Анико Ковачич (родена на 29 август 1991) е унгарска ракометарка, која игра на позицијата среден бек за Ференцварош и за унгарската репрезентација.[1]

Анико Ковачич
Лични податоци
Роден(а) 9 август 1991(1991-08-09)(33 г.)
Наѓатад, Унгарија
Националност Унгарија Унгарија
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001700000001,70 м
Позиција среден бек
Клупски податоци
Тековен клуб Ференцварош ФТЦ-Раил Карго
Број 91
Сениорски клубови
2006-2016
2016-
Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
Ференцварош ФТЦ-Раил Карго
Репрезентација
2009– Унгарија Унгарија 81 (207)

Животопис

уреди

Таа има двајца помали браќа Петер и Ференц и двајцата се професионални ракометари. Петер во моментов игра за истиот клуб како и неговата сестра, Ференцварош.

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Анико започнала да тренира ракомет на 10 години. Основите на ракометот ги запознала во локален ракометен клуб од градот Брезенце, a потоа se префрлила во НКЦ Чургои. Подоцна, играла за НКК Наѓитад за во 2006 година да му се приклучи на најпознатиот унгарски женски ракометен клуб Ѓер Ауди ЕТО. Како една од најталентираните ракометарки на Ѓер во тоа време, многумина ја сметале Ковачич за наследник на славната Анита Гербиц. Во сезоната 2006-2007 играла за младинскиот состав на Ѓер во младинското првенство Унгарија. Во својата прва сезона во Ѓер, таа ги освоила младинското првенство и студентските олимписки игри, а исто така играла и во втората лига на Унгарија за вториот тим на Ѓер, каде била многу успешна и постигнувала скоро осум гола по натпревар. Од сезоната 2007-2008 била приклучена во првиот тим на Ѓер. Таа била активен учесник во најголемите меѓународни успеси на ЕТО, освојувањето на Лигата на шампионите во 2013 и 2014 година. Ковачич поминала 10 години во ЕТО, по доаѓањето во 2006 година од Наѓатад, а во својата втора сезона веќе ги освоила своите први професионални титули во унгарското првенство и Купот на Унгарија. Вкупно со Ѓер освоила 8 унгарски првенства, 9 унгарски купа и 2 титули во Лигата на шампионите.

Во март 2016, изненадувачки, Ковачич најавила дека ќе го напушти Ѓер и дека ќе ја продолжи својата кариера во најголемиот соперник Ференцварош.[2] Во својата прва сезона со ФТЦ го освоила Купот на Унагрија. На 14 октомври 2018, во натпреварот од Лигата на шампионите против норвешкиот Вајперс Кристиансанд при резултат 26-26 на неколку секунди до крајот натпреварот норвежанките имале напад, но Ковачич пресекла едно додавање и во противнапад на другата страна постигнала гол во последната секунда со кој му донела победа на својот тим;[3][4] таа исто така била и најдобриот стрелец на натпреварот со 7 гола.[5]

Репрезентативна кариера

уреди

Ковачич била член на унгарскиот јуниорски тим, кој го освоил сребрениот медал на јуниорското Европско првенство 2009. Од 2009 година, таа е репрезентативка на сениорската репрезентација на Унгарија.[6][7] На Европското првенство 2012 година, таа освоила бронзен медал со унгарската репрезентација.

Титули

уреди

  Ференцварош

уреди

Наводи

уреди
  1. „Профил на ЕХФ“. Архивирано од изворникот на 2014-10-26. Посетено на 2018-10-18.
  2. „Női kézi: Kovacsics idény végén távozik Győrből – hivatalos“. 2016-03-03. Посетено на 2016-03-03.
  3. FTC leave it late while Bietigheim take important win
  4. Cool Kovacsics
  5. 2018/19 FTC-Rail Cargo Hungaria 27-26 Vipers Kristiansand Архивирано на 23 октомври 2018 г. Women's EHF Champions League Match Details
  6. „Kovacsics Anikó“ (унгарски). nemzetisport.hu. Посетено на 2012-12-17.
  7. „A magyar női kézilabda-válogatott játékosai“. Magyar Kézilabda-szövetség. Посетено на 2013-10-11.

Надворешни врски

уреди