Естел Нзе Минко
Естел Нзе Минко (родена на 11 август 1991 г., во Сен Себастјан сир Лоар) е француска ракометарка која игра на позицијата среден бек за Ѓер Ауди ЕТО и за француската репрезентација.[1][2][3]
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
11 август 1991 Сен Себастјан сир Лоар, Франција | ||
Националност | Франција | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | м | 1,78||
Позиција | среден бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Ѓер Ауди ЕТО | ||
Број | 27 | ||
Сениорски клубови | |||
2009-2010 2010-2012 2012-2013 2013-2015 2015-2016 2016-2019 2019- |
Тулуза Мјос Биганос Серкл Ним Нант Флери Лоаре Шиофок Ѓер Ауди ЕТО | ||
Репрезентација | |||
2013– | Франција | 95 (220) | |
Таа е Светски и Европски првак со француската репрезентација од првенствата во 2017 и 2018, а има освоено и сребрен медал на Олимписките игри 2016.
Кариера
уредиКлупска кариера
уредиЕстел Нзе Минко започнала да игра ракомет на 12 години во градот Сен-Жилијан де Конкелс во близина на Нант, а подоцна му се приклучила на истоимениот тим во неговата младинска школа. Во 2009 година, таа му се приклучила на Тулуза на возраст од само 18 години играјќи за нив во првата лига на Франција, но на крајот од сезоната клубот се распаднал. Последователно, таа одиграла две сезони за Мјос Биганос, и една сезона во Серкл Ним пред да се врати во клубот во кој ја започнала својата кариера, Нант во 2013.[4].
Пред почетокот на сезоната 2015-2016, таа потпишала за Флери каде дошла како замена за Марта Манге.[5] Во Флери, таа ја освоила својата прва национална титула, Лига купот на Франција 2015-2016.
Во април 2016 година, Нзе Минко потпишала за унгарскиот клуб Шиофок заедно со својата клупска колешка Клои Булеу, што било нејзиното прво искуство во странство.[6] Во текот на трите сезони во кој таа го носела дресот на Шиофок била една од најдобрите и најважните ракометарки на клубот. Во сезоната 2018-2019, Нзе Минко му помогнала на Шиофок да триумфира во Купот на ЕХФ, постигнувајќи 65 гола во текот на натпреварувањето, како само нејзината клупска колешка Андреа Кобетиќ и Хелене Гигстад Фауске од Хернинг Икаст имале повеќе од неа.
Во февруари 2019, Нзе Минко потпишала двегодишен договор со повеќекратниот европски шампион, унгарскиот Ѓер.[7] Нзе Минко на позицијата среден бек во клубот требало да ја замени холанѓанката Корнелија Грот.[8]
Репрезентативна кариера
уредиВо октомври 2013 година, Естел Нзе Минко за првпат била повикана во француската репрезентација за натпреварите против Словачка и Финска од квалификациите за Европското првенство 2014.[9] Својот прв настап, го забележала на 24 октомври во натпреварот против Словачка.[10] Во декември 2014 година, таа бил избрана да учествува на Европското првенство 2014 во Унгарија и Хрватска.[11] Франција го завршила турнирот на 5-тото место, а Нзе Минко постигнала 7 голови.[12]
Во 2016 година, учествувала со својата репрезентација на Олимписките игри 2016 каде Франција стигнала до финалето, во кое во натпреварот за златниот медал била поразена од Русија, па Нзе Минко и нејзините соиграчки морале да се задоволат само со сребрениот медал. Во декември истата година, таа го освоила бронзениот медал на Европското првенство 2016. Со 35 гола и 20 асистенции, таа била една од најдобрите играчи на натпреварувањето.[13]
Вистинските репрезентативни успеси за Нзе Минко и француската репрезентација дошле во 2017 и 2018 година, кога французинките ги освоиле титулите на Светското првенство 2017 и Европското првенство 2018. Нзе Минко била најдобар стрелец на Франција на Европското првенство 2018, вкупно петти на турнирот, со 38 постигнати голови со 82% шутерска прецизност.[14]
Титули
уредиКлупски
уредиМјос Биганос
уреди- Челенџ куп (1) : 2010-2011
Флери Лоаре
уреди- Лига куп на Франција (1) : 2015-2016
Шиофок
уреди- Куп на ЕХФ (1) : 2018-2019
Репрезентативни
уреди- Светско првенство (1) : 2017
- Европско првенство (1) : 2018
- Олимписки игри : 2016
Наводи
уреди- ↑ „Profile“. eurohandball.com. Посетено на 7 December 2014.[мртва врска]
- ↑ „2014 European Championship Roster“ (PDF). EHF. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-11-06. Посетено на 7 December 2014.
- ↑ Estelle Nze Minko Архивирано на 20 септември 2016 г.. nbcolympics.com
- ↑ „Interview des Nouvelles Panthères, gros plan sur Estelle Nze Minko !“. (http://aorleans.info aorleans.info]. 16 септември 2015. Посетено на 27/12/2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help); Надворешна врска во|website=
(help) - ↑ L'Équipe, уред. (11 април 2015). „Estelle Nzé Minko (Nantes) à Fleury l'été prochain“. www.lequipe.fr.
- ↑ „LFH - Direction la Hongrie pour Bulleux et Nze Minko“. handnews.fr. 14 април 2016. Надворешна врска во
|website=
(help) - ↑ Estelle Nze Minko and Amanda Kurtovic join Gyori Audi ETO KC www.handball-planet.com
- ↑ Estelle Nze Minko – new playmaker in Győr Архивирано на 17 октомври 2019 г. Timeout Magazine
- ↑ L'Équipe, уред. (7 октомври 2013). „Cinq nouvelles Bleues“. Посетено на 22 октомври 2013.
- ↑ Ligue féminine de handball (уред.). „Qualifs Euro 2014 - Les réactions après France / Slovaquie“. Архивирано од изворникот на 2018-04-12. Посетено на 25 октомври 2013.
- ↑ Fédération européenne de handball (уред.). „France“. huncro2014.ehf-euro.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2014-12-19. Посетено на 9 деквмри 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ L'Équipe, уред. (19 декември 2014). „Championnat d'Europe : la France se console en battant la Hongrie“. www.lequipe.fr.
- ↑ Fédération européenne de handball (уред.). „EHF EURO 2016 - Top Player Statistics“. swe2016.ehf-euro.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-10-02. Посетено на 18 декември 2016. Надворешна врска во
|website=
(help) - ↑ „Statistiques individuelles“. Site officiel de la compétition. 6/12/2018. Архивирано од изворникот на 2018-12-09. Посетено на 7/12/2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help); Надворешна врска во|website=
(help)