Срцев удар
(Пренасочено од Инфаркт)
Срцев удар, устрел, дамла, шлог или миокарден инфаркт е израз што се користи кога коронарната артерија наеднаш ќе се затне со грутка крв и делот од срцевиот мускул што е снабдуван од таа артерија ќе се оштети, затоа што е лишен од кислород. Главните знаци се болка во градите или нелагодност. Медицинскиот израз за ова неочекувано блокирање со грутка крв (тромб) на срцевата артерија се нарекува коронарна тромбоза или коронарно затнување. Медицинскиот израз за постојано оштетување на срцевиот мускул е срцев инфаркт (myocardial infarction).[2]
Миокардијален инфаркт | |
---|---|
Синоними | Акутен миокарден инфаркт (AMI), срцев удар |
Специјалност | Кардиологија, ургентна медицина |
Симптоми | Градна болка, задишување, наузеа, чувство на слабост, ладна пот, чувство на замор; болка во раката, грбоот, вилицата или стомакот[1] |
Компликации | Срцева слабост, аритмија, кардиоген шок, кардијален застој |
Причинители | Вообичаено коронарна артериска болест |
Ризик-фактори | Висок крвен притисок, пушење, дијабетес, физичка неактивност, гојазност, хиперхолестеролемија |
Дијагностички метод | Електрокардиограм (ЕКГ), крвни тестови, коронарна ангиографија |
Лекување | Перкутана коронарна интервенција, тромболиза |
Лекови | Аспирин, нитроглицерин, хепарин |
Прогноза | STEMI 10% ризик од смрт (во развиените земји) |
Честота | 15.9 милиони (2015) |
Во Македонија, според податоците на Институтот за јавно здравје, дневно умираат по четворица луѓе како последица на инфаркт.[3]
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ „Heart Attack Symptoms in Women“. American Heart Association.
- ↑ Срцева задолжбина, леток - ‘Срцев удар - секоја минута е важна’, Австралија.]
- ↑ „Инфарктот секој ден зема четворица“, Утрински весник, број 4594, петок, 26 септември 2014, стр. 2.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |