Иван Терзиев
Иван Терзиев (Робово, Струмичко, 1928 - Скопје, 29 мај 2016) — македонски композитор и флејтист. Важи за најголем мајстор на флејтата во Македонија.
Иван Терзиев | ||
Роден | Робово, Струмичко | |
---|---|---|
Починал | 29 мај 2016 Скопје, Македонија | |
Занимање | композитор и флејтист |
Животопис
уредиТерзиев е роден во струмичкото село Робово. Тој подоцна постанува еден од најдобрите македонски композитори и флејтисти, покрај другите негови извонредни музички дела, автор е и на маршот посветен на историското ВМРО, денес химна на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е комплетен автор и на балетската свита Јаболко и девојка, своевидно ремек дело. Починал во Скопје на 29 мај 2016 година.[1]