Св. Богородица (Ростуше)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Св. Богородица“
| |
Местоположба | 41°36′36″N 20°36′0″E / 41.61000° СГШ; 20.60000° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Ростуше |
Општина | Маврово и Ростуше |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Св. Богородица — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Ростуше. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа во средишниот дел на селото, каде при изградба на станбени куќи и нивелирање на теренот, на повеќе наврати се откривани гробови градени од камени плочи -тип циста. Исто така, откриени се и темели од манастирска црква посветена на Св. Богородица. Црквата по доаѓањето на Турците била претворена во џамија која, во 1912 година, српските власти ја срушиле. Во 1984 година, при изградбата на приватна куќа, сопственикот открил гроб од камени плочи во кој имало бронзен прстен со стаклена паста со црвена боја.[1]
Поврзано
уреди- Дубје — средновековна некропола;
- Св. Јован Бигорски — средновековна црква;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |