Стине Бредал Офтедал
Стине Бредал Офтедал (25 септември 1991, Нитедал, Норвешка) - норвешка ракометарка, среден бек на Ѓер Ауди ЕТО и на норвешката репрезентација.
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
25 септември 1991 Нитедал, Норвешка | ||
Националност | Норвешка | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | м | 1,68||
Позиција | среден бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Ѓер Ауди ЕТО | ||
Број | 15 | ||
Сениорски клубови | |||
2007-2008 2008-2013 2013-2017 2017- |
Хелсет Стабек Иси Париз Ханд Ѓер Ауди ЕТО | ||
Репрезентација | |||
2010– | Норвешка | 156 (374) | |
Животопис
уредиСтине е постара сестра на Хана Бредал Офтедал, која исто така е ракометарка и во моментов настапува за Париз 92. Пред да започне да се занимава професионално со ракомет, таа тренирала фрлање копје, фрлајќи 32.08 метри на возраст од само 13 години.[1] Таа стурдирала на BI Norwegian Business School.[2]
Кариера
уредиСтине Офтедал е родена во Нитедал и започнала да игра ракомет на седумгодишна возраст во нетолку познатиот норвешки клуб Нит/Хак.[2] Во 2005 година таа го освоила Партиле купот, кој е еден од најзначајните младински ракометни турнири во светот.[3] Во 2007 година таа ја продолжила својата кариера во екипата на Фјелхамер ИЛ,[4] за која го направила своето деби како професионалец во сезоната 2007-2008 играјќи 16 натпревари на кој постигнала 50 гола,[5] пред да продолжи во Хелсет.[6] Бидејќи Хелсет бил фидер тим на Стабек, таа имала можност да игра и за Стабек почнувајќи од сезоната 2008–2009, но исто така останала регистрирана и во Хелсет.[2] Во Стабек таа играла заедно со својата помлада сестра Хана. Во 2013, Стине се преселила во францускиот Иси Париз.[7] На крајот на сезоната 2013-2014 во француското првенство, нејзината прва во Иси Париз, таа била избрана за најдобар играч во сезоната. Во март 2017 година, официјално било објавено дека Офтедал во следната сезона ќе игра за Ѓер Ауди ЕТО откако потпишала тригодишен договор со унгарскиот шампион.[8][9] Така таа им се приклучила на своите соиграчки од репрезентацијата Кари Олвик Гримзбо и Нора Морк како трета норвежанка во клубот.[9] Во првата сезона во клубот таа со Ѓер освоила тројна круна: унгарското првенство, Купот на Унгарија и ЕХФ Лигата на шампионите. Во следната сезона 2018-2019, таа му помогнала на клубот да ги одбрани сите три титули освоени во претходната година. Исто така била избрана во Ол-стар тимот на Лигата на шампионите како најдобар среден бек.
Своето деби за норвешката репрезентација го имала на 26 ноември 2010 година во натпревар против Исланд. Таа исто така била повикана и за Европското првенство 2010, но не влегла во игра на ниту еден натпревар во текот на турнирот бидејќи Лин Јорум Суланд го зазела нејзиното место.[10] Следна година таа била дел од репрезентацијата која станала светски шампион на Светско првенство 2011 и европски шампион во 2012 година на Европско првенство 2012. Во 2014 и 2015 година таа можела да ужива во освојувањето на својата втора Европска и Светска титула. На вториот турнир таа исто така била избрана во Аll-star тимот.[11] На Летните олимписки игри 2016 го освоила бронзениот медал со норвешкиот тим, а на крајот од годината на Европското првенство 2016 го освоила својот трет континентален златен медал во својата кариера.
Титули
уредиКлупски
уредиЃер
уреди- Унгарско првенство (2) : 2017-2018, 2018-2019
- Куп на Унгарија (2) : 2017-2018, 2018-2019
- Лига на шампиони (2) : 2017-2018, 2018-2019
Репрезентативни
уредиНорвешка
уреди- Светско првенство (2) : 2011, 2015
- Европско првенство (1) : 2010, 2014, 2016
- Олимписки игри : 2016
Наводи
уреди- ↑ „Spyd/Javelin Thro“. Norwegian Athletics. Архивирано од изворникот на 9 May 2012. Посетено на 6 December 2010.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Birkeland, Kirsten (17 November 2010). „Her er Stine!“ (норвешки). Norwegian Handball Federation. Посетено на 6 December 2010.
- ↑ Verdens beste 14-åringer
- ↑ „Spillerstaller eliteserien håndball kvinner 2007/8“. Архивирано од изворникот на 2014-05-31. Посетено на 2018-11-15.
- ↑ Topscore Postenligaen Kvinner Fjellhammer Sesongen 2007/2008
- ↑ „Landslagsprofiler – Stine Bredal Oftedal“ (норвешки). Norwegian Handball Federation. Посетено на 5 December 2010.
- ↑ „UNE NOUVELLE RECRUE NORVÉGIENNE“. handnews.fr. Архивирано од изворникот на 2016-01-28.
- ↑ „Női kézi: Oftedal a Győri ETO-ban folytatja – hivatalos“. Nemzeti Sport. 2017-03-08. Посетено на 2017-03-08.
- ↑ 9,0 9,1 „Стине Офтедал три години во Ѓер“. vecer.mk. 9 март 2017. Посетено на 15 ноември 2018.[мртва врска]
- ↑ Sulland inn i EM-troppen
- ↑ www.ihf.info: Denmark 2015 All-Star Team Архивирано на 25 декември 2018 г., пристапено на 21 декември 2015