Коло Хабиб Туре (роден 19 март 1981 во Буаке), е фудбалер од Брегот на Слоновата Коска кој игра за ФК Ливерпул. Туре е познат по својата брзина и сила. Тој е постариот брат на играчот од средниот ред на ФК Барселона, Јаја Туре и Ибрахим Туре. Најчесто го употребува на позиција на централен стопер, како и на било која друга позиција во одбраната. Тој е играчот со најголем стаж во моменталниот состав, и служи како заменик капитен.

Коло Туре

Клупска кариера

уреди
 
Коло Туре со млад навивач

Арсенал

уреди

Аррсенал и Белгискиот клуб КСК Беверен беа поврзани со клубови од Брегот на Слонова Коска преку Жилу. Преку оваа поврзаност Арсенал дознале за талентот на Туре. По краток пробен период, Туре стана дел од клубот во февруари 2002 за 150000 фунти. Поради неговиот репрезентативен статус Туре без проблем обезбеди Британска работна дозвола. На почетокот во Арсенал тој играше во офанзивниот среден ред.

Сезона 2002–03

уреди

Дебито за првиот тим дојде дури следната сезона, против Ливерпул во Комјунити Шилд во August 2002. На почетокот на неговата кариера Туре беше третиран како 'работник', играјќи на повеќе позиции во средниот ред и во одбраната.

Сезона 2003–04

уреди

На стартот од сезоната 2003-04 Венгер почна да го користи како централен стопер покрај Сол Кембел. Со него оформи одличен тандем и имаше одлична сезона кога Арсенал ја освоија титулата во највисоката Англиска лига без ниеден пораз, првпат по повеќе од сто години (Престон Норт Енд се единствениот друг клуб кој го направил ова во сезоната 1888-89). Бидејќи порано играл коко напаѓач, си заработи репутација на напаѓачки дефанзивец, иако постигна само еден гол и имаше само една асистенција, со голем ентузијазам избиваше напред при секоја можност и при прекините.

Сезона 2005–06

уреди

Туре набрзо се наметна како еден од најдобрите централни стопери во Премиер Лигата. Тој е редовен избор за првиот тим на Арсенал и е еден од омилените играчи на навивачите. Во сезоната 2005-06 изгради цврсто партнерство со Филип Сендерос. Двајцата централни стопери имаа безгрешна форма кон крајот на сезоната, со што помогнаа Арсенал да стигне до финалето на Лигата на Шампионите, зачувувајќи го својот гол на 10 последователни натпревари (рекорд во Европските натпреварувања). По неговите настапи во Лигата на Шампионите имаше драматична промена во неговата репутација, тој беше вбројуван во најдобрите централни стопери во светот. Италијанските медиуми го нарекоа 'Африканскиот Фабио Канаваро' откако Арсенал го исфрли Јувентус од натпреварувањето. Коло го постигна својот втор гол во Европа на 19 април 2006, многу важен гол за победа во првиот натпревар од полуфиналето против Виљареал. Тоа беше последниот Европски гол постигнат на Хајбери и голот кој го реши двомечот (Арсенал победи со вкупен резултат од 1:0), и го прати Арсенал во неговото прво финале од Лигата на Шампионите во Париз.

Сезона 2006–07

уреди

Во новата сезона му беше даден дресот со број 5, кој беше слободен од пензионирањето на Мартин Кион. Во август 2006 Архивирано на 1 јули 2007 г. Туре потпиша нов четиригодишен договор со Арсенал со плата од околу 70000 фунти неделно Архивирано на 16 октомври 2007 г.. “Можам да се видам себеси како останувам овде (во Арсенал)до крајот на мојата кариера,” изјави Туре. “Зошто би сакал да заминам? Го сакам фудбалот кој го играм овде, моето семејство се смести овде а клубот има многу амбиции. Фантастично е.” И покрај слабата сезона на Арсенал, Туре си ја задржа својата постојана форма, со што си заработи трето место на списокот на Играч на сезоната на Арсенал, зад Жилберто Силва, и Цеск Фабрегас.

 
Туре како капитен на Арсенал во сезоната 2007-08

Сезона 2007–08

уреди

Коло Туре според многу луѓе е идниот капитен на Арсенал, и беше помлад заменик капитен во сезоната 2006-07 на поранешниот заменик капитен Жилберто Силва и поранешниот капитен Тјери Анри. Првпат беше капитен на Арсенал на 9 јануари 2007, за време на победат од 6:3 на гостувањето кај Ливерпул во натпревар од Карлинг Купот. Коло ги предводеше Топчиите и во финалето на ова натпреварување откако беше капитени во првиот натпревар од полуфиналето против Тотенхем. Стана играч со најголем стаж во моменталниот состав по заминувањето на Џереми Алиадиер, Тјери Анри и Фреди Љунберг за време на летниот преоден рок во 2007. Туре го предводеше составот и во неколку натпревари на почетокот од сезоната 2007–08 откако капитенот Галас се повреди на натпреварот против Блекбурн Роверс. Во таа сезона повторно имаше одлични изведби, формирајќи многу делотворно партнерство со Вилијам Галас. Постигна гол од слободен удар против Болтон Вандерерс, каде што неговиот шут беше низок и помина под двајца играчи на Болтон и го помина Јуси Јаскелаинен. Но за време на Африканскиот Куп на Нации се повреди и делуваше некоординирано кога се врати во Арсенал, а потоа повторно се повреди на натпреварот од Лигата на Шампиони против АК Милан кога блокираше шут на Александре Пато, и беше изнесен од теренот по третманот од физиото. Туре се врати во почетниот состав против Мидлзборо на 15 март и го постигна изедначувачкиот гол за Арсенал во последните 10 минути. Во четвртфиналето на Лигата на Шампиони беше поставен на позиција на десен бек, Арсенал имаа изедначен резултат, 2:2, против Ливерпул. Но во 86та минута, Туре беше неправедно обвинет дека го турнал Рајан Бабел во шестнаесетникот, по што за Ливерпул беше досуден непостоечки пенал. Арсен Венгер застана на странта на Туре, потенцирајќи дека судијата погреши, Стивен Џерард го претвори пеналот во гол. Натпреварот заврши со 4:2 за Ливерпул откако Бабел постигна гол во судиското дополнување.

Manchester City

уреди

2009–10 season

уреди

По долго шпекулирање, Скај Спортс објави на 28 јули 2009 дека Манчестер Сити договориле трансфер вреден 16 милиони фунти. Откако ги помина Медицинските тестови на 29 јули 2009, Туре потпиша четиригодишен договор со Манчестер Сити.[1][2]

Репрезентативна кариера

уреди

Туре игра за репрезентацијата на Брегот на слонова коска од 2000. Неговото деби беше во април 2000 против Руанда. Во репрезентацијата тој е прв избор зан централен стопер. Играше во сите 5 натпревари за Брегот на Слонова Коска кога завршија на второ место, зад домаќинот во Африканскиот Куп на Нации во Египет во јануари 2006.

Тој беше еден од 23 играчи избрани од селекторот Анри Мишел за Светското Првенство во 2006, и го имаше својот прв настап на Светско Првенство на 11 јуни 2006 во поразот од 1:2 противАргентина.

Стил на игра

уреди

Туре е познат по својата брзина и сила, што му овозможува да ги истурка послабите напаѓачи и да им ја одземе топката како и да ги стигне брзите. Тој поседува добра способност за обележување и повеќето од неговите стартови се навремени што придонесува кон неговата релативно добра дисциплина.

Неговите напаѓачки инстинкти му имаат овозможено и да постигне неколку гола. На моменти, кога има простор, шутира од далеку, кога оди напред. Исто така повремено ги изведува и слободните удари со поголемо растојание од голот.

Коло неодамна почна да придонесува кон тимот и во понапаѓачки стил. Пример за ова беше кога му асистираше на Емануел Адебајор со одлично подавање против Ридинг на 19 април 2008, Адебајор откако ја исконтролира топката го постигна првиот гол. Туре го повтори подвигот на 27 април 2008, со нафрлена топка од скоро 35 метри оддалеченост која Робин Ван Перси ја претвори во вториот гол на натпреварот.

Статистика од кариерата во Арсенал

уреди
(Заклучно со 5 мај 2008)
Клуб Сезона Лига Куп* Европа Вкупно
Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист.
Арсенал 2002–03 26 2 1 6 0 0 7 0 0 39 2 1
2003–04 37 1 1 8 2 0 10 0 0 55 3 1
2004–05 35 0 0 7 0 0 8 1 0 50 1 0
2005–06 33 0 0 1 0 0 12 1 1 46 1 1
2006–07 35 3 3 8 1 1 10 0 0 53 4 4
2007–08 30 2 3 2 0 1 9 0 0 40 2 4
Вкупно 196 8 8 32 3 2 56 2 1 283 13 11

(* ФА Куп, Лига Куп и Комјунити Шилд)

Почести во кариерата

уреди

Со Арсенал

Меѓународни

Лично

уреди

Туре е посветен Муслиман.

Надворечни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. http://www.skysports.com/story/0,19528,11661_5460332,00.html
  2. „Toure completes Man City switch“. BBC Sport. 2009-07-29. Посетено на 2009-07-29.