Прашина (филм)
Оваа статија користи текст од мрежното место на Македонскиот информациски филмски центар (МИФЦ). Повеќе за наводите ќе најдете во делот за надворешни врски.
Текстот во статиите се употребува со дозвола на МИФЦ; Повеќе на страницата за разговор во рамките на ВикиПроектот „Филм“. |
Прашина — македонски филм од 2001 година, во режија на Милчо Манчевски кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Џозеф Фајенс, Дејвид Венам, Владо Јовановски, Адријан Лестер, Ен Броше, Розмари Марфи, Петар Мирчевски, Салаетин Билал, Борис Чоревски, Николина Кујача и Благоја Спиркоски-Џумерко а музиката е дело на Кирил Џајковски. Во подготовката за снимањето на филмот, Манчевски и неговата екипа направиле обемно истражување за Дивиот Запад и за Отоманското Царство, консултирајќи над 160 книги и статии за тој период.[2]
„Прашина“ | |
---|---|
Промотивна фотографија за филмот Прашина | |
Режисер | Милчо Манчевски |
Продуцент | Крис Оти Весна Јованоска Доменико Прокачи |
Сценарист | Милчо Манчевски |
Главни улоги | Џозеф Фајнес Дејвид Венам Адријан Лестер Ен Броше Вера Фармига Николина Кујача Розмари Марфи Владо Јовановски Јосиф Јосифовски Борис Чоревски Младен Крстевски Благоја Спиркоски-Џумерко Салаетин Билал Петар Мирчевски Трајче Иваноски Џемаил Максут Милица Стојанова Најдо Тодески Бранко Бенинов Марјан Чакмакоски Андон Јовановски Зоран Љутков Ердоан Максут Нино Леви Кирил Псалтиров Гоце Влахов |
Музика | Кирил Џајковски |
Монтажа | Гастер Николас |
Премиера | 29 август, 2001 7 септември, 2001 10 октомври, 2001 |
Времетраење | 127 минути |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски, англиски,турски, германски |
Буџет | 11 милиони долари[1] |
Содржина
уредиЕџ (го игра Лестер) е ситен крадец од Њујорк кој упаѓа во станот на осамената старица Енџела (ја игра Марфи). Таа му го крши носот и го принудува да ја слуша нејзината животна приказна, кажувајќи му дека поседува многу златници. Притоа, таа претрпува инфаркт и Еџ ја носи на болница. Енџела му раскажува за двајцата браќа од Дивиот Запад, Лук (го игра Венам) и Илајџа (го игра Фајенс) кои се воодушевени од проститутката Лилит (ја игра Броше). Илајџа и Лилит се венчаваат и добиваат дете кое набргу умира. Лук оди во Европа и за време на едно кино-претстава во Париз дознава за борбите на македонските востаници во Отоманската империја. Привлечен од богатата награда за главата на водачот на востаниците, наречен Учителот (го игра Јовановски), тој оди во Македонија каде ѝ се приклучува на една арнаутска банда. Тој успева да го зароби Учителот, но во тој миг турската војска ја напаѓа бандата, а Илајџа тешко го ранува Лук во градите. Браќата се заробени од турската војска, но потоа се ослободени. Ранетиот Лук го среќава бремената сопруга на Учителот, Неда (ја игра Кујача), која го лекува. Додека закрепнува, Лук постојнао мисли на Лилит со која имал љубовна врска за време на нејзиниот брак со Илајџа. Еден ден, во селото пристигнува турската војска, носејќи ја пресечената глава на Учителот. Тогаш, свекорот на Неда му дава златници на Лук и тој го напушта селото. Него повторно го пронаоѓа Илајџа и му кажува дека бремената Лилит извршила самоубиство. Тогаш, нешто се прекршува во лошиот Лук и тој се враќа во селото кое го затекнува запалено, а многу од селаните се убиени. Лук оди во таборот на турската војска и се обидува да ја ослободи Неда со златниците, но сакајќи да убие еден турски војник, тој смртно ја ранува Неда. Тогаш, разјарениот Лук почнува да ги убива турските војници; Неда се пораѓа и умира, а во тој миг погинува и Лук. Најпосле, на местото пристигнува Илајџа кој го зема бебето со себе. Додека Енџела лежи во болницата, Еџ оди во нејзиниот стан и ги наоѓа златниците. Тој редовно ја посетува Енџела во болницата и следејќи ја нејзината приказна дознава дека таа е бебето на Неда. Кога умира Енџела, Еџ го кремира нејзиното тело и пепелта ја носи во нејзината родна земја.
Надворешни Врски
уредиПрашина Архивирано на 25 септември 2010 г. на МИФЦ
- Прашина (филм) на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Milcho Manchevski's official website
- Прашина сценарио
- History in Dust by Roderic Coover
- Wiping Dust by Iris Kronauer
- Dust International Trailer
- Erik Tängerstad: Violence - Visualised and Viewed: An exertion on the films Before the Rain and Dust
- Svetlana Slapsak: Luke Balkanwalker Shoots Down Corto Maltese: Milcho Manchevski's Dust As An Answer to the Western Cultural Colonialism
- Dust IMBD reviews
- CineFile.biz [Alberto Cassani (Italian)]
- Cubist of the silver screen - The Globe and Mail
- A high-class surreal western - Stopklatka (In Polish)