Дабиље

село во Општина Струмица
(Пренасочено од Дабиле)

Дабиље (исто така, се среќава и како Дабиле и Дабиља) е село во Општина Струмица, кое се наоѓа недалеку од градот Струмица.

Дабиље
Дабиље во рамките на Македонија
Дабиље
Местоположба на Дабиље во Македонија
Дабиље на карта

Карта

Координати 41°26′34″N 22°41′26″E / 41.44278° СГШ; 22.69056° ИГД / 41.44278; 22.69056
Општина Струмица
Население 1.647 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2400
Шифра на КО 27021
Надм. вис. 221 мнв м
Слава Света Троица
Дабиље на општинската карта

Атарот на Дабиље во рамките на општината
Дабиље на Ризницата
Селска чешма
Училиштето „Кирил и Методиј"
Црквата „Св. Троица“

Географија

уреди

Дабиље се наоѓа во централната зона на територијата на Општина Струмица, во рамнинскиот дел на Струмичко Поле. Се наоѓа недалеку од градот Струмица (на 4км оддалеченост), на патот Струмица - Ново Село. Се работи за рамничарско село на надморска височина од 221 метри. Атарот на селото е 6,8 квадратни километри. Селото се граничи со Струмица, Добрејци, Градско Балдовци, Сачево, Струмица, Просениково, Сарај, Босилово, Робово.

Во близина на селото поминува реката Водочница.

Историја

уреди

Кон крајот XIX век, кога Македонија била во состав на Отоманското Царство, во селото се бележи револуционерна дејност. Првиот човек кој ги прифатил идеите на ВМРО во струмичкиот регион бил Стојан Ѓорѓиев од Дабиле, кој во 1895 година го формирал и првиот месен комитет во Струмица. Во овие краишта бил формиран и дејствувал Огражденскиот окружен македонско-одрински револуционерен комитет. Дабиље се спомнува и во Спомените на Михаил Герџиков. На почетокот на XX век селото потпаѓа под црковно-пропагандното влијание на Бугарската егзархија.

Економија и инфраструктура

уреди

Во селото најзастапено е полјоделството. Катастарската површина е 760 хектари. Обработливото земјиште зафаќа 612 хектари, пасиштата зафаќаат 15,4 хектари, а шумите, пак, не се застапени. Во селото функционира ветеринарна станица, земјоделска аптека, а има и трговски објекти (дуќани за брави и огради, мебел, теписи), ковачница, автосервиси и угостителски објекти (ноќен локал - ресторан Шабан). Вкупниот број на активни правни лица е 47. Во Дабиља се врши откуп на тутун и постојат откупни станици за земјоделски производи.Исто така значајна фирма во дабиле е- НАПРЕДОК КОМЕРЦ -која се занимава со производство и промет на хтз опрема, односно работна облека која се продава на пазарите во Македонија и Европа.Оваа претпријатие е основано во 1990 година со главно трговска дејност,за подоцна во 2003 година да отвори и производствен погон за потребите на претпријатието. По 23 години успешна работа фирмата Напредок Комерц од Дабиле изгради нов деловно трговски објект на патот Дабиле Ново Село во „индустриската зона Дабиле “со што придонесува за успешно развивање на овој индустриски комплекс. Некои од културите кои се одгледуваат во Дабиље се: индустриска пиперка, лубеница, луцерка, моркови, компири, итн.

Земјоделско ориентираното Дабиље е често подложно на економски потреси од временски непогоди, особено поплави. Проблемите предизвикани со поплавите се особено актуелни и поради недостигот на фекална канализација и покрај тоа што изградбата на канализација во Дабиље е предвидена со МЕАП програмата, финансирана од ЕБОР, Владата на Република Македонија и од странски донации. Жителите проблемот со фекалните води го решаваат со изградба на септички јами. [1][мртва врска] Во есента 2008, како резултат на вложувањата на Општина Струмица, во Дабиље поставена е примарна водоводна мрежа, но сепак, предлогот жителите на селото да учествуваат со самопридонес при инсталирањето на чешми во домовите е одбиен на референдум. Како резултат, Дабиље е едно од четирите населени места во Општина Струмица кое сѐ уште нема секундарен водовод. Населението се снабдува со вода за пиење преку артески бунари и пумпи, при што водата има сомнителен квалитет. [2] [3][мртва врска] [4][мртва врска]

Селото располага со асфалтирана патна мрежа (улиците не се означени, но добар дел од нив имаат тротоари), електрична мрежа, телекомуникациски врски. Селото е опслужувано од струмичкиот кабелски оператор Кабел Нет.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.163—    
19531.307+12.4%
19611.549+18.5%
19711.671+7.9%
19811.770+5.9%
ГодинаНас.±%
19911.964+11.0%
19941.962−0.1%
20021.946−0.8%
20211.647−15.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дабиље живееле 620 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дабиље имало 584 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 8 протестанти.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.946 жители, од кои 1.941 Македонец и 5 Срби.[5] Половата дистрибуција е 1000 мажи и 946 жени. Бројот на домаќинства е 531.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.647 жители, од кои 1.509 Македонци, 1 Албанец, 3 Срби, 2 останати и 132 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 620 592 1.163 1.307 1.549 1.671 1.770 1.964 1.962 1.946 1.647
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

За време на избори се гласа во месната заедница и во основното училиште.

Избирачко место

уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 1770 и 1771 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и месната заедница.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.593 гласачи.[12]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.611 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

уреди

Личности

уреди
Родени
Поврзани
  • Ока Николов - германски фудбалер (потекло од Дабиле)
  • Катерина Пандева - советник на претседателот на собранието на Р.М. Трајко Велјановски

Култура и спорт

уреди

Во Дабиље функционира деветгодишното основно училиште Кирил и Методиј. Во рамките на училиштето има една паралелка – подготвителна година на основно образование со вкупно 16 ученици и еден воспитувач. Во основното образоние има 13 паралелки со вкупен број на ученици 296 и вкупно наставници 20.

Во селото познат е ноќниот локал Шабан' и „Пепи“ '.

Надворешни врски

уреди

Литература

уреди

Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 90 стр.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  3. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 106-107.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
  13. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)