Ресурси во општо земено значење се материјални и нематеријални вредности на општествената заедница која стои на располагање и можат да бидат користени за реализација на различни програми на социјалната работа. Постои и поделба на човечки ресурси како и објекти или услуги кои помагаат во грижата за клиентот или ги задоволуваат неговите потреби. Основата вештина во социјалната работа во заедницата е познавање на постоечки ресурси и нивно активирање во корист на клиентот. За ресурси исто така се сметаат и услуги на други службеници, владини програми, волонтерски активности, групи за самопомош или поединци во заедницата кои имаат вештини, квалификации и мотивација за да помогнат на клиентот.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди