 2006-2007, 2007-2008, 2008-2009
2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019
2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018, 2018-2019
2012-2013, 2013-2014, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019

Репрезентативни

уреди

  Бразил

уреди
2013
2007, 2011, 2017

Поединечни

уреди
  • Ол-стар лев бек на јуниорско Светско првенство : 2005
  • МВП на Светско првенство : 2013
  • Ол-стар лев бек на Лигата на шампионите: 2013-2014
  • ИХФ Играч на годината: 2014
  • Најдобра странска ракометарка на годината во унгарското првенство: 2014
  • Одбранбен играч на сезоната во Лигата на шампионите: 2015-2016, 2016–2017, 2018–2019
 
Аморим со златниот медал освоен на Светското првенство 2013.

Наводи

уреди
  1. EHF profile[мртва врска]
  2. „Duda Amorim Biography and Olympic Results“. Sports-Reference. Архивирано од изворникот на 4 November 2012. Посетено на 11 December 2010.
  3. Karabatic and Amorim – Grundfos World Handball Players of the Year Архивирано на 6 март 2019 г.. ihf.info (25 February 2015)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „Eduarda Amorim and Nikola Karabatic – Grundfos World Handball Players of the Year“. 25 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 2019-12-03. Посетено на 3 декември 2019.
  5. „XXI Women's World Championship 2013. Team Roster, Brazil“ (PDF). IHF. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 December 2013. Посетено на 7 December 2013.
  6. 6,0 6,1 „Duda Amorim: Handebol“ (португалски). UOL Esporte. Посетено на 11 February 2011.
  7. „Újabb élcsapat hullik szét“ (унгарски). Handball.hu. 23 February 2009. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 11 February 2011.
  8. „Amorim az ETO-é“ (унгарски). Handball.hu. 23 February 2011. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 11 February 2011.
  9. Györ end their final curse eurohandball.com
  10. „Női kézi-vb: Görbicz az All Star-csapatban, Amorim az MVP“ (унгарски). Nemzeti Sport. 22 December 2013. Посетено на 13 June 2014.

Надворешни врски

уреди