Љубојна
Љубојна — македонска музичка група којашто изведува етно-музика.
Состав
уредиГрупата „Љубојна“ ја сочинуваат:[1]
- Оливер Јосифовски
- Вера Милошевска-Јосифовска (вокал)
Творештво
уредиВо 2016 година, групата ја прославила петнаесетгодишнината од основањето, со повеќе концерти, вклучувајќи ги и оние во Кина и во Њујорк. Истата година, таа била прогласена за „супербренд“. На почетокот на 2017 година излегол деветтиот албум на групата, со наслов „Радио Љубојна“, снимен во студиото „Подрумот“. На албумот, продуциран од Оливер Јосифовски, се наоѓаат осум песни, меѓу кои и: „Кратово виа Бразил“, „Галичник виа Њујорк“, Многу ми го фалат вашето девојче“, „Стани да не станиш“. На 23 февруари 2017 година, групата одржала концерт во Домот на синдикатите во Белград, на којшто го претставиле деветтиот албум „Радио Љубојна“. Како гости на концертот настапиле Влатко Стефановски, Васил Хаџиманов и Џамбо Агушев.[2]