Софрониј Врачански
Свети Софрониј Врачански (бугарски: Софроний Врачански; 1739–1813), познат и со своето световно име поп Стојко Владиславов, а подоцна Врачански епископ, е народен просветител, духовник од Бугарија, тој бил и прв следбеник на делото на Св. Паисиј Хилендарски. Во почетокот на 19 век тој е приман од руската и романската влада за основен претставник на христијанската заедница во Бугарија.
Биографија
уредиСофрониј Врачански е роден во 1739 година во Котел во семејството на богати трговци. Учел во неговиот роден град. Работил како абаџија, но сепак покажал интерест кон религијата. Во 1762 година е познат за свештеник, работи и како учител и книжовник во родниот град. Големо влијание врз неговите дела биле од Паисиј Хилендарски во 1765 година во Котел.
Автор е на зборникот „Неделник“ - првата печатна книга на новобугарски јазик. Канонизиран е за светец од Бугарската православна црква со писмен акт на патријарх Кирил во 1964 г.[1] Неговата автобиографија, "Житие и страданија грешнаго Софронија" (ок. 1804 г.), е првата автобиографија пишана на бугарски јазик. Автор е на првиот препис на Паисиевата "Историја словенобугарска".
Извори
уреди- ↑ Радев, Иван (2007). История на българската литература през Възраждането. Велико Търново: Абагар. стр. 104. ISBN 978-954-427-758-1. Укажано повеќе од еден
|authorlink=
и|author-link=
(help)
Надворешни препратки
уреди- „Кириакодромион, сиреч Неделник“
- Софрониев препис Архивирано на 21 јануари 2015 г. на „Историја славовенобугарска“
- Житие и страдања грешного Софрония (полн текст)