Самоков (Бугарија)

Самоков (бугарски: Самоков) е град во Бугарија кој се наоѓа во западниот дел од земјата, на 55 км од Софија. Градот е административен центар на истоимената општина во Софиската област.

Самоков
Самоков
град
Поглед на Самоков
Грб на Самоков
Самоков is located in Бугарија
Самоков
Самоков
Местоположба на Самоков во Бугарија
Координати: 42°20′13.7″N 23°33′19.48″E / 42.337139° СГШ; 23.5554111° ИГД / 42.337139; 23.5554111
ЗемјаБугарија
ОбластСофиска Област
ОпштинаСамоков
Управа
 • ГрадоначалникВладимир Георгиев (БСП)
Површина
 • Вкупна128,98 км2 (49,80 ми2)
Надм. вис.&100000000000010290000001.029 м
Население (2022)
 • Вкупно26,514[1]
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Повик. бр.(+359) 0722
Мреж. местоsamokov.bg

Географија

уреди

Самоков се наоѓа во високата Самоковска котлина, која е опкружена со неколку планини - Рила, Плана, Витоша, Верила и Ихтиманска Средна Гора. Низ неа тече реката Искар. Градот се наоѓа на само 8 км од зимскиот центар Боровец. Во близина на градот се наоѓа Националниот парк Рила.

Историја

уреди

Минатото на градот е поврзано со ископувањето на железо. Оттука доаѓа и неговото име „Самоков“ - по еден од големите чекани за преработка на железната руда. Во подножјето на Доспејската планина (Лакатишка Рила) при Шишмановата клисура се наоѓа Шишманово кале. Таму има ранохристијанска базилика и манастирскиот комплекс. Изградени се во времето на Римското Царство. Опожарени се во 7-8 век од варварите. Името им е поврзано со легенди и приказни за последните битки на царот Иван Шишман со Турците.

Некогаш тука имало римска населба, а сегашниот град се јавува подоцна - во почетокот на 14 век како рударско село. Во тоа време бугарските занаетчии влегле во директна врска со западноевропските рудари саксонци, наречени "саси", а по нивниот пример биле воведени саксонските печки, ковачки работилници со мевови и големи чекани "самокови" (од каде доаѓа и името на градот) управувани со водна сила. Кога Турците го освоиле во 1372 Самоков бил развиен економски и културeн центар.

Градот бил еден од центрите на бугарската национална преродба. Тука била отворена првата бугарска печатница на Никола Карастојaнов (1828), а во 18 и почетокот на 19 век се формирала познатата Самоковска ликовна школа (иконописна, животописна и резбарска). Во Самоков се родиле или работеле едни од најпознатите бугарски зографи - Христо Димитров и неговите синови Димитар и Захариј Зограф, Станислав Доспевски, син на Димитар Зограф, Иван и Никола Образописови и др. Самоковец бил и Константин Фотинов, основач на првото бугарско списание "Љубословие" (1844). Самоков бил еден од центрите во кои се водела борба за независна бугарска црква. Со опаѓањето на занаетчиството кон крајот на 19 век градот ја изгубил својата економска, културна и административна моќ.[2]

Историски знаменитости

уреди

Збратимени градови

уреди

Наводи

уреди
  1. Население на Бугарија по градови
  2. „История на Самоков“. Архивирано од изворникот на 2007-07-03. Посетено на 2011-08-24.

Надворешни врски

уреди