Марио Варгас Љоса
Марио Варгас Љоса (роден на 28 март 1936; шпански: Mario Vargas Llosa) - перуански писател, политичар, новинар и есеист. Љоса е еден од водечките романописци и есеисти од Латинска Америка, како и еден од водечките автори од својата генерација и од авторите на „латиноамериканскиот процут“. Во 2010 ја доби Нобеловата награда за литература „за неговата картографија на структурите на моќта и острото отсликување на отпорот, револтот и поразот на поединецот.“ [1]
Марио Варгас Љоса | |
---|---|
Марио Варгас Љоса во 2010 | |
Националност | Перуанец, Шпанец |
Апсолвент на | Државниот универзитет од Сан Марксо Универзитетот од Мадрид |
Значајни награди | Нобелова награда за литература 2010 |
Сопруг/а | Хулија Уркиди (1955–1964) Патрисија Љоса (1965–денес) |
Деца | Алваро Варгас Љоса Гонсало Варгас Љоса Моргана Варгас Љоса |
мрежно место | |
http://www.mvargasllosa.com |
Животопис
уредиЕден син на Љоса се вика Алваро.[2]
Творештво
уредиВаргас Љоса се прославил во 1960-те со романите „Градот и кучињата“ (La ciudad y los perros, 1963), „Зелената куќа“ (La casa verde, 1965) и „Разговор во катедралата“ (Conversación en la catedral, 1969).
Наводи
уреди- ↑ „The Nobel Prize in Literature 2010“. Nobelprize. 7 октомври 2010. Посетено на 7 октомври 2010.
- ↑ Gabrijel Garsija Markes, Pukovniku nema ko da piše. Beograd: Sezam Book, 2012, стр. 114.
Надворешни врски
уреди- Марио Варгас Љоса: Пишувам затоа што сум несреќен - интервју со Љоса
- Матична страница
- The Persistence of Memory Архивирано на 5 септември 2009 г.
- Mario Vargas Llosa papers at Princeton University
- Mario Vargas Llosa and the Relationship Between Politics and Journalism Архивирано на 3 декември 2013 г.
- Featured author: Mario Vargas Llosa at The New York Times¨
Оваа статија за писател, поет или драматург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |