Варнеминде
Варнеминде (германски: Warnemünde, буквално Устие на Варнов) — приморско одморалиште и најсеверниот округ на градот Росток во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, сместен на Балтичкото Море во североисточниот дел на Германија и како што открива името, на естуарот на реката Варнов.
Варнеминде | |
Место во Росток | |
Шеталиштето покрај плажата со хотелот Нептун во позадина | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Росток |
Град | Росток |
Основни податоци | |
Површина | 5,9 км2 |
Надм. височина | 2 м |
Население | 6.670 (31 декември 2011) |
- Густина | 1.131 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Пошт. бр. | 18119 |
Повик. бр. | 0381 |
Местоположба на Варнеминде во градот Росток | |
Координати | 54°10′31″N 12°5′18″E / 54.17528° СГШ; 12.08833° ИГД |
Историја
уредиОснован во 1200 г., Варнеминде со векови бил мало рибарско село со мало значење за економскиот и културниот развој за областа. Во 1323 Варнеминде го изгубил својот автономен статус откако бил купен од градот Росток со цел да се заштити пристапот на градот до Балтичкото Море. Варнеминде не започнал да се развива во важно приморско одморалиште сè до XIX век. Денес, Варнеминде има околу 8.400 жители.
Стопанство
уредиНекогаш целосно зависен од рибарската индустрија, Варнеминде денес е целосно потпрен на услужната индустрија и туризмот. Покрај фабриката за производство на бродови, економијата главно зависи од туризмот. Изградбата на пристаништето за крстосувачи во 2005 придонело Варнеминде да стане најважното пристаниште на бродовите за крстарење во Германија.
Варнеминде во текот на Првата светска војна бил седиште на фабриката за авиони LFG. Пред Втората светска војна голем број на други компании, главно поврзани со сега банкротираната LFG, отвориле свои погони во областа. Фабриките и околината биле неколкупати бомбардирани во текот на војната.
Знаменитости
уредиСтанувајќи јазол на поморскиот сообраќај, округот Варнеминде поседува бројни навигациски уреди, најстариот од нив е светилникот, изграден во 1897 и сè уште во употреба. Во летото, кулата, висока околу 37 метри, им овозможува на посетителите да уживаат во извонредниот поглед на Балтичкото Море и северните окрузи на Росток. Друга позната знаменитост на Варнеминде е блискиот Тепот (Teapot) со неговиот необичен покрив, е интересен пример на источногерманската архитектура. Изграден во 1960-тите и обновен во 2002, денес во него се сместени поголем број ресторани и морски изложби.
Во близина на каналот наречен Алте Штром (der Alte Strom), со неговите ресторани, пабови и традиционални рибарски бродови, се наоѓа рибарскиот пазар.
Големите песочни плажи на Варнеминде се едни од најшироките на германскиот балтички брег и се протегаат во должина од 3 километри.
Постои едноставен модел во однос 1:1 на Сончевиот Систем (Warnemünder Planetenwanderweg),[1][2] со пречник на сферата од 1,4 метри како модел на Сонцето, поставен близу светилникот и продолжува со оддалеченост на другите планети во согласност со нивните растојанија од Сонцето. Некои од планетите се оддалечени преку еден километар, а вкупната должина на Planetenwanderweg е блузу шест километри. Моделот го вклучува и Плутон и не бил обновен откако на Плутон му бил доделен статусот џуџеста планета. Пешачењето долж овој модел им овозможува на посетителите да добијат идеја за релативните растојанија помеѓу орбитите на планетите и Сонцето.
Клима
уредиОкругот Варнеминде има океанска клима под влијание на Балтичкото Море (Cfb) според Кепеновата класификација на климата.
Клима на Варнеминде | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 2,2 | 2,9 | 6,1 | 10,0 | 15,6 | 18,9 | 20,5 | 20,7 | 17,5 | 12,9 | 7,5 | 3,9 | 11,6 |
Просечна температура (°C) | 0,2 | 0,7 | 3,1 | 6,3 | 11,3 | 15,0 | 16,8 | 16,7 | 13,9 | 9,9 | 5,3 | 1,9 | 8,4 |
Просечна минимална (°C) | −1,9 | −1,4 | 0,7 | 3,6 | 8,0 | 11,8 | 13,7 | 13,5 | 11,0 | 7,3 | 3,2 | −0,1 | 5,8 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 46 | 31 | 40 | 42 | 47 | 59 | 71 | 59 | 54 | 42 | 52 | 48 | 591 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 10 | 8 | 10 | 9 | 8 | 9 | 10 | 9 | 9 | 9 | 11 | 11 | 113 |
Сончеви часови (месечно) | 37,2 | 64,4 | 108,5 | 174 | 244,9 | 246 | 232,5 | 226,3 | 156 | 105,4 | 54 | 37,2 | 1.686,4 |
Спорт
уредиПоради добрит временски услови, Варнеминде е едно од најдобрите места за едрење во Германија. Плажата е особена добра за сурфање, нуркање, пливање и пешачење. Летно време се одржуваат бројни меѓународни натпревари.
Галерија
уреди-
Алтер Штром во квечерина
-
Светилникот
-
Вообичаени стари рибарски куќи во стариот дел на Варнеминде
-
Бања во Варнеминде
-
Техничкиот кампус во Варнеминде
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Варнеминде“ на Ризницата ? |
- Официјална страница Архивирано на 21 февруари 2009 г.
- Пристаништето за крстосувачи Архивирано на 7 март 2021 г.
54°10′N 12°05′E / 54.167° СГШ; 12.083° ИГД{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница