Јосиф Јосифовски (глумец)

Јосиф Јосифовски (Велес, 29 август 1927Битола, 21 мај 2001)[1]македонски филмски и театарски глумец, член на Битолскиот народен театар од 1960 година.[2]

Јосиф Јосифовски
Роден 29 август 1927
Велес, Кралство СХС
Починал 21 мај 2001(2001-05-21) (возр. 73)
Битола, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Цената на градот
Пред дождот
Македонскиот дел од пеколот
Прашина
Климент Охридски
Цвеќе на карпата
Заборавени
На Балканот не се пие чај
Занимање Глумец

Бил препознатлив по неговата маркантна фигура, бујниот баритонски глас, живиот и ведар темперамент и страста која провејувала скоро низ сите негови остварувања.

Животопис уреди

Јосиф Јосифовски бил роден во Велес на 29 август 1927 година. Од 1960 година станал член на колективот на Народниот театар – Битола каде бил еден од водечките глумци и носител на репертоарот.

Творештво уреди

Во својот глумечки живот остварил бројни и забележителни театарски и филмски улоги.

Поважни театарски улоги[2] уреди

Година Улога Претстава Автор
1966 Клаудие Хамлет Вилијам Шекспир
1967 Франц Разбојници Фридрих Шилер
1970 Јаго Отело Вилијам Шекспир
1972 Сади Дундо Марое Марин Држиќ
1972 Аџи Трајко Бегалка Васил Иљоски
1978 Еротие Сомнително лице Бранислав Нушиќ
1991 Императорот Подземна република Јордан Плевнеш

Филмографија уреди

Година Филм Улога
1968 Планината на гневот /
1969 Републиката во пламен /
1970 Цената на градот Кнајпер
1971 Македонскиот дел од пеколот /
1972 Табакерата ТВ-филм /
1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм /
1977 Малиот одред ТВ-серија /
1979 Курирот на Гоце Делчев ТВ-серија /
1979 Жена од малтер ТВ-филм /
1980 Двојка ТВ-филм /
1981 Булки крај шините ТВ-серија /
1982 Илинден ТВ-серија /
1983 Записник ТВ-филм /
1984 Јуначко колено ТВ-серија /
1985 На наш начин ТВ-серија /
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм Кадијата
1985 Пријатели ТВ-филм /
1986 Климент Охридски ТВ-филм Петар
1987 Трето доба ТВ-серија /
1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм /
1988 Втора смена ТВ-серија Дедото на Николче
1988 Марика лета со авион ТВ-филм /
1989 Цвеќе на карпата ТВ-филм Арсо Соколот
1990 Северна грешка ТВ-филм Атев
1990-1991 Опстанок ТВ-серија /
1991 Стрес или погрешна нота ТВ-филм Богдан
1992 Време живот Кум во возот
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм /
1993 Македонска сага /
1994 Пред дождот Таткото Марко
1994 Проколнати ТВ-филм Стариот
1995 Ангели на отпад Ицко
1995 Заборавени ТВ-филм Претседател на М З
1997 Преку езерото Свештеникот Кирил
1995-1997 Во светот на бајките ТВ-серија /
1998 Збогум на 20-тиот век Стариот каубој
1998 На Балканот не се пие чај ТВ-филм /
1998 Ливада краток игран филм Селанецот
2001 Прашина Свештеник
2001 Во светот на бајките ТВ-серија /

Награди и признанија[2] уреди

  • Повеќе признанија на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди