Кристина Лишчевиќ

српска ракометарка

Кристина Лишчевиќ (родена на 20 октомври 1989 г., во Сомбор) е српска ракометарка која игра на позицијата среден бек за СЧМ Р’мнику В’лча и за српската репрезентација.[3]

Кристина Лишчевиќ
Лични податоци
Роден(а) 20 октомври 1989(1989-10-20)(35 г.)[1][2]
Сомбор, Југославија[1]
Националност Србија Србија
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција среден бек
Клупски податоци
Тековен клуб Р’мнику В’лча Р’мнику В’лча
Број 71
Сениорски клубови
2003-2005
2005-2010
2010-2012
2012-2015
2015-2016
2016
2016-2017
2017
2017-2019
2019-
Сомбор
Црвена Ѕвезда Црвена Ѕвезда
Металург Металург
Мец Мец
Вац Вац
Астраханочка Астраханочка
Кубањ Краснодар Кубањ Краснодар
Кишварда Кишварда
Тим Есбјерг Тим Есбјерг
Р’мнику В’лча Р’мнику В’лча
Репрезентација
2011– Србија Србија 95 (220)

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Својата кариера Лишчевиќ ја започнала во својот роден град Сомбор, каде играла за екипата на ЖРК Сомбор пред да прејде во Црвена Ѕвезда во 2009 година.[1]

Своето прво искуство во странство го имала во 2010 година, кога потпишала за Металург од Скопје.[4] За Металург играла до јануари 2012 и ја освоила титулата во македонското првенство и Купот на Македонија, постигнувајќи притоа 200 гола, со кој била втор стрелец во лигата. Со одличните игри за клубот од Автокоманда, заработила трансфер во францускиот Мец.

За екипата на Мец, Лишчевиќ одиграла три и пол сезони во кој освоила две титули во француското првенство, два Купа на Франција и еден Лига куп. Со францускиот клуб исто така дебитирала во Лигата на шампионите во сезоната 2011-2012, играјќи 6 натпревари од главната фаза на кој постигнала 31 гол. Во 2012 година била избрана од страна на ЕХФ за најдобра млада ракометарка во Лигата на шампионите.[1][5] Во 2013 година била избрана за најдобар среден бек во француското првенство.

Во 2015 година, Лишчевиќ се преселила во унгарскиот Вац.[6] Во летото 2016 година, Лишчевиќ била пред потпис со друга унгарска екипа Шиофок, но сепак таа подоцна се приклучила на руските екипи прво Астраханочка,[7][8][9] а потоа Кубан Краснодар.[10] Во јануари 2017 година, таа се вратила во унгарското првенство и потпишала за екипата на Кишварда.[11]

Во сезоната 2017-2018, Лишчевиќ потпишала договор со данскиот прволигаш Тим Есбјерг.[12] Со Есбјерг го освоила данското првенство во сезоната 2018-2019 и Купот на Данска во 2017.

Во летото 2019, Лишчевиќ потпишала за романскиот шампион СЧМ Р’мнику В’лча. По пет години пауза таа повторно заиграла во натпреварите од Лигата на шампионите.

Репрезентативна кариера

уреди

Лишчевиќ е дел од српската репрезентација. Меѓу најзначајните репрезентативни успеси и се четвртото место на Европското првенство во 2012 година и го освоила сребрениот медал на Светското првенство во 2013 година на домашен терен.

Титули и награди

уреди

Клупски

уреди
  Металург
уреди
2010-2011
2011
2012-2013, 2013-2014
2013, 2015
2014

  Тим Есбјерг

уреди
2018-2019
2017

Репрезентативни

уреди

Поединечни

уреди
  • Најдобра млада ракометарка во Лигата на шампионите: 2012
  • Најдобар среден бек на француското првенство: 2013

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Kristina Liščevic - Biografija“. Архивирано од изворникот на 2020-08-03. Посетено на 27 декември 2019.
  2. Дејан Михајловски (20 октомври 2019). „Среќен роденден Кристина!“. 24rakomet.mk. Архивирано од изворникот на 2019-12-11. Посетено на 27 декември 2019.
  3. „2014 European Championship Roster“ (PDF). EHF. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 7 December 2014.
  4. Поранешна ракометарка на Металург од јуни слободен агент Архивирано на 14 февруари 2019 г. автор: Стефан Кузмановски, 24rakomet.mk. конс. 9 февруари 2019
  5. „Somborka Kristina Liščević, jedna od najpopularnijih evropskih rukometašica, danas u najjačoj ligi kontinenta, Danskoj: Živim svoj san!“. Novi radio Sombor. 28 февруари 2018. Архивирано од изворникот на 2019-06-09. Посетено на 27 декември 2019.
  6. handnews.fr: Liscevic signe en Hongrie
  7. „handball.hu: Kristina Liščević is Siófokon. Архивирано од изворникот на 2019-12-27. Посетено на 2019-12-27.
  8. handnews.fr: Liscevic s'engage avec Astrakhanochka
  9. Поранешна ракометарка на Металург го засили противникот на Вардар[мртва врска] gol.mk. конс. јуни 2015
  10. ehfcl.com: Debutants hope for main round, despite departure of twelve top stars
  11. „handball.hu: Liščević újra Magyarországon. Архивирано од изворникот на 2019-05-31. Посетено на 2019-12-27.
  12. handball-world.com: Esbjerg mit zwei weiteren Neuzugängen

Надворешни врски

уреди