Московски уметнички театар
Московскиот уметнички театар (руски: Московский Художественный Академический Театр) е руски театар специјализиран во театралниот натурализам. Бил основан во 1898 година од Константин Станиславски (уметнички директор) и Владимир Немирович Даншенко (административен директор) со единствена цел да се замени старомодното историско играње и режирањето со поедноставен и пореален стил. Театарот бил отворен со делото на Алексеј Толстој „Цар Фјодор Иванович“ (Царь Фёдор Иоаннович), а првиот голем успех го постигнал со делото на Антон Чехов „Галебот“ (Чайка). Покрај делата на Чехов, театарот поставил нови дела како на Максим Горки и Морис Матерлинк. Трупата на театарот со одушевување била примана на турнеите низ Европа и Америка во 1922 година и изврши влијание врз подоцнежниот развој на театарот низ целиот свет. Од 1939 година познат е како „Московски академски уметнички театар“ (Московский Художественный Академический Театр).[1]
Московски уметнички театар Московский Художественный Академический Театр | |
---|---|
Чеховскиот Московски уметнички театар денес | |
Град | |
Земја | Русија |
Отворен | 1898 |
Наводи
уреди- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 6, стр. 171.