Мавро Орбини (1563–1614) бил католички монах и историчар.

Мавро Орбини
Насловна страница на првото издание на "Regno de gli Slavi", напишано од Мавро Орбини
Роден(а)1563
Дубровник, Дубровничка република
Починал(а)1614
Занимањеписател

Световното име му е Фрањо, а името Мавро го зема како монах. Основното и средното училиште ги завршува во Дубровник, а на 15-годишна возраст пристапува во Бенедиктинскиот манастир. Литературната дејност ја започнал со компилациското теолошко дело De Ultimo Fine Humanæ Vitæ Vel Summo Bono. Неговото најзначајно дело е Кралството на Словените (Пезаро, 1601), кое во еден период било ставено во Индексот на забранетите книги.