Buzzcocks

англиска панк-рок група
(Пренасочено од Базкокс)

Базкокс (англиски: Buzzcocks) ― англиска панк-рок група основана во Манчестер во 1976 година.[5] Била основана од кантавторот и гитарист Пит Шели и од пејачот и текстописец Хауард Девото. Музиката на групата била комбинација на елементи од панк-рок, моќен поп[6] и поп-панк.[7]

Buzzcocks
Buzzcocks во 2022
Од лево: Марко Перацоли, Стив Дигл, Крис Ремингтон и Дени Фарант (на тапани).
Животописни податоци
ПотеклоБолтон, Англија
Жанрови
Период на активност
  • 1976–1981
  • 1989–денес
Издавачи
Мреж. местоbuzzcocks.com

Историја на групата

уреди

Почетоци

уреди

Хауард Трафорд бил студент на Технолошкиот институт во Болтон кој се занимавал со електронска музика. Тој поставил оглас со кој барал музичари да ја пуштаат песната „Sister Ray“ од The Velvet Underground.[8][9] На огласот се пријавил неговиот универзитетски колега Питер Мекниш, кој свирел во рок-групата Jets of Air.[8][10]

Групата била основана во февруари 1976 година; Мекниш го избрал уметничкото име Пит Шели, а Трафорд почнал да настапува под името Хауард Девото.

Откако во февруари 1976 година прочитале статија во NME за првиот настап на Секс Пистолс, Шели и Девото заедно отишле во Хај Вајкомб за да ги гледаат Секс Пистолс.[10] Шели и Девото биле импресионирани од концертот и со членовите од Sex Pistols се договориле да настапат во Lesser Free Trade Hall во Манчестер во јуни 1976 година. Тие ги ангажирале бас-гитаристот Стив Дигл и тапанарот Џон Махер и со таа постава биле предгрупа на вториот концерт на Секс Пистолс во Манчестер на 20 јули 1976 година.[10]

Во меѓувреме, Buzzcocks почнале да снимаат свој материјал и снимиле 11 демо-песни, кои биле издадени во 1991.[10] До крајот на годината, Базкокс снимиле и издале мини-албум од четири песни под наслов Spiral Scratch, објавен од нивната сопствена издавачка куќа со што станале една од првите панк-групи кои основале независна издавачка куќа.[7] Мини-албумот бил реиздаден во 1979 година.[10]

Во март 1977 година Девото ја напуштил групата.[11] По една година ја основал групата Magazine. Пит Шели станал пејач на Buzzcocks,[7] Стив Дигл се префрлил од бас на гитара, а Гарт Дејвис - познат и како Гарт Смит - повторно се придружил на Базкокс за да свири бас. Групата се приклучила на The Clash како поддршка на нивната турнеја White Riot.[10]

Популарност

уреди

Новата постава потпишала договор со United Artists Records (UA) на 16 август 1977 година, денот кога починал Елвис Присли. Првиот сингл на Buzzcocks со UA „Orgasm Addict“ бил објавен во октомври 1977 година.[10]

Поставата на Базкокс во тоа време се состоела од Шели (пејач), Стив Дигл (гитара), Стив Гарви (бас) и Џон Махер (тапани). Оваа постава го снимила првиот албум од групата, Another Music in a Different Kitchen, објавен во март 1978 година.[10] Во септември истата година го издале нивниот втор албум, Love Bites. По турнејата во Велика Британија, Базкокс во октомври 1978 година го издале синглот „Ever Fallen in Love (With Someone You Shouldn't've)“ кој се искачил на 12-то место на топ-листата во Обединетото Кралство.[10]

Пред нивната прва турнеја во САД, I.R.S. Records за да популаризира групата во САД ја објавила компилацијата на синглови од групата Singles Going Steady.[12]

Третиот албум од групата A Different Kind of Tension бил објавен во септември 1979 година.[10] Следел период на неактивност на групата до септември 1980 година, кога бил објавен двојниот сингл „Why She's A Girl From The Chainstore/Are Everything“. Стигнал до 61-во место и бил последен сингл од групата кој се пласирал на топ-листите.[10]

Распаѓање, обединување и подоцнежни години

уреди

По снимањето на демо-снимки за четвртиот албум, Базкокс се распаднале во 1981 година; Шели започнал соло кариера, а Дигл и Махер ја основале групата Flag of Convenience и издале неколку синглови во периодот од 1982 до 1989 година.[10] Гарви ја основал групата Motivation и се приклучил на Blue Orchids, набргу потоа се преселил во Њујорк за да продолжи со Motivation. Махер се придружил на Wah! уште пред распаѓањето на Базкокс.[13]

Во 1988 и 1989 година, EMI на компакт-диск (ЦД) реиздала многу записи од каталогот на Buzzcocks, како и албумот Peel Sessions и сет-бокс под наслов Product.[10] Ова ја поттикнало групата да се обедини со оригиналната постава за светска турнеја. По обединувањето групата издала уште шест студиски албуми, пред смртта на Шели во 2018 година.

 
Базкокс настапуваат во Порто Алегре, Бразил, 2006 година

Пит Шели починал на 6 декември 2018 година од срцев удар во неговиот дом во Талин, Естонија.[14]

Sonics in the Soul бил прв албум од групата без Шели и бил објавен во септември 2022 година.[15]

Членови на групата

уреди

Сегашни

  • Стив Дигл – пејач, гитара (1977–1981, 1989–денес); бас (1976–1977)
  • Дени Фарант – тапани (2006–денес)
  • Крис Ремингтон – бас (2008-денес)

Поранешни

  • Пит Шели – пејач, гитара (1976–1981, 1989–2018; починал во 2018 година)
  • Хауард Девото – главен пејач (1976–1977, 2012)
  • Гарт Смит – бас (1976, 1977)
  • Мик Синглтон – тапани (1976)
  • Џон Махер – тапани (1976–1981, 1989, 1992, 2012)
  • Бери Адамсон – бас (1977)
  • Стив Гарви – бас (1977–1981, 1989–1992, 2012)
  • Мајк Џојс – тапани (1990–1991)
  • Стив Гибсон – тапани (1992)
  • Тони Барбер – бас (1992–2008)
  • Фил Баркер – тапани (1992–2006)

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди

 

  • Another Music in a Different Kitchen (1978)
  • Love Bites (1978)
  • A Different Kind of Tension (1979)
  • Time's Up (1991)
  • Trade Test Transmissions (1993)
  • All Set (1996)
  • Modern (1999)
  • Buzzcocks (2003)
  • Flat-Pack Philosophy (2006)
  • The Way (2014)
  • Sonics in the Soul (2022)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Buzzcocks – Biography & History – AllMusic“. AllMusic. Архивирано од изворникот 1 December 2017. Посетено на 9 May 2018.
  2. „A Different Kind of Tension“. Rolling Stone.
  3. „Time to mind the Buzzcocks – they're back!“. Independent.co.uk. 10 March 2006.
  4. Amorosi, A.D. (25 January 2019). „Buzzcocks, "Another Music in a Different Kitchen" / "Love Bites" [Reissues]“. Flood. Посетено на 16 June 2022.
  5. Diggle, Steve (2024). Autonomy (English). London: Omnibus Press. стр. 78–78. ISBN 978-1-9158-4108-7.CS1-одржување: датум и година (link) CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. Laban, Linda (8 February 2010). „Buzzcocks Reissue First Three Albums“. Spinner. Архивирано од изворникот на 11 April 2013. Посетено на 25 February 2013. On top of the social impact, Buzzcocks' wiry pop toned punk influenced new genres like power pop and even emo, which shares similar soaring riffs and emotional lyrics.
  7. 7,0 7,1 7,2 Lauk, Len (1996). „Buzzcocks“. Во Buckley, Jonathan (уред.). Rock - The Rough Guide (1st. изд.). London: Rough Guides Ltd. стр. 129–130. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:0“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  8. 8,0 8,1 Aidan O'Rourke (12 August 2005). „Event Review: An Evening with Buzzcocks“. Urbis Manchester. Архивирано од изворникот на 31 October 2005. Посетено на 22 August 2009.
  9. „Pitchfork: Buzzcocks interview“. Pitchfork Media. 29 January 2009. Архивирано од изворникот на 13 March 2009. Посетено на 15 April 2009.
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 Crampton, Luke; Rees, Dafydd (1996). The Q Book of Punk Legends. Enfield, UK: Guinness Publishing Ltd. стр. 32–37. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:13“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  11. „Howard Devoto on why it's the right time for a Magazine reunion“. the Guardian (англиски). 2008-12-12. Посетено на 2022-06-23.
  12. Coleman, Mark (1992). DeCurtis, Anthony; Henke, James; George-Warren, Holly (уред.). The Rolling Stone album guide: completely new reviews, every essential album, every essential artist (3rd. изд.). London: Virgin. стр. 100–1001. ISBN 978-0-86369-643-5.
  13. „John Maher Racing“. Архивирано од изворникот на 30 April 2012. Посетено на 12 November 2023.
  14. „Buzzcocks singer Pete Shelley dies at 63“. Bbc.com. 6 December 2018. Посетено на 6 December 2018.
  15. „Buzzcocks Announce New Album 'Sonics In The Soul'. Clash. 31 May 2022. Посетено на 20 July 2022.

Надворешни врски

уреди