Росточки универзитет
Росточки универзитет (германски: Universität Rostock) — универзитет во градот Росток, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија.
Universität Rostock | |
![]() Лого на Росточкиот универзитет | |
латински: Universitas Rostochiensis | |
Гесло | Traditio et Innovatio (Традиција и иновација) |
---|---|
Вид | јавен |
Основан | 13 февруари 1419 |
Канцелар | Јоахим Витерн |
Ректор | Волфганг Д. Шарек[1] (906. ректор) |
Административен кадар | 6.335(2008, вклучувајќи ја Универзитетската клиника) |
Студенти | 15.312(2012) |
Место | Росток, Мекленбург-Западна Померанија, Германија 54°05′17″ N; 12°08′00″ E / 54.088133° СГШ; 12.133373° ИГД |
Кампус | урбан |
Припадност | EUA |
uni-rostock.de | |
![]() |
Основан во 1419 година, тој е еден од најстарите универзитети во светот и најстар и најголем универзитет во континентална Северна Европа и областа околу Балтичкото Море. Тој е трет најстар универзитет во Германија, кој работел без прекин. Универзитетот е поврзуван со пет нобеловци. Во зимскиот семестар 2011/12 биле запишани 15.312 студенти.
ЛуѓеУреди
Во скоро шест векови постоење, бројни познати студенти и професори се поврзуваат со универзитетот. Дел од нив се:
- Тихо Брахе — дански астроном
- Карл Фридрих Вилхелм Брокман — филозоф
- Алберт Ајнштајн — физичар и нобеловец (почесен доктор на наука во 1919[2])
- Олав Енгелбректсон — 28. и последен римокатолички архиеписок на Нидарос
- Арно Еш — студент и либерален политичар
- Карл фон Фриш — етнолог и нобеловец
- Јоахим Гаук — 11. претседател на Германија, студирал теологија во Росток до 1965, почесен доктор
- Конрад Геселен — астроном, математичар и свештеник
- Валтер Халштајн — прв претседател на Европската комисија
- Хоскулд Хоскулдсон — 28. и последен римокатолички епископ на Ставангер
- Валтер Кемповски — писател
- Албрехт Косел — научник и нобеловец
- Могенс Лауритсен — 27. и последен римокатолички епископ на Хамар
- Макс Планк — физичар и нобеловец (почесен доктор на науки во 1919)
- Исак Рилф — филозоф
- Мориц Шлик — филозоф
- Хајнрих Шлиман — археолог
- Рудолф Штајнер — антрополог
- Ото Штерн — физичар и нобеловец
ГалеријаУреди
Зградата на Институтот за демографско истражување Макс Планк во Росток