Еставана Полман е холандска ракометарка, лев бек на Тим Есбјерг и на холандската репрезентација.

Еставана Полман
Лични податоци
Роден(а) 5 август 1992(1992-08-05)(31 г.)
Арнем, Холандија
Националност Холандија Холандија
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001740000001,74 м
Позиција лев бек
Клупски податоци
Тековен клуб Тим Есбјерг Тим Есбјерг
Број 79
Младински клубови
Хандбал Академи
Сениорски клубови
2009-2010
2010-2011
2011-2013
2013-
ААК Арнем ААК Арнем
ВОК Амстердам ВОК Амстердам
Сендерјуск Сендерјуск
Тим Есбјерг Тим Есбјерг
Репрезентација
2010– Холандија Холандија 130 (459)

Кариера уреди

Клупска кариера уреди

Полман започнала да игра ракомет во екипата на ААК Арнем 1899 во нејзиниот роден град Арнем. Во 2010 година таа му се приклучила на тогашниот холандски шампион ВОК Амстердам, меѓутоа не успеала да му помогне на клубот да ја одбрани титулата од претходната сезона, завршувајќи како втори со бод помалку од шампионот Далфсен. По една сезона, Полман го напуштила ВОК и се преселила во Данска каде го имала своето прво искуство во странство потпишувајќи за екипата на Сендерјуск. Во првата сезона таа му помогнала на својот клуб да избори промоција во данската прва лига. По нејзината втора сезона во Сендерјуске, таа го напуштила клубот и заминала во Есбјерг, каде потпишала за екипата на Тим Есбјерг. Во сезоната 2014-2015, клубот стигнал до финалето на плејофот на данската лига во кое сепак ја загубиле титулата од Мидтјиланд. Сепак, веќе во следната сезона, клубот станал шампион на Данска за првпат во својата историја. Во финалето тие одново се сретнале со Мидтјиланд и му се одмаздиле за поразот од пред година дена. Следната сезона, Полман дебитирала во Лигата на шампионите постигнувајќи 30 гола за својот тим, а Тим Есбјерг го завршил натпреварувањето во главната фаза. Во сезоната 2018-2019, Полман со Тим Есбјерг по вторпат станала шампион на Данска.

Репрезентативна кариера уреди

Своето деби за холандската репрезентација Полман го направила во 2010 година. Со својата репрезентација учествувала на пет светски првенства (2011, 2013, 2015, 2017 и 2019), а најголемиот успех Холанѓанките го имале на првенството во 2015 на кое стигнале до финалето каде загубиле од Норвешка. Таа исто така има учествувано за Холандија и на три европски првенства од каде има еден сребрен медал (во 2016) и еден бронзен медал (во 2018). Во март 2016, на квалификацискиот олимписки турнир одржан во Мец, Франција, Полман и нејзините соиграчки го обезбедиле историското прво учество на Олимписките игри за холандскиот женски ракомет. На турнирот тие го освоиле четвртото место, забележувајќи уште еден пораз од Норвешка во натпреварот за бронзата.

Титули уреди

Клупски уреди

  Тим Есбјерг уреди

2015-2016, 2018-2019

Репрезентативни уреди

Поединечни уреди

Надворешни врски уреди