Христофор Жефарович
Христофор Жефарович (? - 18 септември 1753) — македонски уметник и хералдичар еден од раните претставници на панславизмот.
Христофор Жефарович | ||
Роден | XVII век Дојран | |
---|---|---|
Починал | 18 септември 1753 Москва, Русија |
БиографиjаУреди
Христофор Жефарович е роден вероjатно во краjот на XVII век во Дојран. За првпат неговото име се спомнува во Белград во 1734 година, каде бил веќе бил прочуен како зограф (сликар). Бил истовремено трговец на книги и богослужбени предмети и уметник. Негови дела се манастирите во Боџани и Шиклош во Војводина, како и една црква во Кожани. По 1740 претежно работил по креирањето на книги во соработка со српскиот патријарх Арсениј IV. Како монах и свештеник ја превел и насликал прочуената „Стематографија“ (грбовник) од оригиналот на хрватскиот илирски хералдичар Павле Ритер Витезовиќ (1652-1713), издадена во Виена во 1741 година. "Стематографија" содржа галериjа со ликови на балкански цареви и светии, грбовник на земите од Источна Европа и белешки кон грбовникот. Кон секој грб има и по една стихотворба, која ги опишува нивните историjа и симболи, исто така превод од делото на Витезовиќ.
Жефарович, коj бил припадник на идеологиjата на jужнословенскиот илиризам, бил нарекуван „ревнитель отечества болгарскаго“, но исто така и „любителъ царства иллирическаго“, а самиот зборувал и за „отечество сербско наше“ и се потпишувал како „иллирïко рассïанскïи общïй зографъ“. Во своето завештание го опишал своjот род како „булгарской нации... въ православной архiепископiи Салонской въ городѣ Догрiанѣ братъ родной свящтеникъ и протчiя сродники“. Умрел во Москва на 18 септември 1753.
„Стематографија“ имала многу значаjна улога во создавањето на симболите на модерните балкански нации и посебно на грбот на Бугариjа, коj е директен наследник на бугарскиот грб на Жефарович.[1]
ИзвориУреди
- ↑ Иван Войников, „История на българските държавни символи“, дял IV Гербовете на Третата българска държава, глава 1 Държавни гербове (Иван Воjников, „Историjа на бугарските државни симболи“, дел IV Грбовите на Третата бугарска држава, глава 1 Државни грбови). (бугарски)
ГалериjаУреди
Св. Методиј Моравски и Св. Ефрем Српски од „Стематографиjа“, 1741
</gallery>
Надворешни врскиУреди
- „Стематографиjа“, 1741, фототипно преиздавање, Динко Давидов, Белград, 1972.
- „Стематографиjа“, семрежна верзија на Стематографиjата од страницата на Бугарското хералдичко и вексилолошко друштво