Разговор:Свети Паисиј Хилендарски

(Пренасочено од Разговор:Свети Паисиj Хилендарски)
Последен коментар: пред 3 години од The Hunter2k19 на темата Paisii hilendarski reverted edit

Да ги замолам тие што го цитираат Паисиј да го цитират во оригинал или да го преведат на македонски.Така е некаква мешавина што тешко се чита.--Ajax 16:43, 3 април 2007 (UTC)

Родно место

уреди
Имам коментар кон - "Современата бугарска историја прави упорити напори да докаже дека потекнува од Македонија, за да добијат некаква смисла нивните шовинистички амбиции. Но сето тоа е далеку од секаква веродостојност.[1]"[2]. Така например во 1927 година е создаден националистички сојуз “Отец Паисиј“, којшто подоцна ќе се изроди во нацистички, а негови членови во 1943 година ќе учествуваат во напади врз еврејски маала и ќуки "
  1. Не само современата бугарска историографиjа смета дека наjвероjатно Паисиj потекнува од Македониjа (Пиринска). За Банско се говори уште во почетокот на ХХ век, а и порано. Во ставениот во статиjава инаку спорен линк од весникот "Стандарт" фактот дека во почетокот на ХХ век постоеле вакви ставови, се признава;
  2. Коj си дозволува правото така категорично да тврди дека наjприфатената теза во историографиjата не е веродостојна? На база на какви извори? Апсурдни се ставените моментално два извора. Првиот нема ништо општо со Паисиj Хилендарски и раскажува за одржаниот во 1963 состанок на БКП, а другиот - е статиjа от весник, во koја некаков автор, журналист и писател, коj не е дури историчар, тврди дека Паисиj не е родум од Банско. Самата редакциjа на весникот осознава дека тезата е спорна и непопуларна и затоа е ставено - "Редакцията е готова да публикува и други мнения по въпроса".
  3. Изрази како "нивните шовинистички амбиции" немаат ништо општо со неутралноста.
  4. Статиjава не е за сојузот “Отец Паисиј", а за историската личност Паисиj Хилендарски. Не е jасно што се докажува со "така например". Мислам дека е добро, ако некоj сака, да напише посебна статиjа за сојузот “Отец Паисиј“.
  5. Видов дека и во статиjaтa "Бугарска преродба" корисникот Frightner упорно тврди дека Паисиj Хилендарски е роден "во селата меѓу Перник и Самоков" и враќа изворите во поткрепа на противната теза (История на България, Издателство на Българската академия на науките, т. 5, София 1985, с. 128, Кой кой е сред българите ХV-ХІХ век, София 2000, с. 200). Мислам дека е од корист за Википедиjа, ако некоj има некакви ставови, извори и аргументи, да ги изложи во страницата за разговор.--Антон 12:42, 13 јануари 2008 (UTC)

За браката на Паисиј

уреди

Бојан, добре известно е дека браката на Паисиј - Хаджи Валчо и Лаврентиј се от градот Банско ова е добре известно по тоа што биле доста добре познати со делата си во Атон, а по тоа и Хаджи Валчо заможен трговец е повеке пати ктитор на атонските манастири. Нема врска родните брака на Паисиј да се от Банско, а тоя не, ако за безспорен доказ требва родилен документ таков нема как да биде најден. --Li4kata (разговор) 14:23, 6 октомври 2008 (UTC)

Проблеми во статиjата

уреди

1. Националистичкиот сојуз “Отец Паисиј“ од средината на 20 век нема директна врска со самиот Паисиj Хилендарски и местото му не е во биографската статиjа за историчарот од 18 век.

2. Да, постоjат спорови за родното место на Паисиj, али во науката преовладува тезата дека е од Банско на основа на информациjата за братот на Паисиj (игумен на Хилендарскиот манастир), за коj има веродостоjни податоци дека бил токму од таму.

3. Многу од изворите во статиjата се недостапни или ирелевантни:

  • Првиот е мртов линк, а немаме податоци коj бил авторот, кога била направена публикациjата и така натаму.
  • Вториот всашност е туристички гид, а цитираниот писател Цанко Живков не е историчар.
  • Тезата на Мариjа Деjанова не е прифатена од мнозинството историчари, а исто така таа е и контроверзна - зарем самоковскиот диjалект се зборува само во селото Доспеj? Неозбилно е.
  • Статиjата на Галина Минчева исто не е напишана од историчар.
  • Линкот кон www.digsys.bg е мртов.
  • Емисиjата на БНР исто не е дело на историчар.

4. Тврдењето дека Современата бугарска историја прави упорни обиди да докаже дека тој потекнува од Македонија, во насока на шовинистичките амбиции кон денешна Република Македонија. е неозбилно - зарем Банско е во денешна Република Македонија? Исто така немаме релевантен извор за слична интерпретациjа.

5. Хилендарскиот манастир денес е србски, али во средината на 18 век мнозинството од монасите во него било бугарско, кое по законите на Света гора го правело бугарски манастир.

Со такви содржина и извори статиjата не ги исполнува стандардите и правилата на Википедиjа. Мора да се направи нова редакциjа со релевантни академски извори. Поздрав, Boban Krumeski (разговор) 06:08, 3 февруари 2009 (UTC)

Имам само забелешка за две работи. Зошто некој треба да биде историчар за да мора да го оцени говорот на некој писател (се однесува за вториот линк)? И второто - изворите не треба да се исклучиво академски, туку треба да се проверливи. Boyan (разговор) 12:18, 3 февруари 2009 (UTC)
Да видиме што всашност пишува во правилата на Википедиjа:
Wikipedia:Reliable sources: Academic and peer-reviewed publications are usually the most reliable sources when available.
Уште:
Wikipedia:Verifiability: In general, the most reliable sources are peer-reviewed journals and books published in university presses; university-level textbooks; magazines, journals, and books published by respected publishing houses; and mainstream newspapers. As a rule of thumb, the greater the degree of scrutiny involved in checking facts, analyzing legal issues, and scrutinizing the evidence and arguments of a particular work, the more reliable it is.
Academic and peer-reviewed publications are highly valued and usually the most reliable sources in areas where they are available, such as history, medicine and science. Material from reliable non-academic sources may also be used in these areas, particularly if they are respected mainstream publications.
Во статиите, поврзани со историjата, наjрелевантни и наjверодостоjни извори се токму академските историски истражувања. Кога станува збор за маргинални теории, правилото е:
Wikipedia:Fringe theories: Coverage on Wikipedia should not make a fringe theory appear more notable than it actually is.
А маргиналните теории во статиjата за Паисиj Хилендарски сега се со повеќе место од наjраспространетата во науката. Поздрав, Boban Krumeski (разговор) 13:03, 3 февруари 2009 (UTC)

Мислам дека Паисиј не е толку позната личност од историјата, па за него да се користат горенаведените правила. Важен е за бугарската историја, меѓутоа секогаш е поважно да се истакне дека е од Македонија поради добро познатите причини. Како тогаш ќе се оцени која е главна, а која маргинална теорија? Дали официјалната бугарската е главна? Boyan (разговор) 13:20, 3 февруари 2009 (UTC)

Мислам дека правилата се универзални и за познати, и за не толку познати историски фигури. А дали Паисиj е битен за македонската историjа... Историчарот Христо Силјанов, учесник во Илинденско-Преображенското востание и Балканските воjни, го почнува воведот во неговата ценета историjа на "Ослободителните борби на Македониjа" токму со зборови за Паисиj:
Упрѣкътъ на Паисия Хилендарски къмъ заспалитѣ и неразумнитѣ българи, отправенъ еднакво къмъ всички негови сънародници, намира въ Македония не по-малко силенъ отгласъ отколкото въ Мизия и Тракия.
Да ги почитуваме правилата на Википедиjа, инаку ќе имаме статии со многу низок квалитет како сегашната за Паисиj. Boban Krumeski (разговор) 13:34, 3 февруари 2009 (UTC)

Добро, преуреди ја статијата како мислиш. Потоа може да разговараме за промените. Инаку, правилата на Википедија се почитуваат во статијата, него проблемот од типот на заспалитѣ и неразумнитѣ българи е примарното нешто - правилата на Википедија во твојот случај се секундарни и се само маскирна униформа. Boyan (разговор) 13:43, 3 февруари 2009 (UTC)

Впрочем, твојот коментар за Христо Силјанов многу наликува на оригинално истражување и маргинална тероија. Boyan (разговор) 13:59, 3 февруари 2009 (UTC)

Овде нема коментар за Силjанов, а цитат од Силjанов. За местото на книгата на Паисиj во македонската историjа зборува уште еден факт - првото печатено издание на "Историjа словенобугарска" под името "Царственик или историjа бугарска" во 1844 година е дело на Христаки Павлович од Дупница по потекло од Кочани. Boban Krumeski (разговор) 18:24, 3 февруари 2009 (UTC)
P. s. Кузман Шапкарев пишува во неговите спомени во белешка №2 кон страница 75: В същето време или и малко нещо по-сетне същий Д. Миладинов ме снабди и с някои други български книги за собствено мое употребление: именно с по един екземпляр от многозаслужившата ми бълг. история «Царственик»... Годината била 1858-а. Boban Krumeski (разговор) 18:41, 3 февруари 2009 (UTC)

Крумески, немој да мислиш дека за некого ја откри Америка. Ти реков, среди ја статијата како мислиш. И те молам, без оригинално истражување и цитирање на тоа кој што кажал за Паисиј. Википедија не е научна установа и не спроведува истражувања, па макар тие и да биле за историјата на твојата земја. Boyan (разговор) 19:59, 3 февруари 2009 (UTC)

Нови проблеми

уреди

Корисникот Аjакс е ставил во статиjата нови примери за алтернативните теории, кои не се прифатени од мнозинството историчари, и тие па имаат поголем дел од теориjата на мнозинството историчари. Избришана е и оценката за неубедливоста на алтернативните теории. Тоа ги крши погоре цитираните правила за уредување и избор на веродостоjни извори. Исто така Аjакс користи ненаучни текстови и некои застарени научни текстови, кои не се актуелни во науката.

  • 150 г. спорови - авторот не е историчар.
  • Aкад.Иван Снегаров "За родното място на Паисий Хилендарски" (бугарски) - авторот е историчар, но ставот не е подржуван од мнозинството историчари и не е актуелен, од 1962 година е, а повеќето од бугарските истражувања на архивите на Атон се подоцни.
  • Цанко Живков "Родна реч" вo спорот за јазикот и родното място на Паисиј(бугарски) - авторот не е историчар, а "Родна реч" е литературно издание за деца!

Уште побизарно е тоа дека заклучоците на цитираните од Аjакс извори не се поклопуват со неговите сопствени интерпретации во статиjата. На пример истиот е напишал "Тие го поврзуваат со реоните на Самоков и Перник, за кои постојат и бројни легенди.", а во изворот на Цветелина Димитрова "Версията за родното място на отец Паисий Хилендарски от с. Доспей, Самоковско" се тврди дека легендите не се сеопшто познати во тие реони

  • "За отбелязване е, че по време на теренните записи всички интервюирани респонденти от селото заявяваха, че Паисий е родом от тяхното село, но това не пораждаше наратив, нямаше разказ. Такива имаше само при представителите на родовете Попови и Праскови – едните смятани за родственици на Паисий, а другите – за потомци на свидетели, че Паисий е родом от Доспей."

и се дел од модерен тренд на локална политичка афирмациjа, односно станува збор за доцни митови, делумно развиени под влиjание на медиумите:

  • "По време на теренните проучвания в село Доспей, Самоковско през 2004 г. често споменавани от респондентите в интервютата бяха имената на местни краеведи, книжовници и деятели, както от миналото (Христо Семерджиев, Христо Марков, Борис Кашъмов), така и съвременници (Иван Ненов, Георги Манов), което ме подтикна да прегледам техните съчинения, както и публикациите им в пресата, за да установя евенуталното им влияние върху оформянето, трансформирането и функционирането на устните разкази, от една страна, както и ролята на тези разкази за изграждане фигура на спомена (Асман 2004: 35-38) и вписването й в локалната памет, от друга. Специален интерес породи и опитът за “присвояване” на националното от локалната култура и същевременно включването й в него чрез ценностната натовареност на селището, превръщайки го в център на българското, както и политическите и идеологически употреби на този локален стремеж от страна на институционализираната власт. Това наложи и проследяване на дебата в научния дискурс като основен фактор, задаващ хипотези и притежаващ функцията на авторитетен коректив."
  • "При прегледа на дискусиите в печата се забелязва на първо място стремежът към съобразяване на отделните хипотези с данните и изводите, представяни от научно-изследователския дискурс17. На второ място – взаимните корекции на отделните версии и следователно вмъкването на нови елементи в текстовете. На трето – влиянието на писмените източници върху съвременните устни разкази, записани при теренни проучвания, които отразяват несъмненото и силно взаимодействие между писмено и устно."

Заклучоците на Цветелина Димитрова всашност ги потврдуваат зборовите на Пламен Митев за неубедливоста на легендите, кои се избришани од Аjакс ( "Българското Възраждане", Издателство "Полис", София, 1999, стр. 31).

Накраj, местото на националистичкиот соjуз "Отец Паисиj" веќе е дискутирано како ирелевантно овде... Поздрав, Boban Krumeski (разговор) 01:13, 17 февруари 2009 (UTC)

Мислам дека не е добро да бришеш извори како Снегаров, тркалезната маса и емисијата на Националното радио. А првиот извор од статија ќе стои се додека не најдеш подобар! Истражувањата на Цанко Живков се толку вредни, колку и тие на професионалните историчари. Алтернативните на официјалната верзија се пошироко презентирани затоа што се побројни. Линкот за Цветелина Димитрова само презентира доспејката верзија, а се надоврзува на предната реченица. Бројните легенди се за Кралев дол. Ги сметам сите твои следни уредувања за штетни. --Ajax (разговор) 20:04, 18 февруари 2009 (UTC)
Мислам дека има jасни правила, цитирани погоре. Алтернативните теории не може да се прикажуваат со повеќе тежина од водечките, а историските статии се уредуваат претежно на основа на научни автори и публикации. Поздрав, Бобан Податотека:Boban Krumeski.png Крумески 20:24, 18 февруари 2009 (UTC)
Аjакс, ти си jа вратил целосно твоjата редакциjа независно од тоа што таа содржи очигледно ирелевантни извори и ги крши одредени правила за уредување. Жалам, но немам намера да повторувам едни и исти зборови повеќе од еден пат. Доста од мене. Бобан Податотека:Boban Krumeski.png Крумески 20:31, 18 февруари 2009 (UTC)
Вратена е зашто си избришал низа извори,има тенденциозни залкучоци што даваат предност само на твојата омилена теорија. Водечката теорија е доказана вештачка, како што е и вештачко неговото прогласување за светец од црквата, управувана од комунистите. За официјалната теорија има 2 реченици, за другите теории 4. Ако сакаш тие 4 да ги клаиме во 2? Но јас мислам дека 1 наспроти повеќе теории се сосема добро презентирани. И внимавај на правописот. Ајде пак назад. --Ajax (разговор) 20:42, 18 февруари 2009 (UTC)
Ги цитирам правилата за уредување за последен пат. Во статиите, поврзани со историjата, наjрелевантни и наjверодостоjни извори се токму академските историски истражувања:
Wikipedia:Reliable sources: Academic and peer-reviewed publications are usually the most reliable sources when available.
Уште:
Wikipedia:Verifiability: In general, the most reliable sources are peer-reviewed journals and books published in university presses; university-level textbooks; magazines, journals, and books published by respected publishing houses; and mainstream newspapers. As a rule of thumb, the greater the degree of scrutiny involved in checking facts, analyzing legal issues, and scrutinizing the evidence and arguments of a particular work, the more reliable it is.
Academic and peer-reviewed publications are highly valued and usually the most reliable sources in areas where they are available, such as history, medicine and science. Material from reliable non-academic sources may also be used in these areas, particularly if they are respected mainstream publications.
Кога станува збор за маргинални теории, правилото е:
Wikipedia:Fringe theories: Coverage on Wikipedia should not make a fringe theory appear more notable than it actually is. Since Wikipedia describes significant opinions in its articles, with representation in proportion to their prominence, it is important that Wikipedia itself does not become the validating source for non-significant subjects.
Историските статии се уредуваат на основа на научни автори и публикации, а маргиналните теории не може да се прикажуваат со повеќе тежина од водечките. Ако не ги сакаш правилата на Википедиjа - жалам, не уредуваj овде. Не мислам дека "водечката теорија е доказана вештачка" - мнозинството во науката не е на истиот став. Дури и учени-учесници во цитираната тркалезна маса како Надежда Драгова остануваат на позициjа за потекло од Банско. Бобан Податотека:Boban Krumeski.png Крумески 21:07, 18 февруари 2009 (UTC)
Историските статии се уредуваат врз основа на фактите, што ги презентираат авторите.Кога имаме 100 автори што прикажуваат само една теорија со исти податоци, и наспроти тоа други 10 са неколку теории и различни податоци, треба да покажеме различните мислења и факти, не да цитираме 100 исти работи и 2 реченици за различните, разбираш? Сите тие се покажани, целиот проблем ти е самото постоење на алтернатива и нејзиното презентиране, бидејќи самиот гледаш оти се повистинити од официјалната хипотеза. И се плашиш оти кога ќе ги прочита човек сите теории нема да верува на официјалната. За мене главниот проблем е дека се продолжува политиката на Живков за пропаганда на лажна историја и асимилација на тој начин на Македонците во Пиринска Македонија!Википедија не е место за тоа!--Ajax (разговор) 22:41, 18 февруари 2009 (UTC)
Аjакс, не создаваj нови правила. Постоjните се цитирани погоре. Маргиналните теории не може да се со повеќе тежина од водечките. Бобан Податотека:Boban Krumeski.png Крумески 23:20, 18 февруари 2009 (UTC)
Кој ти дал тебе право да определуваш што е маргинално и што не? Ако некој не ги почитува правилата тоа си ти. Да те потсетам како се жалеше за бришене на извори на статијата за ОМО Илинден-Пирин, а тука го правиш токму тоа! Кое правило ти дозволува да бидеш дволичен ?--Ajax (разговор) 23:49, 18 февруари 2009 (UTC)
Историчарот Пламен Митев прави општа оценка на историографските резултати во своето дело "Българското Възраждане", Издателство "Полис", София, 1999, и ги определува алтернативните теории како неубедливи, а теориjата за потекло од Банско како прифатена од мнозинството научници. Досега нема понова научна публикациjа, коjа да тврди дека постои промена во ставот на мнозинството историчари. Изгледа воопшто не разбираш дека Википедиjа се пише не на основа на персонални ставови на уредувачите, а на основа на релевантни извори, во областа на историjата тоа се научните публикации. Или ќе има содржина, реферирана со научни извори, или ќе има шаблон НГТ. Краj. Бобан Податотека:Boban Krumeski.png Крумески 23:57, 18 февруари 2009 (UTC)
Не ми одговори кое правило ти дозволува да бидеш дволичен ? Статија со само една оценка е манипулативна, со што пак покажуваш како ги „почитуваш“ правилата. Да додадам и дека тие оценки се од политичка прилика, покажана и избришана од тебе! --Ajax (разговор) 00:23, 19 февруари 2009 (UTC)
Среќен НГТ шаблон. Срдечни поздрави и продолжуваj да уредуваш историски статии со извори како "Родна реч", литературно издание за деца... Бобан Податотека:Boban Krumeski.png Крумески 00:32, 19 февруари 2009 (UTC)

Избришаната верзиjа

уреди

коjа ги исполнуваше стандардите на Википедиjа:

Биографиjа

За животот на Паисиј се знае релативно малку. Прифаќа се дека е роден во 1722 година во богата трговска фамилија. За негово родно место претендираат неколку градови и села, бидејќи самиот не напишал точно од каде е. Наjраспространетата теориjа во науката е дека потекнува од градот Банско во Пиринска Македонија.("История на България", Издателство на Българската академия на науките, том 5 Българско Възраждане XVIII - средата на XIX век, София, 1985, стр. 127-128. (бугарски)) Аргументот за тоа се наоѓа во кондиките на манастирите во Атон, во кои пишува дека татковата куќа на неговите двама браќа Лаврентиј и хаџи Влчо била токму во Банско.(Пламен Митев, "Българското Възраждане", Издателство "Полис", София, 1999, стр. 31. (бугарски)) Алтернативните теории, кои го поврзуваат со реоните на Самоков и Перник, основани на легенди (Цветелина Димитрова, "Версията за родното място на отец Паисий Хилендарски от с. Доспей, Самоковско", Проект "Четвърт хилядолетие История славянобългарска" на Югозападния университет „Неофит Рилски” - Благоевград. (бугарски)) и дијалектолошки анализи (Мария Деянова, "Съвпадения между характерните диалектизми в Зографската чернова на "История славянобългарска" и говорните характеристики на с. Доспей, Самоковско", Български език и литература (електронна версия), 2006, № 3. (бугарски)), не се оценуваат како убедливи.(Пламен Митев, "Българското Възраждане", Издателство "Полис", София, 1999, стр. 31. (бугарски))(Цветелина Димитрова, "Версията за родното място на отец Паисий Хилендарски от с. Доспей, Самоковско", Проект "Четвърт хилядолетие История славянобългарска" на Югозападния университет „Неофит Рилски” - Благоевград. (бугарски))

Во 1745 година Паисиj станал монах во Хилендарскиот манастир во Атон, оддека и прифатил презимето Хилендарски. Бил испраќан да патува низ Балканот со цел собирање на парични помошти од христијанското население. Во 1761 по дела на манастирот патувал до Сремски Карловци во Војводина (тогаш во Австриската империја), каде било седиштето на србската Карловачка митрополија. Во неjзините богати библиотеки имал можност да прочита некои од познатите во овоj период историски книги за Балканот. Враќајки се во Хилендарскиот манастир, започнал да пишува историjа на бугарскиот народ. По некои конфликти внатре во монашкото братство на Хилендар се префрлил во Зографскиот Манастир, каде во 1762 година ја завршил својата „Историја словенобугарска".(Пламен Митев, "Българското Възраждане", Издателство "Полис", София, 1999, стр. 31-32. (бугарски))

Податоците за животот на Паисиj по 1762 се малку и фрагментирани. Неоспорно е дека по завршувањето на историjата се вратил во Хилендарскиот манастир и за извесен период бил негов проигумен. Продолжил да патува, а сигурно документираните негови посети се во реоните на Самоков, Котел и Асеновград. Умрел во 1773 во Амбелино во jужниот дел на денешниот Асеновград.(Пламен Митев, "Българското Възраждане", Издателство "Полис", София, 1999, стр. 32. (бугарски))

Паисиj Хилендарски е канонизиран за светец од Бугарската Православна Црква.

"Историjа словенобугарска"

Во процесот на подготвувањето за создавање на словенобугарска историjа Паисиjа се запознал со некои од достапните во неговата епоха историски извори: житија на светци, летописни белешки, царски грамоти, сочиненија на Климент Охридски и Евтимиј Трновски, србскиот "Родослов", руски публикации на "Пролог" и "Кормчаја книга", стематографиите на Павле Ритер Витезовиќ и Христофор Жефаровиќ, а наjголемо влијание врз неговите општи идеи за историјата имале руските преводи на книгите "Дејанија церковнаја и гражданскаја" од Цезар Барониј и "Книга историографија" (со оригинално име "Царството на Словените") од Мавро Орбини.(Пламен Митев, "Българското Възраждане", Издателство "Полис", София, 1999, стр. 32. (бугарски))

По завршувањето на книгата Паисиј продолжил да патува и сам да ја распространува. За први зачуван препис се смета преписот од 1765 година, порачан од богатите граѓани на Котел и направен од Софрониј Врачански. Вториот бил направен во 1771 година во Самоков од поп Алекси. За тие преписи се знае дека биле препишувани директно од оригиналот на Паисиj и во негово присуство. Од периодот до краjот на 18 век се познати околу 10 ракописни преписи, а до краjот на 19 век нивниот општ броj е повеќе од 60. Вистинска историска значаjност "Историjа словенобугарска" добила во првата половина на 19 век и навеќе по неjзиното прво преработено печатено издание, направено од Христаки Павловиќ во Будимпешта во 1844 година под името "Царственик или историjа болгарска".(Пламен Митев, "Българското Възраждане", Издателство "Полис", София, 1999, стр. 32. (бугарски)) "Царственик...", коj вклучувал и некои делови од "Стематографија" на Христофор Жефаровиќ, бил користен како учебник по историjа во преродбенските училишта.(Кузман Шапкарев, "Материали за историята на възраждането...", Издателство "Български писател", София, 1984, стр. 75. (бугарски))

Бобан Податотека:Boban Krumeski.png Крумески 00:25, 19 февруари 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • Податотека наместо File, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 01:33, 28 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

Македонски академски став за родното место

уреди

"Македонска енциклопедиjа", Македонска академиjа на науките и уметностите, Скопjе, 2009, том 1, статиjа "Бугарското име во Македониjа", стр. 222: "Идеен втемелувач и пропагатор бил хилендарскиот монах Паисиj од Банско (XVIII в.), инспириран од пишувањата на М. Орбини, J. Раиќ и некои други древни записи во атонските манастири."

Автор на текстот е проф. д-р Михаjло Миноски од Филозовскиот факултет во Скопjе. Мислам дека во светлото и на овоj современ македонски извор мора да се размислува за промена на ненаучните небулози во верзиjата на Ajакс. Бобан   Крумески 23:48, 13 октомври 2009 (UTC)

Родно место, пак

уреди

Предлагам да се користи форматот на бугарската Википедија бидејќи не се знае каде е роден човекон. Да се пише само државата.--Никола Стоіаноски 23:32, 6 ноември 2012 (CET)Одговори

Во бугарската Уикипедия пишува Банско. Jingiby (разговор) 11:18, 5 април 2013 (CEST)Одговори

Кога некој го вратил назад Банско. Никој не знае каде е роден човекот. Во инфокутија нека седи само државата и црковната општина ако се знае, а во текстот може да се пише со дадени саглам небугарски извори за местото. Зборови од типот „најверојатно“ или „можеби“ лошо звучат.--Никола Стоіаноски 12:03, 5 април 2013 (CEST)Одговори

Релевантни извори

уреди

Paisii hilendarski reverted edit

уреди

I just deleted one whole sentence, and there was "source" that didn't have link but just written text on it, so it doesn't look legit and because the text was big it showed that 4000 symbols were deleted and I didn't delete the source from the wiki page but just the text above and again it doesn't look legit. The Hunter2k19 (разговор) 02:48, 21 октомври 2021 (CEST)Одговори

@Ehrlich91 The Hunter2k19 (разговор) 02:42, 25 октомври 2021 (CEST)Одговори

@The Hunter2k19: I did not forget about this. You did not make proper tagging btw. --Ehrlich91 (разговор) 15:04, 25 октомври 2021 (CEST) I review the two sources in the beginning and I cannot just delete it, as simple search on Internet many portals mentioned his Macedonian origin (see here). Maybe @Виолетова: with her participation in the Archive may know better, or possibly have mentioned document. --Ehrlich91 (разговор) 15:18, 25 октомври 2021 (CEST)Одговори

But why then in Russian, English and even Serbian Wikipedia it says he is Bulgarian? The Hunter2k19 (разговор) 22:25, 25 октомври 2021 (CEST)Одговори

Назад на страницата „Свети Паисиј Хилендарски“.